Љутков се стави над законот и судовите, обвинува Синдикатот за култура


Синдикатот на културата на Македонија реагира на најновото „упатство“ издадено од Министерството за култура и туризам, обвинувајќи го министерот Зоран Љутков дека повторно се обидува да ги заобиколи колективните договори и правосилните судски пресуди поврзани со зголемувањето на платите во културата. Според СКРМ, со документот што бил доставен до институциите за време на новогодишните и […]

„Косова прес“: Груби се крие во Приштина


Извор на новинската агенција „Косова прес“ тврди дека вчера попладнето го видел поранешниот вицепремиер на Македонија и бегалец од правдата, Артан Груби во Приштина. Како што стои во текстот на косвскиот медиум, екс-функционерот, кој е во бегство од декември 2024 година и е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави, се преселил во област […]

Зеленски: Блиску сме до договор со Америка


Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку изјави дека документот што ги дефинира безбедносните гаранции на САД за Украина „сега е во суштина подготвен за финализирање на највисоко ниво со претседателот на Соединетите Американски Држави“. „Важно е Украина успешно да ги обедини напорите на европските и американските тимови и дека заедно разговаравме, меѓу другото, за документи за […]

Патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром во Атина во 2025 година зголемен за 6,7 отсто


За 6,7 отсто се зголемил патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина во 2025 година, додека пак бројот на летови бележи пораст од 5,7 проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Според статистичките податоци од аеродромот, минатата година бројот на патници достигнал 33,99 милиони, од кои 24,3 милиони се однесуваат на патнички сообраќај […]

За Мицкоски е „незрела“ одлуката на СДСМ, сам ќе ја укинува „пржинската влада“


Како незрело и неодговорно однесување го оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски одбивањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да присуствува на најавената лидерска средба на која би се зборувало и за укинувањето на „пржинската влада“. -Мислев дека со овој повик ќе покажеме зрелост и широчина и дека како политички чинители ќе можеме да се обединиме. […]

Филипче го одби Мицкоски: „Средба со криминалци нема, техничката влада мора да остане“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја отфрли поканата на премиерот Христијан Мицкоски за лидерска средба и најави дека нема шанси да се согласи за укинување на техничката влада. „Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бараа алиби за распишување на предвремени избори. […]

Годишната инфлација лани 4,1 отсто, месечната во декември 0,4 отсто


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 процент, а индексот на цените на мало од 3,6  проценти.         […]

Едно лице се удави во поплавите во Албанија; Вонредна состојба и евакуација (видео)


Едно лице се удави во поплавите што го погодија Драч, Албанија, а во неколку области на Албанија е прогласена вонредна состојба поради обилни врнежи од дожд и поплави што ги зафатија земјоделските површини, патиштата и куќите. Властите веднаш презедоа мерки за евакуација на жителите и справување со ситуацијата, објавува Албанската пошта. Едно лице се удавило […]

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија


Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлог законот за санкции против Русија, што вклучува царини од 500 проценти за увоз на стоки од земји што купуваат нафта, нафтени деривати или ураниум од Москва, и тој сега оди во натамошна постапката, соопшти американскиот сенатор Линдзи Греам. Објавениот закон ќе му овозможи на претседателот Трамп да ги […]

Сопственичката на швајцарскиот бар бегала со благајната додека луѓето гореле околу неа?


  Се појавија нови информации за трагичниот пожар во Кран Монтана, Швајцарија, каде што 40 лица, претежно млади луѓе, ги загубија животите на новогодишната ноќ во клубот „Ле Констеласион “. Според уталијанскиот весник „Република“, безбедносните камери наводно ја снимиле сопственичката Џесика Морети како го напушта запалениот клуб носејќи каса со пари во рацете. Сведоците исто […]

Црна Река се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште, УХМР со предупредување


Црна Река се излеа од своето корито и ги поплави атарите на демирхисарските села  Бараково и Граиште. Водостојот на реката Црна се зголемува и постои непосредна опасност реката да се излее во куќите. Поплавен е и патниот правец Бараково-Вардино и е непрооден, потврдија жители од демирхисарските села Бараково и Граиште. Како што информира УХМР, според […]

Гренланд сака директни преговори со САД, без Данска: „Доста посредници“


Гренланд треба да води директни преговори со американската влада без посредништво на Данска, изјави лидерот на најголемата опозициска партија во Гренланд – Налерак, Пеле Броберг. „Ја охрабруваме нашата влада да започне дијалог со американската влада без Данска“, изјави Броберг, лидерот на опозициската партија Налерак, која се залага за независност на Гренланд, според Ројтерс. Тој рече […]

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет


Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедност на граѓаните, водата привремено не се препорачува за пиење, соопштија од ЈКП „Пролетер“-Ресен. Од Јавното комунално претпријатие „Пролетер“-Ресен појаснија дека нарушениот квалитет на водата е последица на екстремните временски услови, а не на […]

Штајнмаер: САД го уништуваат светскиот поредок


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја критикуваше американската надворешна политика под лидерство на претседателот Доналд Трамп, предупредувајќи дека таа придонесува за колапс на меѓународниот поредок и се заканува да го претвори светот во „дувло на крадци“ каде што најсилните земаат што сакаат. Во забелешки дадени на симпозиум во Берлин, Штајнмаер рече дека глобалната демократија е нападната […]

Ваљбон Лимани: Подземни паркинзи и модерни урбани решенија според потребите на граѓаните


 Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Ваљбон Лимани, на прес-конференција ги претстави главните развојни проекти кои, според него, имаат за цел да го трансформираат Гостивар во модерен, функционален и зелен град. – Гостивар заслужува развој што ја одразува неговата енергија, потенцијал и урбана динамика. Нашата визија е изградена врз […]

Трамп се повлече од климатските договори за милијардерите да заработат уште повеќе пари


Доналд Трамп предизвика негодување објавувајќи дека САД ќе се повлечат од основниот меѓународен договор за справување со климатската криза, зацврстувајќи ја целосната изолација на САД од глобалните напори за справување со опасно ескалирачките температури. Во претседателскиот меморандум издаден во среда, Трамп се повлече од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC), заедно со 65 […]

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница


Во периодот на новогодишни и божиќни празници, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на грижа и солидарност, Рудник САСА, самостојно и преку својата Фондација, реализираше повеќе активности со цел да им донесе празнична радост и конкретна поддршка на своите вработени и на пошироката локална заедница во Македонска Каменица. Како дел од традиционалните празнични активности беа обезбедени […]

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани – пикот на почетокот на второто полугодие


Според последните податоци на ИЈЗ во текот на првата недела од 2026 година имало 1.725 заболени од грип, што е за 2,2 пати повеќе од претходната недела, кога имало 771 пациент. Оваа недела во споредба со истата недела лани бројот е зголемен 5,5 пати, а во однос на просекот од последните 15 години, оваа бројка […]

Трамп дал зелено светло за „пеколни санкции“ против Русија


  Американскиот претседател Доналд Трамп дал зелено светло за предлог-законот со кој се воведуваат нови санкции против Русија, според предлагачот на предлог-законот, републиканскиот сенатор Линдзи Греам. „Сметам на силна двопартиска поддршка за гласање, се надевам веќе следната недела“, напиша сенаторот на социјалната мрежа Икс. Тој, исто така, истакна дека тоа би било „навремено“, бидејќи Украина […]