Нова железничка несреќа во Шпанија, еден починат, откако воз излета од шините кај Барселона


Патнички воз вчера излета од шините во Гелида, во близина на шпанскиот град Барселона, при што загина машиновозачот, а 37 лица беа повредени, изјави портпарол на регионалната влада на Каталонија за Си-Ен-Ен. Инцидентот се случи само два дена по железничката несреќа во Шпанија, во која два брзи возови се судрија во близина на Адамуз во […]

Должен како Грк, сиромав како Македонец


Во силната политичка и медиумска врева околу таканречената многу конструктивна лидерска средба и многу значајниот форум во Давос останаа како небитна споредна работа најновите многу поволни задолжувања на Македонија. Јавниот долг на државата, читај на граѓаните, според некои пресметки, достигна околу 10 милијарди евра, или близу 6.000 евра по глава на жител. Ептен поволно како […]

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела


Вашингтон – Американската војска синоќа соопшти дека запленила уште еден танкер поврзан со Венецуела во Карипското Море, седма такво заплена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја започна својата кампања за контрола на венецуелската нафта. Јужната команда на САД, која надгледува неколку воени бродови и илјадници војници во регионот, соопшти дека моторниот брод Сагита е приведен „без […]

Се истражуваат обвинувања за вбризгување на хијалуронска киселина во гениталиите пред Зимските олимписки игри 2026


Милано – Меѓународната скијачка федерација (ФИС) соопшти дека разгледува измени во системот за мерење на опремата за скијачки скокови, по обвинувањата дека некои спортисти користат нелегални методи за да добијат конкурентска предност, имено вбризгување на хијалуронска киселина во гениталиите за да ги променат мерките на телото, пред Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026. Тврдењата, кои се […]

Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Снег паѓа во западниот дел од државата и има забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија утрово ЈП Македонијапат и АМСМ. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна […]

Европа размислува за бојкот на Мундијалот во САД


Повиците до европските тимови да размислат за бојкот на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, стануваат сè погласни по изјавите и активностите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд. Иницијативата јавно ја покрена Оке Гетлих, претседател на ФК Санкт Паули и член на […]

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“


 Во Основниот Кривичен суд денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Геријатрија“ во кој Мухсин Арифи – поранешен директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина и Блерим Амити – вработен во клиниката се товарат за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според обвинителниот акт, Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за […]

Без струја дел од општините Сопиште и Илинден


 Без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе останат дел од жителите на село Добри Дол,  општина Сопиште.  Во периодот од 9:00 до 15:00 часот денес без струја ќе бидат дел од корисниците во село Кадино кон црквата „Св. Илија“, улица „6“, општина Илинден. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град […]

Шекеринска во посета на Азербејџан


 Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во посета на Азербејџан. Како што соопшти прес-службата на НАТО, предвидено е Шекеринска во Баку да се сретне со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, со претседателката на Парламентот, Сахиба Гафарова, како и со претставникот на претседателот на Азербејџан за специјални задачи, Елчин Амирбајов. […]

Македонските ракометари го завршија настапот на ЕП, Португалија ја совлада Данска


Хернинг – Ракометарите на Португалија го приредија најголемото изненадување на Европското првенство, откако синоќа во Хернинг го совладаа домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во завршниот натпревар од групата Б, со што двете селекции се пласираа во главната фаза, а македонската репрезентација како третопласирана во групата го заврши настапот на континенталниот турнир. Во увертира на последниот […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 26 јануари 2026 година, 26-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  339 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 16 часот и 34 минути. Денов трае 9 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Албанија сè повеќе увезува од Кина


Најновите податоци на Албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ) за надворешната трговија со стоки во текот на 2025 година, потврдуваат дека Кина станала еден од главните актери во трговската економија на Албанија. Во текот на 2025 година, Кина се рангира како втор трговски партнер на Албанија, со 10,5 проценти од вкупната трговска размена, веднаш по Италија […]

Зел слободни денови од работа за да игра на Европското првенство во ракомет


Младиот шведски ракометар Феликс Монтебови го доживува она за што многумина сонуваат, но малкумина всушност го доживуваат. Морал да земе слободен ден од работа за да игра на Европското првенство. Монтебови има 20 години и сè уште не е професионалец во целосна смисла на зборот. Додека повеќето негови соиграчи од репрезентацијата живеат исклучиво од ракомет, […]

Селекторот на кошаркарската репрезентација Марјан Илиевски поднесе оставка


Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеска оставка на должноста која Управниот одбор на Кошаркарската федерација (КФСМ) експресно ја прифати. „Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во […]

Лазаров: Имавме шанса за поубедлив триумф, мора да работиме на концентрацијата и менталитетот


Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров изрази умерено задоволство по драматичната победа над Романија, истакнувајќи дека триумфот е значаен, но дека натпреварот можел да заврши и со поубедлива разлика. Лазаров нагласи дека Македонија одиграла добар меч против, како што рече, цврста и силна репрезентација. Според него, македонските ракометари делувале како да се изненадиле од […]

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа


 Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски ги искажа своите впечатоци по драматичната победа над Романија (24:23) со гол постигнат во последната секунда. „Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и останаа со теоретски шанси да ја поминат првата групна фаза, но сигурно си обезбедија место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027. […]

Изненадувачкото влијание на Олимписките игри врз авиокомпаниите


Додека низ целиот свет, и покрај предупредувањата на лекарите дека се ризични за здравјето, лековите за слабеење се користат сè повеќе, многу авиокомпании гледаат шанса да заработат пари од слабите патници. Американските авиокомпании денес превезуваат полесен товар, а тоа би можело да им заштеди стотици милиони долари трошоци за гориво. Финансиската фирма „Џефрис“ неодамна објави […]

Македонската репрезентација со гол во последната секунда ја совлада Романија


Македонската ракометна репрезентација вечерва во Хернинг во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство, а за пласман во главната фаза на тековното Европско првенство ќе треба да го чека исходот од завршниот дуел во групата Б и да се надева […]

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур


Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз земјоделците кои протестираа пред зградата на Европски парламент во Стразбур поради Договорот помеѓу ЕУ и Меркосур. И покрај инцидентите, ситуацијата во областа е релативно мирна, иако главниот влез на ЕП беше затворен за посетителите. Земјоделците истакнаа транспаренти – „Меркосур е закана за нашата егзистенција“, „Не за Зелениот […]

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците


 Македонската ракометна репрезентација има водство од 13-9 против Романија во завршниот натпревар од групата Б на Европското првенство што вечерва се игра во Хернинг. Македонските ракометари фуриозно го отворија натпреварот со ефикасен напад и гранитна одбрана. По воведните 3-0 во 5. минута, голот на Костески минута подоцна беше поништен поради престап, а во следниот напад […]