„Гардијан“: САД го отстапиле Гренланд на Данска со декларација од 1916 година


  Спротивно на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „нема пишани документи“ за сопственоста на Гренланд на Данска, Америка потврди во 1916 година дека го отстапила Гренланд на Данска во замена за острови во Карибите, пишува британскиот весник „Гардијан“. САД изјавиле во 1916 година дека „нема да се спротивставуваат“ на проширувањето на интересите на […]

Кремљ 80 години работеше да го подели Западот. Дојде Трамп и браната се отвори


  Советскиот Сојуз помина повеќе од 40 години обидувајќи се да го постигне она што на Владимир Путин штотуку му беше дадено на послужавник, пишува пишува британски „Телеграф“. За време на Студената војна, главната цел на Кремљ беше да го подели НАТО со тоа што ќе ги сврти Америка и Европа едни против други. Секоја […]

Данска го бојкотира Давос поради спорот за Гренланд


Давос – Данските претставници нема да присуствуваат на овогодинешниот Светски економски форум во Давос поради ескалацијата на спорот околу Гренланд, објави денес Блумберг. Агенцијата, повикувајќи се на изјава од организаторите на форумот, соопшти дека данската влада нема да учествува на форумот во Давос оваа недела. Спорот околу Гренланд ескалираше за време на викендот откако американскиот […]

19 јануари во историјата – „Бубата“ престана да се произведува во Германија


  „Фолксваген Буба“, познат и како VW Käfer или Beetle е еден од најпрепознатливите автомобили во историјата. Нејзината единствена силуета и едноставен дизајн ги освоија срцата на милиони возачи низ целиот свет. Идејата за народен автомобил (германски: Фолксваген) датира од 1933 година, кога Адолф Хитлер ја изразил својата желба за прифатливо возило кое би можело […]

Ѓоковиќ стартуваше со победа и испиша историја на Австралија Опен


Мелбурн – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) изјави дека испишувањето историја силно го мотивира на првиот овосезонски грен слем турнир Австралија Опен, што денеска го почна со победа од 3:0 во сетови над Шпанецот Педро Мартинез (АТП-71.). За Ѓоковиќ ова е јубилејна 100. победа на Австралија Опен во кариерата. „Што да кажам, ми се допаѓа […]

Ламерт: Со ЕЕС системот не се воведени измени во правилата за престој во Шенген зоната


Брисел, 19 јануари 2026 (МИА) – Системот за влез и излез (ЕЕС) на ЕУ не воведува никакви нови барања во врска со краткиот престој во Шенген зоната, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи Маркус Ламерт во врска со тврдењата на здруженијата на превозниците од Западниот Балкан дека ЕЕС „во основа ги остава нивните […]

Ќе се повтори пребројувањето на сите гласови од избори во Косово


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска одлучи повторно да ги преброи сите гласови од вонредните парламентарни избори одржани на 28 декември на избирачките места. Одлуката е донесена по предлогот на Советот за изборни операции, бидејќи за време на делумното пребројување се евидентирани манипулации со гласовите меѓу кандидатите на политичките субјекти. Претседателот на ЦИК, Крешник […]

Мицкоски целосно ја закочи европската иднина, тврди Филипче


  Лидерот на СДСМ денеска изјави дека премиерот Мицкоски треба да каже зошто не ја исполнил реформската агенда. Венко Филипче денеска од Охрид рече дека Мицкоски со досегашните политики целосно ја закочил европската иднина на државата. „Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината […]

Мајката на едно од децата на Илон Маск го тужи неговиот xAI поради лажни слики од вештачка интелигенција


Ешли Сент Клер, мајката на едно од децата на Илон Маск, го тужеше xAI на Маск во среда, тврдејќи дека вештачкиот четбот на компанијата, Grok, генерирал сексуално експлицитни длабоко лажни слики од неа без нејзина согласност. „Производот Grok на xAI, четбот со генеративна вештачка интелигенција („ВИ“), користи вештачка интелигенција за да соблече, понижи и сексуално […]

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден – 22 јануари


Лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе се соберат на вонреден самит в четврток за да разговараат за одговорот на Европа на заканите на САД за нови царини и преземање на Гренланд. Самитот ќе се одржи во Брисел со почеток во 19:00 часот. Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ се обидува да избегне ескалација, […]

