Протестираат вработените во Македонска Пошта – причина е доцнење на платата


Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава. Причина за ваквата реакција е доцнењето на платата, која до 23 јануари сè уште не им е исплатена. Претседателот на синдикатот во Македонска Пошта, заедно со вработените, соопшти дека протестите ќе продолжат сè додека не се изврши исплатата. Менаџментот бил известен […]

Јанкуловска дели „правда“, кажува што треба да се суди и што не!


Дел од предметите кои се актуелизираат денес се застарени и никогаш не требаше да бидат предмет на кривично гонење доколку надлежните институции се придржуваа до законот, правдата и правото, наместо да постапуваат по политички диктати, вели поранешната министерка за внатрешни работи, Горана Јанкулоска, во јавна реакција, коментирајќи го предметот „Талир“ на некогашното Специјално јавно обвинителство. […]

ВМРО-ДПМНЕ ги уценува Шилегов и Деспотовски со кривични пријави, тврди СДСМ


  СДСМ тврди дека Петре Шилегов и Јован Деспотовски биле уценети од ВМРО-ДПМНЕ со кривични пријави и затоа тие работеле на ослабување на партијата. И дава свои толкувања на критиките на Деспотовски и Шилегов на работењето на парртијата: „Против Јован Деспотовски е поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на […]

Левица: Третата економска сила со најниски плати во регионот


Изземајќи се од одговорност, Владата цврсто стои на страна на работодавачите и повеќе од година и пол, во услови на енормна инфлација, ја држи минималната плата замрзната. Економско социјалниот совет е окупиран од Стопанската комора и Владата и функционира како подружница на олигархијата, реагира денес Левица. -Со немањето слух за барањата на работниците и синдикатите, […]

Мирјана Карановиќ во Скопје: „Со театарот сум во брак, а филмовите се мои љубовници“


Српската актерка со светска слава, Мирјана Карановиќ, синоќа, во Скопје, македонската публика ја виде и како актерка и режисерка. Со нејзиниот филм „Мајка Мара” во Синеплекс започна Зимското издание на Мрежата на фестивали од Јадранскиот регион кој ќе трае до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и […]

Зошто богатите и славните го избираат Антарктикот за одмор?


Во сенка на збиднувањата околу Гренланд, Антарктикот стана неочекувано популарна дестинација меѓу светските ѕвезди. Многу славни личности го избраа овој дел од светот за нивен семеен одмор, меѓу нив и холивудскиот пар Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс, како и актерката Никол Кидман. Луксуз што малкумина можат да си го дозволат Патувањето на Антарктикот е вистинска […]

Густа магла го отежнува сообраќајот на Плетвар и во неколку градови низ земјава


Намалена видливост поради магла утрово е забележана на планинскиот превој Плетвар, како и во неколку градови низ државата, информира Јавното претпријатие „Македонија пат“. Според нивните податоци, видливоста на Плетвар е намалена до 50 метри, во Тетово до 100 метри, во Струмица до 80 метри, а во Делчево до околу 100 метри. Од претпријатието наведуваат дека […]

Европарламентарци се во посета на Белград


Делегацијата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ ЕП) денеска во Парламентот на Србија ќе се сретне со потпретседателката на Парламентот Елвира Ковач, а потоа одделно со членовите на опозицијата и парламентарното мнозинство. Во рамките на посетата на Белград се планирани средби и со претставници на Владата на Србија, невладиниот сектор, медиумите и […]

Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро


Новоформираното Здружение на рекреативни риболовци „Охридски Рибари“ заедно со концесионeрот на рекреативната риболовна зона „Охридско Езеро“ од идната седмица ќе почне со издавање дозволи за рекреативен риболов на езерото за 2026 година. Како што се посочува во соопштението од Здружението, секој што сака рекреативно да лови риба од Охридското Езеро нема да мора да плаќа […]

Отворен конкурс за проекти што носат нова енергија на културната сцена на Општина Центар


Општина Центар распиша конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата за 2026 година, со цел унапредување и збогатување на локалната културна сцена. „Општина Центар е препознатлива по својата автентична културна понуда, по креативните идеи и уметничките изрази што го оживуваат јавниот простор. Ги повикувам сите уметници, здруженија и организации од областа […]

Поради дефект без вода дел од Тафталиџе


Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улица „Хелсинки“ 54 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата „Нобелова“ и дел од улиците „Хелсинки“, „Виенска“ и „Лондонска“. Како   што информираат од ЈП „Водовод и каналиација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување на работните активности.

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн


Најдобриот српски тенисер го откажа тренингот во пресрет на третото коло. Причината не е од здравствени причини особено што во првите две кола Ѓоковиќ делуваше сигурно и физички спремно. Најверојатно е дека Ѓоковиќ сака максимално и рационално да ја спореди силата. Прогнозите се дека во сабота треба да биде најтоплиот ден со температура од 39 […]

Николоски: Проблемот со транспортерите е сериозен, ризикот за македонската економија е огромен, бараме ЕУ да ги ревидира правилата


Една година алармираме за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во ЕУ и требаше состојбата да ескалира за да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем, кој може целосно да ги колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестока размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал, […]

Французи го изгубиле мачорот на одмор во Шпанија, по пет месеци го нашол патот до дома


Мачорот Филу исчезнал во август 2025 година од одморалиште на автопат во близина на Жирона, Шпанија, и успеал да го најде патот назад до својот дом во Олонзак, Франција, на 250 км од местото каде што залутал. Патрик и Евелин Сир се враќале дома во Олонзак, Франција, во август 2025 година кога нивното домашно милениче, […]

Шпанија го отфрли Доналд Трамп: „Ја цениме поканата до Комитетот за мир, но нема да ја прифатиме“


  Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, утрово изјави дека оваа земја нема да се приклучи на новоформираниот Комитет за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. „Ја цениме поканата, но ја одбиваме. Го правиме ова, главно и фундаментално, заради конзистентност. Го правиме ова, главно и фундаментално, заради конзистентност“, изјави Санчез пред новинарите по самитот на ЕУ […]

Повлeчена поканата за Канада за учество во Одборот за мир


Доналд Трамп вчера ја повлече поканата за Канада да се приклучи на неговата иницијатива Одбор за мир насочена кон решавање на глобалните конфликти. „Ве молам, дозволете ова писмо да послужи како претстава дека Одборот за мир ја повлекува својата покана до вас во врска со приклучувањето на Канада кон, она што ќе биде, најпрестижниот Одбор […]

Трамп: „Огромна флота“ е на пат кон Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму. „Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум […]

Расправа за „Безбеден град“ и ново кривично дело во Кривичниот законик


На денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање. Предлогот е поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и содржи вкупно 13 амандмани. Амандманите се распределени меѓу повеќе политички партии – девет се поднесени од пратеничката на Нова социјалдемократска […]

Азески и Управниот одбор на Стопанската комора во посета на „ТИТАН Усје“


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со членови на Управниот одбор, денеска ќе оствари работна средба со главниот извршен директор на „ТИТАН Усје“, Константинос Николау, во кугот на фабриката.  Од Комората информираат дека „ТИТАН Усје“ со години е активен член во бизнис-заедницата и компаниијата континуирано инвестира во модернизација, дигитализација и процеси […]

Истражување: Луѓето кои редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читаат


Сè поголем број истражувања посочуваат дека читањето може да биде многу помоќно отколку што се мисли. Всушност, редовното читање е поврзано со понизок стрес, подобро помнење, заштита од умствен пад и деменција, па дури и – со подолгиот живот. Имено, според нови испитувања од американскиот универзитет „Јејл“, луѓето кои редовно читаат книги живеат во просек […]