Директорот Арсовски и обоистката Петрушевска со различни тврдења за нејзината суспензија, ќе одлучува дисциплинска комисија на НОБ


Комисија во Националната опера и балет (НОБ) на дисциплинска постапка ќе ги утврдува околностите и ќе донесе одлука за обоистката во оркестарот Татијана Петрушевска. Таа на 16 јануари беше привремено суспендирана од работа од директорот на НОБ, Оливер Арсовски, поради нарушување на работниот процес додека тој ден оркестарот имал проба со диригентот Едуард Амбарцумјан.  Петрушевска […]

Ќерката на Родман стана најплатена фудбалерка во светот


Американката Тринити Родман, ќерка на поранешниот НБА кошаркар Денис Родман, стана најплатената фудбалерка во светот откако потпиша нов тригодишен договор со Вашингтон Спирит, објави денеска Би-би-си. Според новиот договор, кој важи до крајот на 2028 година, Тринити Родман ќе заработува два милиони долари по сезона, вклучувајќи ги и бонусите. „Тешко е да се опише како […]

Фатон Сељами е нов Народен правобранител


  Собранието денеска го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител. За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“. Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит. Народниот правобранител […]

Одбиени сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик


  Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска на прес-конференција изјави дека владините партнери ги одбиле сите амандмани на нејзината партија околу измените на Кривичниот законик. „На денешната комисиска расправа, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ  ги одби сите амандмани на СДСМ за Кривичниот законик. Одбија враќање на членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластување, на решението […]

МВР го поништи конкурсот за испитен центар Велес


Министерството за внатрешни работи го поништи јавниот конкурс за избор на фирма за добивање лиценца за испитен центар Велес, информираа оттаму. Решението е донесено вчера од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Јавниот конкурс се поништува поради потребата од дополнително усогласување на временската динамика и процедурите поврзани со доставувањето на барањата и документацијата […]

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст


Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година […]

Сведок кажа кој гледал извештаи на ревизорите за финансиското работење на ФЗОМ и на Онкологија на судењето на Васев и Нухи


 Со вкрстено испитување на сведок, поранешен директор на Одделот за финансиско работење при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, нивно прикривање преку фиктивни тендери и присвојување дел од терапијата обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за […]

Министерството за случувањата во Операта: Не поддржуваме ни притисоци, ни улога на суд


  „Министерството за култура и туризам нема, ниту може да има улога на суд, обвинител или арбитер кој пресудува врз основа на јавни наративи, синдикални соопштенија или медиумски квалификации. Во културниот систем постојат јасно утврдени институционални хиерархии, менаџерски одговорности и законски процедури, и тие не можат да бидат суспендирани ниту заменети со јавен притисок, без […]

Божиновска: Енергетиката има иднина само со стручно подготвени млади кадри


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска беше во работна посета на Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ – Скопје, каде што се запозна со работата и можностите што ова стручно училиште ги нуди за професионално образование во електротехничкиот сектор и енергетиката. Во рамки на посетата, министерката ја разгледа техничката опрема на училиштето, […]

Фатон Сељами од Тетово избран за нов народен правобранител


Собранието денеска во рамките на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов народен правобранител. За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“. Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и […]

Винисиус добива договор вреден од една милијарда евра


Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид и натаму е неизвесна. Договорот на фудбалерот му истекува во 2027 година, иако во последно време се зборува и за напредок во преговорите за продолжување на соработката. За услугите на играчот интерес има и од клубови од Саудиска Арабија.  –  Не се чувствував добро, особено кога ми свиреа […]

Голем пожар кај Тутунски комбинат во Скопје


Голем пожар избувна пред малку во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје. Столбот од чад е видлив од повеќе делови на Скопје. На местото се пристигнати повеќе пожарникарски екипи, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пламените јазици зафатиле објект и материјали во кругот на комбинатот. Некои од очевидците велат […]

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување


 Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска ги извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата. Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор. Со тренажните активности, додаде тој, била проверена […]

ССМ: Цврсто стоиме зад барањата на работниците и синдикатите во „Македонска пошта“


Иако платата на повеќе од 1.700 вработени во „Македонска пошта“ не е исплатена со протестот и 1.700 семејства беа оставени без плата и за најголемите празници, раководството на „Македонска пошта“, наместо да исплати плата, лиферува лаги и обвинувања кон синдикатите – стои во соопштението на ССМ. ССМ цврсто застанува зад работниците и синдикатите во нивната […]

Објавена е листата на најскапи градови во светот во 2026 


Согласно најновото рангирање на платформата Numbeo, Швајцарија е најскапата земја за живеење во светот. Анализата, ги споредува трошоците во градовите низ целиот свет врз основа на податоци од повеќе од 600.000 корисници. Првите шест места на листата на најскапи градови ги заземаат швајцарските градови. Рангирањето го предводи Цирих, по што следат Женева, Базел, Лозана, Лугано […]

Мојсоска: Одбиени амандманите на Левица за да продолжи неказнивоста за корумпираните


ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за политички систем, на која на дневен ред беше амандманска расправа за Предлог-измените на Кривичниот законик, гласаше против амандманите предложени од Левица, со кои се бараше заострување на казнената политика за кривичните дела сторени од страна на службени и одговорни лица кои вршат јавни функции. Во своето излагање на […]

Левица го поддржа ВМРО-ДПМНЕ и помогна да се изгласа законот од „Безбеден град“


  Левица и ВМРО-ДПМНЕ денеска се најдоа на иста страна за еден многу битен закон со кој може да стартува проектот „Безбеден град“. Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за почеток […]

Македонија2025 ја продолжува Програмата за менторство и пракси


Македонија2025 повторно ја активира Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година, со цел да обезбеди континуирана поддршка за личниот, академскиот и професионалниот развој на младите таленти во земјата. Програмата е наменета за поврзување на искусни професионалци со над 130 стипендисти и ученици од економски загрозени средини, преку структурирано менторство, кариерно насочување и практична […]

ДУИ: Периметар дипломатијата доживеа дебакл во Давос


  Демократската унија за интеграција оценува дека поради погрешните потези Македонија е во длабока меѓународна изолација, каква што државата не памети во поновата историја. „Резултат на оваа промашена политика е дебаклот што премиерот и владината делегација го доживеаја на Светскиот економски форум во Давос – дипломатски пораз кој ја маргинализира и ја става во подредена […]

И со новите измени ВМРО-ДПМНЕ се бори за корупцијата, а не против неа


  Една од најтрагичните фигури на македонската политика, Гордана Јанкулоска, се појави денес во јавноста за да каже голема мисла – дека сите во поранешното СЈО биле „црпнати“ и дека ја утнале мисијата. Ако некој не се сеќава, се работи за поранешна министерка за внатрешни работи, за политичар образуван на еден од врвните универзитети во […]