Советот на ЕУ во конечна фаза ја одобри забраната за увоз на руски гас


Советот на ЕУ денеска во конечна фаза ја усвои Регулативата за постепено укинување на увозот на рускиот природен гас и течен природен гас (ЛНГ) во Европската Унија, која воедно вклучува и мерки за ефикасно следење на оваа забрана и за диверзификација во снабдувањето со енергија. – Од денеска, енергетскиот пазар на ЕУ ќе биде посилен, […]

Судијката до семејствата: Без ред нема судење – ќе бидете исклучени ако се повтори


Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово со сослушување на оштетени и сведоци. Судијката Дијана Груевска се обрати до семејствата на жртвите и ги повика на ред и дисциплина во судницата. „Неколку пати досега се случува да се наруши редот, што ни го […]

Најбогатиот музичар во светот има богатство од 2,5 милијарди долари. Можете ли да погодите кој е?


Бијонсе неодамна ги привлече насловните страници кога се приклучи на елитниот клуб како еден од само петте музичари во светот кои акумулирале нето вредност од повеќе од 1 милијарда долари. Форбс прв ја објави веста, а еден брз поглед на другите музичари на листата открива дека работите одат исклучително добро во семејството Картер бидејќи нејзиниот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски пред да влезе во политиката има добро заработено во енергетиката


  Работејќи во бизнис секторот на енергетика пред да влезе во политиката Христијан Мицкоски има добро заработено соработувајќи со познати светски фирми, одговара ВМРО-ДПМНЕ околу наводите дека нивниот лидер има многу скап часовник, меѓу најскапите од лидерите на НАТО. „СДС изгледа мислат дека имаат многу јака тема за соопштение, па се фатија за вредноста на […]

„Приказната за Силјан“ во фокусот на февруарската програма на Кинотеката


Кинотеката на Македонија ќе ја почне февруарската програма со документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Од 2 до 7 февруари филмот ќе се прикажува од 18 и од 20 часот, а по една проекција ќе има и на 12, 13 и на 14 февруари.  Наградуваниот документарец снимен минатата година е приказна за […]

Пет исчезнати по пожарот во фабрика во Трикала, бројот на загинати се зголеми на четири (видео)


Голем пожар избувна рано утрово во фабрика за бисквити во близина на Трикала, во централниот грчки регион Тесалија, загинаа најмалку четворица, а една жена е исчезната, објави „Катимерини“. Пожарот избувнал околу 4 часот наутро во фабриката „Виоланта“, која се наоѓа на националниот пат Трикала – Кардица. Фабриката работела во моментот на инцидентот бидејќи функционира со […]

Златото ја проби границата од 5.000 долари за унца


Цената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии. Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на […]

Привремената претседателка на Венецуела: Доста со наредбите од Вашингтон


Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави во неделата дека е „доста“ од наредбите од Вашингтон додека работи на обединување на земјата откако САД го уапсија поранешниот лидер Николас Мадуро. Родригез е во деликатна позиција откако доби поддршка од САД привремено да ја води земјата, балансирајќи помеѓу одржувањето на поддршката од поддржувачите на Мадуро и […]

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не може да бидат решение


Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот) треба исклучиво да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот на Западен […]

Вучиќ на седница на Владата ги искара министрите: „Што е ова, луѓе?“


Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера учествуваше на тематската седница на Владата на Србија. На почетокот на седницата, министерот за финансии зборуваше за организацијата на светската изложба Експо 2027. „132 земји го потврдија своето учество. Ова ќе биде најголемата изложба досега. Потпишавме договори со 41 земја, уште 16 договори се подготвени за потпишување. Имаме меѓународна верификација […]

Историска бура: Приватен авион се урна при полетување во САД


Приватен авион со осум лица се урна при полетување на Меѓународниот аеродром Бангор во американската држава Мејн, објави CNN. Состојбата на лицата во авионот кога се случила несреќата е непозната. Инцидентот е пријавен во 19,45 часот по локално време, а во него учествувал авион „Бомбардиер Челинџер 650“. „Екипите за итни случаи остануваат на местото на […]

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“


Со сослушување на сведоци, законски застапници на оштетените, во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката […]

Зошто ни е особено потребен витаминот Д во текот на зимата?


  Во текот на зимските месеци, витаминот Д станува поважен од кога било за нашите тела, иако тогаш е најтешко да се добие природно. Причината е едноставна: витаминот Д најмногу се произведува во кожата под влијание на сончевата светлина, а во зима деновите се пократки, сонцето е послабо и поголемиот дел од времето го поминуваме […]

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци


Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Обвинителството вчера изутрината во состојба на пијанство со присуство […]

Најмалку 11 убиени и 12 ранети во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико


Вооружени лица вчера отворија оган на фудбалско игралиште во централно Мексико убивајќи најмалку 11 лица и ранувајќи 12, соопштија локалните власти. Нападот се случил во градот Саламанка, на крајот од фудбалскиот натпревар, изјави градоначалникот Сезар Прието, пишуваат американските медиуми. Десет лица загинаа на лице место, а едно подоцна им подлегна на повредите во болница. Градоначалникот […]

Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала


Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната […]

Мусети стигна до своето прво четвртфинале на Австралија опен и ќе се соочи со Ѓоковиќ


Петтиот светски рекет, Лоренцо Мусети, ноќеска го победи Тејлор Фриц во четвртото коло на Австралија опен. Натпреварот заврши со резултат 6:2, 7:5 и 6:4. Ова е четвртото учество на Италијанецот во четвртфиналето на Грен слем, а негово прво на Австралија опен. Тој, исто така, ја обезбеди својата 15. победа над играч од Топ 10. Неговиот […]

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД


Зимската бура што ги погоди САД усмрти седум луѓе, а стотици илјади домови се без електрична енергија. Поради лошите временски услови затворени се училишта, патишта, откажани се летови од Тексас до Нова Англија. Најмалку двајца починаа од хипертермија во Лујзијана, и по две лица во Тексас, Тенеси и Канзас. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани пред […]

ЕУ е во трговски проблеми по неуспехот на договорот со Меркосур


На крајот на 2025 година, Урсула фон дер Лајен имаше причина да се надева на трговски договор со Соединетите Држави, договор со Латинска Америка и да се постигне договор со Индија. Сепак, за само неколку дена, Доналд Трамп стана непријателски настроен, преговорите со Индија се одолговлекуваа, а минатата недела Европскиот парламент го поткопа долгоочекуваниот трговски […]

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026


 На Европското ракометно првенство 2026 во текот на денешниот ден ќе се играат натпревари од 4. коло во првата група во Главната фаза. Дербито е во последниот термин, а во него ќе се соочат кодомаќинот Данска и Германија. Данците на овој меч влегуваат со императив победа, бидејќи секој друг исход за нив најверојатно ќе значи […]