„Приказната за Силјан“ ќе ја освојува Хрватска – премиера на 28 јануари во Загреб


На покана на хрватскиот дистрибутер, македонскиот КИЦ во Загреб се јавува како еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција. -Ова е одлична и ексклузивна прилика пошироката хрватска публика да го […]

Ова е најлошата туристичка атракција во светот


Соединетите Американски Држави се полни со туристички хитови – од облакодери и филмски знаменитости во Њујорк, до спектакуларни национални паркови, до сончевите плажи на Флорида и Хаваи. Сепак, едно од најпознатите места на американската туристичка мапа, Холивудската патека на славните во Лос Анџелес, неодамна се најде во исклучително незавидна позиција – според нова студија, таа […]

Мицкоски ќе оди во Давос – ќе се сретне ли со Трамп?


Давос – Од утре до 23 јануари во Давос ќе се одржи 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) под слоганот „Духот на дијалогот“ и ќе ги собере светските лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и академската заедница, со цел преку дијалог да се одговори на клучните глобални предизвици и да се утврдат приоритетите […]

Голем пожар во близина на резервоари за гориво во атинска населба – изгасен по над пет часа


Атина – Над пет часа траеше гаснењето на пожарот што кусо пред полноќ избувна во близина на резервоари со течни нафтени деривати во атинското предградие Перама, а според градоначалникот постоечките 40 хектари со запалив материјал беа закана за целиот регион на Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираа 28 пожарникари со девет […]

Објавена листа на филмови со најголема заработка во 2025 година


2025 година беше исклучително силна година за кината – публиката масовно гледаше блокбастери, а светските топ листи беа доминирани од продолженија на големи франшизи, анимирани мегахитови и наслови кои веќе имаа „сигурна“ база на обожаватели. Подолу, ви ги претставуваме филмовите што остварија најголем профит на глобалните бокс офиси минатата година. Кинески хит на врвот Апсолутен […]

Трамп се закани дека ќе тужи една од најголемите американски банки


Дпналд Трамп се закани дека ќе поднесе тужба против JPMorgan Chase во саботата, изнесувајќи неосновано тврдење дека бил дискриминиран по немирите на 6 јануари 2021 година во Капитол. Трамп ја поврза објавата за тужбата со критиките за неодамнешниот напис во Wall Street Journal, во кој се наведува дека му понудил на извршниот директор на JPMorgan […]

Намалена видливост до 80 метри поради магла на неколку патни правци низ државава


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се престанати. Како што соопшти ЈП Македонија пат, намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 метри Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово- с.Лисец до 80 метри. Сите патни правци […]

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети, изречени казни од 40.000 евра


Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Како што се наведува во соопштението на АХВ, сс акцијата која се […]

Милијардер формираше најефикасна единица во Украина. Русите разбиени кај Купјанск


Украинскиот милијардер Всеволод Кожемјако го замени своето деловно одело со воена униформа и формираше една од најефикасните борбени единици во Украина. Неговата 13-та бригада, „Хартија“, го крена украинското знаме над Купјанск оваа недела, потиснувајќи ги силите на Владимир Путин и обезбедувајќи многу потребен поттик на моралот на земјата, објавува The Telegraph. Кожемјако, кој го стекнал […]

Три лавини во еден ден во Австрија. Бројката се искачи на осум жртви


Виена – Осум лица загинаа во три лавини во Австрија вчера, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина попладнето на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во долината Гросарл во федералната покраина Салцбург, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба во Салцбург. Планинската спасувачка служба објави дека четворица членови на скијачката група се […]

Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е „на чекање“ по најавите на Трамп за нови царини кон држави од Унијата


Брисел – Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп објави нови царини за европски држави како дел од неговиот обид да ја преземе контролата врз Гренланд. Така, иднината на примирјето во трговската војна, дефинирана со договорот потпишан од Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула […]

Почна производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево


Производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево почна денеска, а првиот евродизел ќе биде на пумпите од 27 јануари, објави министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. „По пауза од речиси два месеца, производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево започна денеска! Речиси 2.000 вработени работат на производството, а евродизелот […]

Лидерот на демократите во Сенатот сака да ги блокира царините на Трамп врз европските сојузници


Вашингтон – Чак Шумер, лидерот на демократите во американскиот Сенат, изјави доцна синоќа дека ќе го блокира воведувањето царини со кои претседателот Доналд Трамп се закани против европските сојузници поради спорот за Гренланд. „Непромислените царини на Доналд Трамп веќе ги зголемија цените и ја оштетија нашата економија, а сега само ги влошува работите“, наведе Шумер […]

Македонските ракометари на мегдан против Португалија


Хернинг – По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска, македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство. Противник ни е Португалија, репрезентација која во првото коло ја совлада Романија. Фаворитската улога ја има Португалија која на последните големи натпреварувања постигнува добри резултати, а на последниот европски шампионат беше пласирана на седмото […]

ЕУ на најавите на Трамп за царини за осум европски земји: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет


Брисел – Царините би ги поткопале трансатлантските односи и би ризикувале опасна негативна спирала, но Европа ќе остане обединета, координирана и посветена на зачувување на својот суверенитет, порачаа синоќа првите луѓе на Европскиот совет и на Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен во заедничка реакција на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп […]

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи


  На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 45 романи. Жири-комисијата, во состав Калина Малеска (минатогодишна […]

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 18 јануари 2026 година, 18-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  347 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 31 минута. Денов трае 9 часа и 33 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Сензација на Европското првенство: Српските ракометари ја победија фаворизираната Германија


Српските ракометари ја победија Германија во Хернинг во второто коло од Европското првенство со резултат 30:27, со што се вратија во игра за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Гол по гол на почетокот, фаворизираните Германци воспоставија контрола и постојано го зголемуваа своето водство. Најголемото го имаа на крајот од првото полувреме кога водеа со […]

Пет жртви во две лавини во Австрија, тројца тешко повредени


Пет лица загинаа, а тројца се тешко повредени во две одделни лавини во австриските Алпи, соопштија спасувачките служби. Несреќите се случиле во саботата, 17 јануари, во покраината Салцбург – една во високогорскиот дел над долината Гросарл, а друга во поширокиот реон на Бад Хофгастајн. Според првичните информации, попладнето лавина затрупала седум лица на врвот Финстеркопф, […]