Роналдо го доби судскиот спор со Јувентус вреден 9,8 милиони евра


Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ја доби правната битка против својот поранешен клуб Јувентус и ќе може да ги задржи 9,8 милиони евра што клубот од Торино му ги исплати за заостанати плати, јавија денеска италијанските медиуми. Роналдо се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година, а во 2023 година поведе арбитражна […]

Гил за случувањата околу Гренланд: ЕУ му дава приоритет на ангажманот, пред ескалацијата


 Во тек се интензивни консултации меѓу лидерите на ЕУ во однос на Гренланд, а и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ја најави можноста за вонреден Самит оваа недела за да се разговара на оваа тема, изјави денеска заменикот главен портпарол на Европската комисија, Олоф Гил. Тој потсети и на синоќешната порака на претседателката на […]

Бројот на регистрирани електрични возила во Албанија во 2025 година е речиси двојно поголем во споредба со 2024 година


Бројот на регистрирани електрични возила во Албанија во 2025 година е речиси двојно поголем во споредба со 2024 година, јави АТА пренесувајќи податоци на Генералниот директорат за услуги за патен транспорт (DPSHTRR). Минатата година, во земјата беа регистрирани 6.187  електрични возила, што е за 98 проценти повеќе од претходната година. „Година по година, возниот парк […]

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна


Сѐ уште не е достигнат „пикот“ на грипот во Прилеп иако бројките на регистрирани заболени од грип е зголемен, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје. – Во Прилеп се регистрирани 127 заболени од грип. Бројката е трипати зголемена, но не е алармантна и нема фатални последици. Двајца се хоспитализирани на Инфективното одделение, а уште […]

МОЛ и „Гаспром“ постигнаа договор за НИС, но последниот збор ќе го има американскиот ОФАК


Унгарската компанија МОЛ и руски „Гаспром“ се согласија за основните одредби од идниот договор за купопродажба на НИС, кој ќе биде испратен до американскиот ОФАК за одлука, а Србија успеа во преговорите за зголемување на сопственичкиот удел за пет проценти, изјави денес министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, јави Танјуг. Како што пишуваат […]

Оковани во снег и ниски температури  – погледнете како се чисти снег во Кина (фото/видео)


Силен студен фронт ја зафати Кина, училиштата се затворени, а екипите за чистење снег се ставени во состојба на готовност. Исто така, издадени се предупредувања до граѓаните. Во покраината Џангсу, образовните власти во градот Суџоу денес и утре ја прекинаа наставата во основните и средните училишта, како и работата на градинките, наведувајќи ги безбедносните проблеми […]

Крај: „Асус“ престанува со развој на нови смартфони


Asus го суспендира лансирањето на нови паметни телефони и се фокусира на вештачката интелигенција. Тајванскиот технолошки гигант Asus потврди дека нема да лансира нови паметни телефони оваа година, а можеби и засекогаш, што претставува голема промена во стратегијата на компанијата. Претседателот на компанијата, Џони Ши, изјави дека Asus привремено го суспендира развојот на нови модели […]

Инфлацијата во еврозоната забави во декември на 1,9 проценти


Инфлацијата во еврозоната забави во декември на 1,9 проценти, со поблаг пораст на цените на преработената храна, тутунот и алкохолот отколку што покажаа прелиминарните пресметки, објави Евростат. Прелиминарните пресметки од почетокот на месецот покажаа годишна стапка на инфлација, мерена со Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), од 2,0 проценти. Инфлацијата во областа на примена на […]

Откажана расправа на Агенцијата за воздушна навигација во БиХ: Сите се на боледување


Парламентот на Босна и Херцеговина мораше да ја откаже најавената расправа на членовите на Управниот одбор на Агенцијата за обезбедување услуги за воздушна навигација (BHANSA) бидејќи сите членови на одборот на тоа тело објавија дека се на боледување, па затоа остана нејасно кој во такви околности ја води оваа важна агенција. „Ве информираме дека членовите […]

Млекарите од Република Српска предупредуваат на увоз на „вештачко сирење“, цената била нереално ниска


Здружението на земјоделски производители – Млекарите на Република Српска го предупреди министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац, дека цената на увезеното сирење е неприродно ниска. Како што пишува порталот Кликс, млекарите испратиле писмо до Кошарц барајќи објаснување за начинот на увоз на млечни производи, особено сирење и урда, […]