Луѓето повторно летаат околу Месечината по 50 години: започнува Артемис II


По повеќе од пет децении пауза, луѓето повторно ќе летаат околу Месечината, овојпат во рамки на мисијата Artemis II на NASA, што претставува клучен чекор кон враќање на човечките мисии во длабоката вселена. Artemis II ќе биде првата мисија со екипаж од програмата Artemis и првиот лет со астронаути околу Месечината по ерата на Apollo […]

Им поделиле 10.000 евра на бездомници – не очекуваа таков резултат


Во 2019 година, градските власти во Стокхолм, Шведска започнаа експеримент, кој многумина го сметаа за луд.  Тие избраа 50 и им дадоа по 100.000 шведски круни (околу 10.000 евра) без никакви услови или надзор. Тие можеа да ги трошат парите како што сакаат – пиејќи, коцкајќи или инвестирајќи во своите животи, објави Дневно. Социолозите и […]

Трамп денес ќе го објави новиот претседател на Федералните резерви


Се очекува претседателот Доналд Трамп да ја објави својата намера да го номинира Кевин Ворш за следен претседател на американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), според две лица запознаени со процесот. Трамп, кој со месеци размислуваше за одлуката и во последните недели го стесни списокот на кандидати на четири имиња, синоќа им изјави на новинарите […]

Натпревари за „големото“ финале на Европското првенство во ракомет


На Европскиот шампионат во ракомет попладнево се играат дуелите за „големото“ финале и со тоа стартува завршниот викенд на првенството. Со големо внимание се очекува дуелот Хрватска – Германија. Актуелниот светски вицешампион Хрватска, преку нивниот селектор Дагур Сигурдсон искажаа многу критики кон ЕХФ и организирањето, особено што во два дена играа два натпревара, а вчера […]

Белата куќа и демократите постигнаа договор за финансирање, избегната блокада на владата


Демократите и републиканците во американскиот Сенат постигнаа договор за привремено финансирање на Министерството за внатрешна безбедност (ДХС) со цел да се избегне нова блокада на работата на владата. Договорот го поддржа и американскиот претседател Доналд Трамп, јави Еуроњуз. Двете страни се согласија да го издвојат финансирањето на внатрешната безбедност од сеопфатниот закон за буџет и […]

Во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК за проблемите на превозниците


Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната, за што шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека ја информираше синоќа претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, […]

Националното собрание на Венецуела ја одобри реформата на нафтената индустрија


Националното собрание на Венецуела едногласно ја одобри законодавната иницијатива за зајакнување на нафтената индустрија, пренесе ДПА. Реформата ќе овозможи дополнителни странски инвестиции во енергетскиот сектор. По заробувањето на авторитарниот лидер Николас Мадуро од страна на американската војска на почетокот на јануари, американскиот претседател Доналд Трамп повика на инвестиции во венецуелскиот нафтен сектор. Се очекува ова […]

„Марили“, годинава, по јубилеен 30 пат бира „Најуспешни жени менаџерки“


Во април годинава, агенцијата „Марили“ одржува јубилејна манифестација на која ќе бидат доделени 30 награди, статуетки, на жени – менаџерки кои континуирано, долгогодишно успешно менаџирале и дали траен придонес кон македонската економија, по тој повод разговаравме со Лидија Трипуноска, генерален менаџер на „Марили“ Независен: Годинава агенција „Марили“ прославува 30-годишен јубилеј на своите носечки проекти „Избор […]

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој треба да се повлече од функцијата на крајот на оваа година, уште еднаш даде јасна поддршка за тоа жена да го наследи на позицијата. – Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело, рече Гутереш синоќа на својата традиционална новогодишна прес-конференција во […]

Трамп упати предупредување поради „опасната“ стратегија на Стармер кон Кина


Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека би било „опасно“ за Обединетото Кралство да работи со Кина, додека британскиот премиер Кир Стармер се движи кон зајакнување на економските врски со Пекинг на последниот ден од неговата посета. Британскиот премиер вчера се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг залагајќи се за „пософистициран“ однос меѓу двете земји. На […]

Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа – ГлазговРенџерс на Миовски ги заврши натпреварувањата


Со одигрувањето на синоќешните 18 натпревари од осмото коло Лига Европа заврши групната фаза од ова натпреварување. Глазгов Ренџерс на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски загуби на гостувањето кај Порто со 3:1 и не се пласираше во следната фаза (го освои 32.место), додека од регионот три екипи изборија учество во 1/16 финалето: Црвена Звезда, Лудогорец и […]

Трамп им се заканува со царини на добавувачите на нафта за Куба


Американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на добавувачите на нафта за Куба со дополнителни царини, додека неговата администрација продолжува да ја ескалира реториката против комунистичката влада на оваа карипска држава. Трамп потпиша извршна наредба со која се воспоставува царински систем според кој „може да се наметне дополнителна ad valorem (царинска давачка по вредност) увозот […]

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони


Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на соседна Канада со нова казнена царина од 50 проценти на авионите што се продаваат во САД. Трамп исто така на својата платформа „Трут Соушл“ (Truth Social) изјави дека американската лиценца за канадскиот производител на деловни млазни авиони „Бомбардиер“ (Bombardier) ќе биде повлечена. Како причини за повлекувањето на […]

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар


Колеџот на комесари на ЕУ донесе одлука да го раскине договорот за работа на високиот советник во Генералниот директорат за меѓународни партнерства (ДГ ИНТПА) на Европската комисија, Хенрик Хололеј врз основа на наодите од внатрешна истрага поврзана со наводни „административни прекршувања“. Според извори во ЕК, станува збор за истрага иницирана од Европската канцеларија за борба […]

Протест во Брисел поради „600 дена без Влада“


Во организација на граѓанските здруженија „Почитувајте го Брисел“ и „Ние сме Брисел“ вечерва во Брисел ќе се одржи протестен собир насловен „600 дена без Влада“ на кој ќе се изрази незадоволство од неможноста на регионалните политичари да постигнат договор за формирање нова Влада на Бриселскиот Регион по изборите во јуни 2024. Протестот се одржува на […]

Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона


Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, вечер, во 20 часот, во Филхармонијата ќе ја отвори новата концертна сезона 2026.  Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика. Под диригентство на […]

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт


Поради промена на затворач на бул. „Александар Македонски“ бб (кај Континентал), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и трговскиот центар Ист Гејт. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон на патниот правец Берово – Струмица


 Намалена видливост до 70 метри и појава на магла утрово има на патниот правец Тетово – Гостивар, информира АМСМ. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на […]

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег


Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе […]

Дел од камионџиите ја прекинаа блокадата на границите со ЕУ, други продолжуваат


  Возачите на камиони во Црна Гора и Северна Македонија денеска ставија крај на блокадите на карго терминалите на границите на ЕУ, откако блокот објави нова визна стратегија која ќе биде пофлексибилна за професионалните возачи кои треба да патуваат низ Европа. Возачите во овие две земји ги прекинаа блокадите што започнаа во понеделникот, но оние […]