Виена по 70 години ќе добие нова арена вредна 400 милиони евра


Во Виена се во тек подготвителни административни активности за изградба на мултифункционалната арена Виена Холдинг Арена со капацитет за 20 илјади луѓе. Ќе биде наменета за спортски настани, концерти, саеми и други големи настани. Ќе биде сместена во третиот округ на Виена, Ној Маркс, на југоистокот од градот, а нејзината изградба треба да започне оваа […]

Германија нуди награда од еден милион евра за апсење на одговорните за саботажа на берлинската електрична мрежа


Германските власти понудија награда од еден милион евра за информации што ќе доведат до апсење на одговорните за саботажа на берлинската електрична мрежа, која остави десетици илјади луѓе без струја со денови, објави ДПА. Министерката за внатрешни работи на покраината Берлин, Ирис Шпрангер, изјави дека сумата ја понудила „федералната влада“, опишувајќи ја сумата како „уникатна“. […]

Најбогатите 10 отсто во Србија поседуваат речиси 60 проценти од богатството


Околу 10 проценти од најбогатите во Србија поседуваат речиси 60 проценти од богатството, додека половина од населението поседува помалку од пет проценти.  Ако се претворат тие бројки во пари – најбогатите 0,001 процент (50 лица) во Србија поседуваат просечно повеќе од 136 милиони евра, додека просечното богатство на посиромашната половина (околу 2,75 милиони возрасни) е […]

Нето вредност на Фил Колинс: Нема да верувате колку е богата легендата на „Џенезис“


Поп легендата Фил Колинс беше во вестите оваа недела, бидејќи откри повеќе за неговата срцепарателна здравствена борба. Само една година откако изјави дека не мисли дека физички ќе може да создава нова музика, Колинс, кој ќе наполни 75 години на 30 јануари, рече дека работите сè уште се многу тешки за него. „(Тоа е) тековна […]

Црна Гора привремено затвори уште едно поглавје од пристапните преговорите со ЕУ


Во рамки на 25-от состанок на Меѓувладината пристапна конференција што се одржа попладнево во Брисел, Црна Гора привремено ги затвори преговорите во рамки на пристапниот процес по Поглавјето 32 – Финансиска контрола. – Задоволна сум што денеска ја гледам Црна Гора како затвора уште едно преговарачко поглавје. Со ова достигнување, привремено се затворени вкупно 13 […]

Берокал нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација


Управниот одбор на Кошаркарската Федерацијата донесе одлука за именување на Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. […]

Минатата година над 5.000 домаќинства инсталирале фотоволтаични системи, за 20 отсто зголемени инвестициите во соларни панели


Чистата енергија не е веќе опција, туку насока. Енергијата што ја користиме денес го обликува општеството во кое ќе живееме утре, порачаа учесниците на денешниот настан „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, што се одржа по повод одбележувањето на 26 Јануари – Меѓународниот ден на чиста енергија. Како што беше речено, економскиот раст и […]

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан протестираа пред зградата на Општината


Кумановци кои работеа за американските компании во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред зградата на општина Куманово. Тие уште еднаш побараа нивното прашање за данок на плата да се разгледа на советот на општината, бидејќи на последната седница градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги информираше советниците за посредувањето за средба помеѓу групата кумановци и надлежните […]

За 14 години во Србија речиси 580.000 повеќе починати отколку родени


Од јануари до декември 2025 година, во Србија е регистрирано намалување на живородените деца – 58.445, што е за 1.866 помалку, или 3,1 процент, во споредба со истиот период претходната година, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Од 2012 до крајот на 2025 година, поради негативен природен прираст, Србија изгуби 579.953 жители. Според податоците на […]

Бошков: Поддршка за превозниците, економијата и граѓаните не може да бидат заложници


Македонската економија и македонските граѓани не може да бидат заложници. Ги поддржуваме превозниците во протестите што ги организираат затоа што сме засегнати и како економија и како граѓани поради недостоинственото спроведување на и тоа како важната безбедносна реформа на Европската Унија, изјави денеска за МИА, Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија. Бошков истакнува дека […]

Токио со солзи ги испрати назад двете панди во Кина


  Илјадници луѓе се собраа во зоолошка градина во Јапонија во неделата за да се збогуваат со последните две џиновски панди во земјата, кои треба да се вратат во Кина во вторник. Емоциите беа високи во зоолошката градина Уено во Токио додека луѓето стоеја во ред – некои и по три и пол часа – […]

Крај на футуристички сон: Саудиска Арабија го „скрати“ Неом, ништо од град долг 170 километри


Амбициозниот проект на принцот Мохамед бин Салман се соочува со реалноста. Водечкиот проект на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, футуристичкиот град Неом, ќе биде значително намален и редизајниран. Пречекорувањата на буџетот, одложувањата и ниските цени на нафтата го принудија Ријад радикално да го промени курсот. Како што објави „Фајненшл тајмс“, прегледот на овој масивен развоен проект […]

Уште еден висок член на конзервативците премина во партијата на Најџел Фараж


  Поранешната министерка за внатрешни работи на Британија, Суела Бреверман, стана најновата пратеничка од Конзервативната партија што пребегна во Реформа. Таа стана третата актуелна пратеничка од Конзервативната партија што се приклучи на партијата на Најџел Фараж во последните единаесет дена, и го зголемува бројот на пратеници на Реформа на осум. Објавена на митинг во Лондон, […]

Тројца сведоци раскажуваа за стампедото при пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари


На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната […]

Најмалку 18 мртви во снежната бура што ја парализира Америка (видео)


Бура ја парализира Америка: Бројот на жртви од снежна бура се зголемува ВИДЕО Најмалку 18 лица загинаа во неколку држави додека бран ледени бури ги зафати САД, објавија денес американските медиуми. Во градот Фриско, Тексас, во близина на Далас, 16-годишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, додавајќи дека девојчето било влечено на нејзината […]

Вратени останките на последниот израелски заробеник во Газа


  Израелската војска соопшти дека останките на Ран Гвили, последниот израелски заробеник во Појасот Газа, се пронајдени, отворајќи го патот за следната фаза од договорот за прекин на огнот договорен во октомври за завршување на израелско-палестинската војна. „По завршувањето на процесот на идентификација од страна на Националниот центар за судска медицина, во соработка со израелската […]

Градот Скопје почна присилна наплата на данок на имот за 2021 година – должат 2,5 милиони евра


Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок. Заклучно со 23 […]

За пет години СДСМ во Битола изгубил 15 илјади гласачи


  БИТОЛА – Пет години наназад СДСМ во Битола тоне во освоени гласови. Лоши резултати за Битола се презентирани на Конгресот на партијата што се одржа овој викенд. Всушност ОО на СДСМ Битола покажува голем пад на гласачкото тело за близу 15.000 гласачи, стои во извештајот на Централниот изборен штаб (ЦИШ) во делот за Битола, […]

Од ЕУ порачуваат дека работат на решение за камионџиите


  Од Делегацијата на ЕУ во Скопје денес, по барање на „Независен“, одговорија дека ги следат внимателно протестите на камионџиите и дека и за нив ова е прашање што привлекува целосно внимание, најавувајќи престојна стратегија за визи – веќе оваа недела. Во одговорот на Делегацијата исто така се потенцира дека во Брисел се свесни дека […]

МВР објави колкави се казните од „Безбеден град“


   Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. ️ Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) до 10 km/h над […]