„Една битка по друга“ е најдобар филм и според лондонските критичари


Лондон – „Една битка по друга“ го зголеми бројот на освоени статуетки кога синоќа во хотелот „Меј Фер“ во Лондон, освои четири награди на 46-тото годишно доделување на филмските награди  на “Лондон Критикс Сиркл”. Заедно со наградата за најдобар филм на годината, Пол Томас Андерсон беше прогласен за режисер на годината и сценарист на годината, […]

И новиот закон за раководна служба е „врата“ за партизација и клиентелизам


Институтот за демократија Социетас Цивилис објави дека новиот Предлог-закон за високи раководители во органите на државната управа и фондовите, кој е предвиден како клучна мерка во Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023–2030), не воспоставува суштинска деполитизација и професионализација на високата раководна служба. Во документот се нотираат неколку клучни ризици: -Врзување на мандатите на државните […]

Германците штедат и на пиво, продажбата на најниско ниво во последните 32 години


„Продажбата на пиво во Германија во 2025 година падна за шест проценти во однос на претходната година, достигнувајќи околу 7,8 милијарди литри, што е најниско ниво од 1993 година“, соопшти Федералниот завод за статистика (Destatis). За првпат во историјата, продажбата на пиво падна под осум милијарди литри, а во споредба со 2015 година е намалена […]

Македонија како енергетски рај: Божиновска најави 5,7 милијарди евра инвестиции во производство и складирање на електрична енергија


Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, кој почнува масивни инвестиции од над 5,7 милијарди евра во производство и складирање на електрична енергија. Министерката Сања Божиновска денеска на прес-конференција појасни дека планот вклучува реализација на 67 нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со моќност од најмалку 1 […]

Словенија ја зголеми минималната плата на 1.000 евра


Минималната бруто плата во Словенија за 2026 година ќе изнесува 1.481,88 евра, откако одлуката ја потпиша министерот за труд и беше објавена во Службен весник на 30 јануари. Работниците со полно работно време можат да очекуваат приближно 1.000 евра нето месечно, додека одлуката има пошироки последици за голем број други социјални и работни бенефиции. Словенечкиот […]

ЕК планира опремување на европскиот поморски сектор со 10.000 брода до 2030 година


 Европската комисија планира да го поддржи поморскиот сектор во ЕУ за набавка или надградување помеѓу 7.000 и 10.000 одржливи и дигитализирани бродови до 2035 година. Ова се наведува во предлог-документот на идната индустриска поморска стратегија на Европската комисија, кој сè уште е во изработка. Во документот се нагласува и потребата од зајакнување на воените морнарици […]

Уште еден изборен шок за републиканците во САД, овој пат во Тексас


  Демократот Тејлор Ремет го освои сигурниот републикански округ во државниот сенат во Тексас на специјалните избори во саботата, продолжувајќи низа изненадувачки победи за демократите низ САД во годината откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Републиканскиот претседател веднаш се дистанцира од поразот во округот што го освои со 17 поени разлика во 2024 […]

Ѓоковиќ трет на АТП листата, Алкараз убедливо прв


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за една позиција на најновата АТП листа, која беше објавена денес, и моментално е трет играч во светот со 5.280 поени. По освојувањето на Австралија Опен, Шпанецот Карлос Алкараз ја зголеми својата предност на врвот на АТП листата во однос на другите тенисери и сега има 13.650 поени. Алкараз […]

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот


  Борбата против корупцијата не е слоган туку цврста определба, порача денес премиерот  Христијан Мицкоски на конституирањето на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Според Мицкоски, не е доволно само да се покрене кривична постапка за корупција и организиран криминал туку треба и да се надомести штетата, а формирањето на ова тело […]

„Срам и пари“ со македонска копродукција награден на „Санденс“


„Срам и пари“ (Shame and money) во режија на Висар Морина, ја освои големата награда на жирито – World cinema grand jury prize: Dramatic, на овогодинашното издание на филмскиот фестивал „Санденс“, соопштија денеска од екипата. Филмот е реализиран како ко-продукција помеѓу Германија, Косово, Северна Македонија, Словенија, Албанија и Белгија. Македонски ко-продуцент е Марија Димитрова со […]

