Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД


САД ќе останат клучен сојузник на НАТО и партнер на Европа, но како приоритет ќе ја постават одбраната на земјата и одвраќањето на Кина, според новата верзија на Стратегијата за национална одбрана на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која беше објавена доцна синоќа и цитирана од ДПА. Во документот се наведува дека Вашингтон ќе продолжи […]

СДСМ: Орбан го шири влијанието на Балканот


СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, кои откриваат како унгарскиот премиер Виктор Орбан го шири своето влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот, се посочува во соопштението од СДСМ.  Од СДСМ посочуваат дека во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои […]

Србија и Унгарија за европската титула во ватерполо


Во финалето на Европско првенство во ватерполо во Белград ќе играат Унгарија и домаќинот Србија. Откако Унгарија ја победи Грција со 15-12 (3-4, 5-4, 4-2, 3-2) во првото полуфинале, Србија синоќа беше убедлива против Италија со 17-13 (5-3, 4-4, 6-3, 2-3) во второто полуфинале. Душан Мандиќ и Страхиња Рашовиќ постигнаа по четири голови за Србија, […]

Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и […]

СДСМ го одржува 31. Конгрес


 Социјалдемократскиот сојуз денеска во Скопје во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи 31. Конгрес. Според информациите од СДСМ, на Конгресот ќе има отворен и работен дел. На почетокот ќе има отворен дел од конгресот, по што ќе следува и обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кое што медиумите ќе можат целосно да го проследат. […]

САД најавија воен самит за безбедноста на западната хемисфера


Највисоки воени претставници од 34 земји ќе се сретнат во февруари за да разговараат за заедничките безбедносни приоритети на западната хемисфера, соопшти американската армија. „Земјите од западната хемисфера делат длабоки историски врски, заеднички вредности и интерес за регионална стабилност што ја поддржува долгорочната безбедност и просперитет на Соединетите Американски Држави и нашето заедничко соседство“, се […]

Во Берово измерени минус 4 степени Целзиусови, на Попова Шапка има 30 сантиметри снег


Со измерена температура од -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7:00 часот беше насјтуденото место во земјава по што следат Попова Шапка и Крива Паланка со -3 , -2 степени се измерени во Пожаране и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, 0 степени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци и […]

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило


 НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило, како и да создаде нова одбранбена зона базирана на роботизирани и автоматизирани технологии, објави ДПА. Мерките имаат за цел да го зајакнат ефектот на одвраќање против Русија, изјави бригадниот генерал Томас Ловин за неделното издание на германскиот весник „Велт“. Според новиот, повеќеслоен […]

Белата куќа објави слика на Трамп со пингвин


Белата куќа објави слика на која се гледа американскиот претседател Доналд Трамп како шета низ снегот со пингвин. Сликата прикажува снежен, леден пејзаж со планини во позадина и широка бела рамнина во преден план. Пингвин носи американско знаме, додека знамето на Гренланд може да се види на рид во далечината. Патем, пингвините се природно распространети […]

Нови руски напади врз Украина: Беспилотни летала погодија болница и породилиште во Харков


Два од најголемите градови во Украина беа под руски напади рано наутро во саботата, при што беа повредени две лица во главниот град Киев и 11 во Харков на североисток, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека двете повредени лица во главниот град се во сериозна состојба и се лекуваат во болница. […]

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби


 Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во овој формат за да ги разгледаат за условите за завршување на четиригодишната војна во Украина, бидејќи Москва продолжува да инсистира Киев да ги повлече своите сили од Донбас, јавија светските агенции. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, спорното прашање за територијата […]

Минеаполис на нозе: Масовен протест против политиките на ИЦЕ и Трамп


Илјадници демонстранти и покрај големиот студ излегоа за да маршираат низ улиците на Минеаполис и да бараат крај на мерките на претседателот Доналд Трамп против имиграцијата во нивниот град, дел од пошироката демонстрација на пркос „ICE Out!“. На денот што започна со температури од минус 29 степени Целзиусови, организаторите рекоа дека дури 50.000 луѓе излегоа […]

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од […]

Стармер гневен на „ ужасните“ забелешки на Трамп за трупите на НАТО во Авганистан


  Кир Стармер упати невидена прекор до Доналд Трамп за неговите „навредливи и искрено ужасни“ забелешки за британските и другите трупи на НАТО во Авганистан и предложи тој да се извини. По еден ден зголемен бес низ целиот свет поради тврдењето на американскиот претседател дека британските и трупите на НАТО кои се бореа во Авганистан […]

Борче Марковски од „Марковски компани“ пуштен од притвор, битолскиот Суд со свое објаснување


Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор. Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското Обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање.  Судот донел одлука за […]

Американците се подготвуваат за „зимска бура на векот“: Температурите би можеле да паднат под -40°C


Соединетите Американски Држави се подготвуваат за она што метеоролозите го предупредуваат како „екстремно опасна“ зимска бура што би можела да погоди голем дел од земјата Се очекува повеќе од 160 милиони Американци да се соочат со невообичаено силна зимска бура, со прогнози за обилни врнежи од снег и замрзнат дожд. ❄️ Historic winter storm will […]

ЕХФ ЕУРО2026: Шведска со пресврт во вториот дел ја совлада Словенија


Кодомаќинот на Европското ракометно првенство Шведска вечерва во Малме ја совлада Словенија со 35-31 во дуел од воведното коло во групата 2 од главната рунда и со триумфот обезбеден во второто полувреме направи исчекор кон пласман во полуфиналето Словенците беа во резултатска предност во текот на целото прво полувреме, кое во неколку наврати изнесуваше највисоки […]

ТикТок постигна договор за продолжување на работата во САД


Компанијата ТикТок соопшти дека постигнал договор што ќе ѝ овозможи на популарната апликација за кратки видеа да продолжи да функционира во Соединетите Американски Држави. Договорот следува по повеќегодишниот спор меѓу Вашингтон и Пекинг, кој започна во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, кога тој безуспешно се обиде да ја забрани апликацијата поради загриженост за […]

Принцот Хари по изјавата на Трамп: Изгубив пријатели во Авганистан


Принцот Хари порача дека за жртвите на британските војници кои служеле и загинале во Авганистан мора да се зборува вистинито и со почит, реагирајќи на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сојузниците од НАТО се држеле настрана од првите линии на војната. Самиот Хари служел во Авганистан како член на Воздухопловниот корпус на британската […]

Сопственикот на барот во Кран-Монтана ослободен со кауција


Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран-Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот. Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале. Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право […]