Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека речиси 300 компании ќе бидат поддржани со грантови во вредност од 25 милиони евра за зелена трансформација. Но, нагласува, таа зелена транзиција треба да се прави чекор по чекор за да не им се нанесе штета на индустријата и на државата. – Да, работиме, практично со агенцијата „Инова“, за […]

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат


Итно се повлекува од македонскиот пазар производот „аптамил АР 2“, енг 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и апелира потрошувачите што го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на […]

Мерц: Енергијата на ветерот е преодно решение, Германија смета на нуклеарна фузија


Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Хамбург изјави дека енергијата од ветропарковите на море за неговата земја претставува само преодно решение, додека во иднина ќе мора да се потпре на енергијата од нуклеарна фузија. Мерц, на самитот на земјите од Северното Море, каде што учествуваа и лидерите на Данска, Белгија, Холандија и Норвешка и договорија […]

Општина Прилеп го воведе електронскиот систем „Е-даноци“ – онлајн плаќање на даноци и комунални такси


Општина Прилеп официјално го воведе електронскиот систем за плаќање на даноци и комунални такси „Е-даноци“, со што граѓаните и компаниите добија можност своите обврски да ги подмируваат онлајн, без потреба од физичко присуство во општинските служби. Преку апликацијата „Е-даноци“, која е достапна на веб-страницата на Општина Прилеп, даночните обврзници – физички и правни лица – […]

Американски агенти на ИЦЕ ќе доаѓаат на Олимпијадата во Милано. Италијанците гневни


  Единица на американски агенти за имиграција и царинска контрола (ИЦЕ) ќе има безбедносна улога на претстојните Зимски олимписки игри во Италија, што предизвика протести и петиции против распоредувањето. Извори од амбасадата на САД во Рим ја потврдија изјавата од ИЦЕ, агенцијата вмешана во брутална имиграциска акција во САД, во која се вели дека федералните […]

Украина поминува низ нов Холодомор, Русија ги убива со студ


По стравичното намерно изгладнување на жителите на Газа, светот допира ново дно, овојпат благодарејќи на Русија. Според Украинците, уништувајќи им ја енергетската структура, Русија спроведува геноцидна хуманитарна војна во Украина. Со денови во најголем дел од државата нема струја и  нема греење, страци се качуваат во згради пешки бидејќи нема лифтови, а некои што се […]

Шефот на кабинетот на премиерот се заканува со тужба за СДСМ


  По прес-конференцијата на СДСМ, на која беа изнесени сомнежи за тендери на високи функционери, прозваниот Владимир Нелоски, шеф на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, се закани со тужба. И рече СДСМ да не поставува прашања, туку да ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесе тужба за клевета. „Ја гледам онаа тирада на […]

Внуката на Трамп: „Мојот чичко има Алцхајмер, како и неговиот татко“


  Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп, сугерираше дека нејзиниот чичко можеби страда од Алцхајмерова болест. Таа им кажа на новинарите дека претседателот има изглед на „елен пред фарови“, што ја потсетува на Фред Трамп, нејзиниот дедо и татко на Трамп, за кого вели дека се борел со болеста. Мери Трамп често е […]

Анкета на УНЕСКО: Антисемитизмот е широко распространет во училиштата во ЕУ


Париз – Повеќе од три четвртини од наставниците во училиштата во Европската Унија се соочиле со антисемитизам во училниците, соопшти денеска организација на ОН за образование, наука култура УНЕСКО, од своето седиште во Париз, на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот. – Анкетата исто така покажува алармантно високи нивоа на негирање на Холокаустот и физичко […]

Ѓорѓиевски и Љутков се фалат: Калето ќе биде жива културна сцена, а има ли кој да го смени знамето?


Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, се прошетаа повторно по Скопското кале, од каде ветуваат дека Калето ќе биде жива културна сцена, но прашањето е кога? Летоска беа со силна механизација од сите општини да го исчистат ѓубрето, а сега, неколку месеци подоцна појдоа да ја согледаат актиелната […]

Националниот џез оркестар со настап со гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона


Националниот џез оркестар со настап со гудачки ансамбл составен од музичари на Националната опера и балет, в петок во 20 часот во Филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона 2026.  Од Националчниот џез оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика. […]

Шест европски земји го загубија статусот на земји без мали сипаници додека случаите нагло растат низ целиот континент


Брисел– Малите сипаници се далеку од болест на минатото, со оглед на тоа што случаите нагло растат низ Европа додека земјите не успеваат да ги постигнат целите за вакцинација, јави Еуроњуз. Ерменија, Австрија, Азербејџан, Шпанија, Обединетото Кралство и Узбекистан повторно воспоставија ендемски пренос на мали сипаници врз основа на бројот на случаи во 2024 година, […]

Светскиот вокален феномен Емели Санде на 7 ноември во Скопје


Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера. На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски“, македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот.   Со повеќе […]

Заврши зимскиот цензус на водните птици во земјава: Дојранско Езеро со стабилни бројки, а на Преспанско и Охридско бележиме флуктуации


Над 35.300 единки од 44 различни видови водни птици беа попишани за време на зимското пребројување на птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво кај нас се случува секој јануари од 2010 година наваму како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. „Споредено со податоците од претходните […]

„Не бев статист во Давос“: Мицкоски за учеството на Светскиот економски форум


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не бил статист и не правел селфија во Давос, каде што минатата недела учествуваше на Светскиот економски форум. Тој детално кажа со кого сѐ учествувал на трите панели и со кои луѓе седел на иста маса за време на свечената вечера на која што бил поканет, но на […]

Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата набавени од САД


Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледа информацијата за потребата на доделување на амандаманот број 2 на договорот за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402). Амандманот се однесува на договорот за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала STRYKER MK‑B‑UCE, склучен помеѓу владите на Република Северна Македонија и на Соединетите […]

УЈП со технички проблеми: Пријавите за ДДВ-4 се поднесуваат последниот ден, па системот паѓа


Во врска со реакциите дека заради технички проблеми во функционирањето на системите на Управата за јавни приходи, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период, ве известуваме дека Управата за јавни приходи тековно превзема активности во рамки на своите надлежности, со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски.  Во […]

Мицкоски барал телефонски да зборува со Лајен за превозниците, но таа била во Индија


Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена. Тој денеска изјави дека ова прашање е отворено уште од септември […]

ССМ ги повика сите утре на протест за платите. Секој има право да протестира, вели Мицкоски


  Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.  Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави […]

Награди БАФТА: „Една битка по друга“ со најмногу номинации – 14


Британската академија за филм и телевизија (БАФТА) денеска ги објави номинираните за своите годишни награди БАФТА, кои ќе бидат доделени на церемонија на 22 февруари во Лондон. „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон води со 14 номинации, вклучувајќи најдобар филм, режисер и адаптирано сценарио. 14 номинации е втор највисок број на номинации забележан од […]