Мицкоски знае што ќе работи новиот јавен обвинител


  Премиерот Христијан Мицкоски очекува, по изборот на јавен обвинител, голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и јавноста да види кој ја води опозицијата, како и што се случувало во Македонија седум години додека владееле СДМС и ДУИ. Мицкоски, како што рече денеска од собраниската говорница одговорајќи на пратеничко прашање, рече […]

Мицкоски: Се уште стои понудата за зголемување на платите што ССМ ја одби


Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник, што излегува демократски и го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник кој сака повисока плата треба да се поддржи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО – ДПМНЕ во […]

ЕК нема да ги смени правилата за влегување, само ќе го смени статусот на камионџиите?


Загриженоста што ја иницираа транспортните оператори од Западен Балкан е значајна и свесни сме за тешкотиите со кои се соочуваат превозниците, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, при презентацијата на стратегијата за визи на ЕУ и на европската стратегија за управување со азил и миграција, усвоени на […]

„Макам-транс“ попладнево одлучува за идните чекори на превозниците


По објавата на предлогот на Европската комисија со новата Стратегија за визи да се разгледа поголема флексибилност за престој на камионџиите од Западниот Балкан во ЕУ, Асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево на состанок одлучува за идните чекори на превозниците од државава кои со колегите од Западен Балкан четврти ден ги блокираат граничните премини во делот на товарниот […]

Реџепи го праша Мицкоски како ќе се определува правичната застапеност без балансерот


Како ќе се определи етничката припадност при вработување со правична застапеност, праша пратеникот Скендер Реџепи откако Уставниот суд донесе одлука со која, како што истакна, нема да има изјаснување за етничката припадност. Прашање го постави до премиерот Христијан Мицкоски при што рече дека со ова не постои начин на утврдување на фактичната состојба со тоа […]

Филипче ќе го тужи Жан Митрев за нарушување на угледот


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со Жан Митрев се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот. „Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, […]

Во Битола поскапува паркирањето, градинките, ѓубретарината, гробните места…


  БИТОЛА – Три месеци по локалните избори во Битола поскапуваат комуналните давачки за повеќе услуги. Корекции ќе имаат сметките за ѓубретарина, гробно место, паркирање, градинка и старски дом. Ова е денешната жешка тема на која се дискутира во Советот на Општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски вели дека едно семејство со станбен простор од 50 […]

Дурмиши: Зголемување на минималната плата доколку се договорат синдикатите и работодавачите


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска од собраниската говорница образложи дека за да има раст на минималната плата, треба да се земат предвид економската стабилност, инфлацијата и многу други критериуми. Ние, како што рече, сме за зголемување на минималната плата доколку се договорат синдикатите и работодавачите. Одговарајќи на пратеничко прашање од Борче Цветков […]

Николоски: Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци


„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравмe“, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.   Во продолжение целосната објава на вицепремиерот: „Само што добив ОДЛИЧНИ вести […]

Николоски очекува Европската комисија да излезе со решение за проблемот со превозниците


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува проблемот што го имаат превозниците за нивниот престој во земјите на Шенген зоната да се реши од страна на Европската комисија. Тој денеска на собраниската седница посветена на пратенички прашања, рече дека вчера остварил средба со неговиот хрватски колега, од кого добил поддршка за решавање на проблемот […]

Мицкоски е подготвен да оди до крај за уставните измени, па макар му било последно


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието го подигна за уште еден степен погоре неговиот тврд став против уставните измени и внесувањето на Бугарите во конституцијата за да продолжат преговорите со ЕУ, истовремено повторувајќи ја стандардната теза: „Додека сум јас премиер…“ Одговарајќи на прашање на пратеникот од „Европскиот фронт“, Скендер Реџепи за патот кон ЕУ […]

ЕУ ја објави новата стратегија за визи, дури сега ќе бара решение за камионџиите


  Европската комисија ја објави денес новата Стратегија за визи која треба да отвори врата за решавање на проблемот на камионџиите во балканските земји, вклучувајќи ја и Македонија. Стратегијата треба да биде разгледана денес, но таа нема веднаш да донесе решение за нив, според она што може да се прочита во документот. Во него имено […]

Иранските реформисти приватно го повикале Хамнеи да се повлече


  Иранските реформисти, кои долго време се сметаа за стабилизирачки столб на Исламската Република, приватно го повикаа vрховниот лидер Али Хамнеи да се повлече, преминувајќи ја црвената линија со тоа што побараа отстранување на врвниот авторитет на режимот, дознава „Еурактив“. Лидерите на Реформскиот фронт – сојуз на реформистички партии и групи – свикаа итен состанок […]

Слушнете ја “Фросина”, балада во спомен на Фросина Кулакова од Митевски и Неделковски


Песната е емотивен подарок од авторите Александар Митевски и Огнен Неделковски за семејството Кулакови и Фондацијата “Фросина Кулакова”. Напишана и родена во една доцна ноќ и во еден здив како демо снимка со текстот на Огнен и музиката и гласот на Александар . “Фросина” нека биде спомен, парче светлина, капка утеха, поука за нацијата и […]

РКЕ: Одземањето на лиценцата на „Тритерол петрол“ е согласно Законот за енергетика


  Од Регулаторната комисија за енергетика, преку соопштение до медиумите реагираат на информацијата дека за претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, од страна на Финаниската полиција е поднесена кривична пријава до Обвинителството за злоупотреба на службената положба и овластување. Соопштението од РКЕ го пренесуваме во целост: „Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување […]

„Татко Мајка Сестра Брат“ на Џим Џармуш, добитник на Златен лав во Венеција, од денес во Синеплекс


Добитникот на Златниот лав во Венеција, филмот „Татко, мајка, сестра, брат” на Џим Џармуш, медитација во три дела за семејствата, стареењето и нелагодните врски меѓу родителите и нивните возрасни деца, од денес е на репертоарот на Синеплекс.  Поделен на поглавја сместени во Њу Џерси, Даблин и Париз, филмот прикажува ансамблска екипа, вклучувајќи ги Том Вејтс, […]

Силувале 13-годишно девојче, го удирале и навредувале: Осомничени четири лица од Неготинско


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот законик. Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва […]

Трамп одобри тајни разговори со сепаратистите од богатата со нафта канадска провинција


  Претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одржаа неколку тајни состаноци со лидерите на Проектот за просперитет на Алберта (АПП), група која се залага за отцепување на провинцијата од Канада, изјавија информирани извори за „Фајненшел тајмс“. Според нив, претставници на американскиот Стејт департмент се сретнале со крајнодесничарските сепаратисти во Вашингтон три пати од […]

Рибакина ја победи Пегула и се пласираше во финалето на Австралија опен


Мелбурн – Казахстанската тенисерка Елена Рибакина попладнево ја победи Американката Џесика Пегула во полуфиналето на Австралија Опен 2026 со 6:3 и 7:6 (9:7). Натпреварот траеше 1 час и 42 минути. Рибакина сервираше шест аса и реализираше четири од 10 брејк топки. Пегула имаше два аса и реализираше три од четири брејк топки. Во финалето на Грен […]

Литванија купува 12 германски оклопни системи за мостови вредни 210 милиони евра


Литванија се согласи да купи 12 оклопни возила за поставување мостови од типот „LEGUAN“ од германскиот производител на одбранбена опрема „KNDS Germany“, во зделка вредна околу 210 милиони евра, соопшти денеска литванското Министерство за одбрана. Овие системи ќе бидат монтирани на шасија на тенкови „Леопард 2“, при што секоја единица ќе биде опремена со два […]