Ивановска за новите членови на управните и надзорни одбори: И овие од тефтерчето!


Поранешната претседателка на ДКСК – Билјана Ивановска имаше свој коментар на вчерашниот избор на нови членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија во Град Скопје. Таа на Фејсбук напиша дека повторно се случува „избор од тефтерчето“. „Бидејќи праксата покажува дека членовите на управни и на надзорни одбори се исклучиво партиски…при промена на власта […]

Алијансата на Таравари го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд


На денот на стапување во сила на законите, Алијансата за Албанците поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од пакетот „Safe City“. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Safe City’ ќе бидат оспорени пред Уставниот […]

Поднесени три обвиненија за 23 полициски службеници за пожарот во ,,Пулс“


  Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска информираше дека се поднесени три обвиненија со вкупно обвинети 23 полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека ,,Пулс”, од кој двајца се повторуваат во две обвиненија. Предметната обвинителка Ивана Трајчева на брифинг сподели детали за обвиненијата. Тринаесет од обвинетите се гонат за кривичното дело ,,Тешки […]

МЖСПП не знае што се случува во Вардариште


Дали Вардариште се уредува според постоечката студија од 2014 година или се доработува друга, понова, посовремена, па и поадекватна, од Министерството за животна средина и просторно планирање, не знаат. На денешниот брифинг, министерот Муамет Хоџа, но и раководителите на секотир задолжени за поединечни проблематики во министерството рекоа дека не знаат по кој терк се рамни, […]

Раст на просечната каматна стапка кај депозитите во декември, пад кај кредитите


Просечната каматна стапка на вкупните депозити во декември бележи годишен раст од 0,04 процентни поени и изнесува 2,21 процент, објави денеска Народната банка.  Кај кредитите се бележи годишен пад на просечната каматна стапка од 0,54 процентни поени. Таа изнесувала 4,76 проценти.

Бенфика и Реал уште еднаш ќе ги одмерат силите, овој пат во 16 финалето од ЛШ


Во седиштето на УЕФА денеска беа извлечени двојките за 1/16 финалето од Лигата на шампионите. Европскиот првак ПСЖ за ривал го доби францускиот претставник Монако, додека Реал Мадрид ќе има шанса за „одмазда“ бидејќи за ривал ја има Бенфика. Двојките од оваа рунда се: Монако – ПСЖ Бенфика – Реал Мадрид Карабах – Њукасл Бодо/Глимт […]

Турбулентните берзански години се идеална можност за остварување натпросечни добивки


Инвестирањето во акции е еден од најефикасните механизми за зачувување на вредноста на парите, за победа над инфлацијата и за мултиплицирање на финансискиот имот дури и во променливи економски околности, порача Коста Костадиновски, овластен инвестициски советник од Капитал ассет менаџмент на традиционалната Годишна инвеститорска средба, која се одржа оваа седмица во просториите на Стопанската комора […]

Виетнам ги продава чантите „Хермес“ и јахтата на жена осудена за проневера на 27 милијарди долари


Две чанти „Биркин“ и луксузна јахта се меѓу средствата што ги поседува тајкунот Труонг Мај Лан, кои виетнамските власти сега се обидуваат да ги продадат како дел од напорите за враќање на милијардите што ги проневерила. Таа отслужува доживотна казна затвор за проневера и ѝ е наредено да врати 27 милијарди долари. Агенцијата за спроведување […]

Синдикатот идната недела почнува со блокади во Скопје


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со навреди ги напаѓа и омаловажува ССМ и неговиот претседател Слободан Трендафилов, а синдикатите најавија дека дополнително ќе го заострат  нивниот протест за поголема плата од следната недела. „Наредната недела ќе започнеме со блокади. Пратениците во Собранието ќе бидат првите кои што ќе ги блокираме затоа што го чуваат Законот за минимална […]

Што облече Меланија Трамп за премиерата во Центарот Кенеди во Вашингтон?


Вашингтон – Меланија Трамп изгледаше шик во црн костим со здолниште за премиерата на нејзиниот документарец „Меланија“. Таа позираше со претседателот Трамп на црвениот килим во новоименуваниот Центар Трамп Кенеди во Вашингтон. Трамп на премиерата на документарецот „Меланија“. Дали некој ќе го гледа? Според американските медиуми, Меланија носеше црн деловен костим од Долче и Габана […]

МВР: Ќе се формира Национален комитет за заштита на новинари, нивната безбедност е врвен приоритет


Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и е максимално посветено на ова поле. МВР информира дека во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари, кој ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и безбедноста на новинарите. Од МВР посочуваат дека целта на Комитетот […]

Општина Аеродром објави Јавен повик за граѓански организации


Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики. […]

Од септември 2027 година произведувачите ќе мора да употребуваат најнови технологии за заштита на воздухот


Во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, од септември 2027 стапува на сила веќе усвоениот Закон за контрола на емисиите, кој ќе воведе построги стандарди за индустријата, јакнење на надзорните капацитети за контрола на Министерството,, истакна денеска на брифинг со новинарите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, кој информираше за клучните […]

Белата куќа ја искритикува песната на Брус Спрингстин за Алекс Прети и Рене Гуд


Вашингтон – Администрацијата на Трамп реагираше на огнената протестна песна на Брус Спрингстин  „Улиците на Минеаполис“, наведувајќи дека Белата куќа не е фокусирана на „случајни песни со нерелевантни мислења и неточни информации“. „Независен” на концертот на Брус Спрингстин во Прага: Сите што веруваат во демократијата да застанат со нас против авторитаризмот Портпаролката на Белата куќа, […]

Намалениот буџет за ретки болести создава страв кај семејствата


Февруари и оваа година ќе мине во знакот на осмото по ред издание на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Како што беше истакнато на денешата прес-конференција по повод кампањата, во февруари, кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, ќе биде направен обид јавноста поблиску да биде запознаена со нови ретки дијагнози, секоја од […]

„Многу здодевно“: Трамп го скрати состанокот на кабинетот


  Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина состанокот на кабинетот во четврток, прогласувајќи ги претходните маратонски сесии на кои беше забележан како ги одмара очите за „прилично здодевни“. Но, Трамп негираше дека бил фатен како дреме за време на претходните собири во Белата куќа, од кои едeн траел три часа и 17 минути, додека неговиот […]

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална, но ќе мора да помине рокот за жалба


 В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзалната сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба – рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. – Комисијата работи и процесот е […]

Навреди место дијалог, за власта ССМ се „синдикалци на батерии“


Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДС, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ кои зад секое барање поголема плата гледаат вмешаност на опозиција, освен ако не станува збор за функционерските.  Според Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, протестите на ССМ, поддржани од СДСМ и […]

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО


Извештајот за спас на Охридското езеро е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што изјави Љутков, одговор за тоа дали ќе бидеме ставени на Листата на светско наследство во опасност може да се очекува во јуни, кога треба да се одржи следната сесија на УНЕСКО во Јужна Кореја и […]

Пола државен врв на промоцијата на фондацијата „Фросина Кулакова“


Донаторската вечер „Конци на светлината“ (Threads of Light) и промоцијата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ на денот на нејзината трагична смрт, синоќа, во Скопје го собра пола државен врв, дизајнери, пријатели, роднини, уметници, претставници на дипломатскиот кор. Животот на 22-годишната дизајнерка од Неготино згасна кога на 29 јануари, 2025 беше прегазена на булеварот ,,Партизанска” во Скопје. […]