Турција лани со приходи од туризам од над 65 милијарди долари


Рекордни 65 милијарди американски долари во минатата година се слеаја во Турција како приходи од еден од клучните економски сектори на земјата, туризмот. Објавените резултати за туристичката дејност во 2025 година говорат дека државата сѐ повеќе ја зацврстува својата позиција како една од најатрактивните светски туристички дестинации, а плановите за наредниот период се уште поамбициозни. […]

Од денеска со месеци изменет сообраќаен режим во дел од Центар


Од денеска до 23 септември 2026 година ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во општина Центар. Како што информира ГД „Гранит“ АД Скопје, посебниот режим на сообраќај се воведува поради градежни активности кои се однесуваат на изградба на улици и комунална инфраструктура на улицата „Тодор Александров“ бр.11 и бр.12 во Општина Центар. Се работи […]

Црвениот килим на „Греми“ поцрвене од голотија (фото)


Лос Анџелес -68-мото доделување на наградите „Греми“, на кои беа прославени најдобрите изведувачи и изданија на годината во музиката, се одржа синоќа во „Crypto.com Arena“ во Лос Анџелес. Додека голем број музичари ги примија наградите на сцената, вклучувајќи ги Били Ајлиш за „Песна на годината“ со нејзиниот хит „Wildflower“ и Лејди Гага, која ја освои […]

Велешанка ги оставила своите пет малолетни деца и заминала во Скопје


Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ вчера во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје. Како што вчера информираа од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе […]

Дозволени 60 км/ч – тој „летал“ со 139 км/ч


Лишен од слобода возач од битолско кој управувал возило со 139 километри на час на место каде е дозволено до 60 километри на час. Како што информираат од МВР, вчера (01.02.2026) во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.Г.(22) од село Ношпал, битолско. При контрола на сообраќајот со […]

Рама: Буџетот за одбрана за 2026 година надминува 2% од БДП, историски инвестиции во воени и индустриски капацитети


Буџетот за одбраната за 2026 година го надмина нивото од 2% од бруто домашниот производ, што значи дека го надмина стандардниот праг поставен од НАТО за земјите-членки, објави албанскиот премиер Еди Рама за време на неговиот поткаст „Фласим“ (Разговараме). Според Рама, ова не претставува само бројка што е повисока од прагот, туку покажува проактивен пристап […]

Владата ја презеде организацијата за дочек на хрватските ракометари – Томпсон ќе пее


Владата, во соработка со Хрватската ракометна федерација, ќе организира прием за ракометарите кои освоија бронзен медал на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб во 18 часот и ги покани сите граѓани да се приклучат, потврди министерот Тончи Главина. „Градот Загреб рече не на дочекот, не на ракометарите, не на спортот, владата вели да“, рече Главина. Кога […]

Најмалку 38 лица починале од смрзнување во Полска оваа зима


Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Веслав Шчепањски, соопшти дека најмалку 38 лица починале од хипотермија во земјата оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година. Шчепањски додаде дека се чекаат обдукции за уште две тела, па бројот на починати од cби можел да се искачи на 40. Тој исто […]

Еколошки групи иницираа петиција против укинувањето на законите на ЕУ


Неколку еколошки групи денека почнаа петиција за да се спротивстават на слабеењето на законите за природата и животната средина во ЕУ. Светскиот фонд за дива природа (WWF) и други организации ги повикуваат граѓаните ширум Европа да преземат акција против потезите на Европската комисија, за кои велат дека би можеле да ги поткопаат правилата за заштита […]

И Ивица Дачиќ вели дека запленетата дрога веројатно е од Македонија


  Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ ги негираше обвинувањата дека владата сакала да скрие информации за заплената на пет тони марихуана во близина на Крушевац и оцени дека полицијата не ја интересира нечија политичка припадност. Во разговор на телевизијата Пинк, тој рече дека новинарите биле присутни кога се случила заплената и дека телевизијата […]