Казахстан сака да купи удели во „Лукоил“: Разгледува опции


Казахстан побара дозвола од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД за да го купи уделот на рускиот Лукоил во заеднички проекти, објави министерот за енергетика Јерлан Акенженов. „Веќе на крајот од минатата година истакнавме дека по закон имаме право на првенствено одбивање ако Лукоил одлучи да продаде средства […]

Филипче: Прилично сум сигурен дека ќе има предвремени парламентарни избори


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека е „прилично сигурен“ дека во земјава ќе има предвремени парламентарни избори, додавајќи дека нивниот термин ќе зависи од повеќе фактори и дека тие може да се одржат на крајот од оваа или на почетокот на следната година. Одговарајќи на новинарско прашање во Собранието,  Филипче оцени дека актуелната Влада […]

Бура ја пустоши Португалија. Стотици илјади без струја, дрвја паднаа врз автомобили…


Бурата Кристин остави повеќе од 800.000 луѓе во централна и северна Португалија без струја утрово, соборувајќи дрвја и електрични столбови, оштетувајќи куќи и нарушувајќи го сообраќајот на автопатите и железниците пред да се прошири во внатрешноста на Шпанија, соопштија властите. Најмалку едно лице загина кога дрво падна врз автомобил во Вила Франка де Ксира, на […]

Доктор вели дека речиси сите погрешно јадат јаболка и компири 


Епидемиологот А, доктор и научник Тим Спектор сподели едноставен совет за подобро здравје што не бара никаков дополнителен напор или трошок. Во телевизиската емисија „Што да не се јаде“, тој истакна дека при подготовка на овошје и зеленчук, вреди да се постави едно прашање – дали воопшто треба да ги лупите? Спектор верува дека во […]

Фицо бил шокиран од менталната состојба на Трамп при нивната средба


  Словачкиот премиер Роберт Фицо им кажал на лидерите на ЕУ на самитот дека неговиот разговор со Доналд Трамп го оставил шокиран од менталната состојба на американскиот претседател, според пет европски дипломати запознаени со разговорот, цитирани од „Политико“. Дипломатите додадоа дека Фицо го употребил зборот „опасен“ за да опише како изгледал американскиот претседател за време […]

Карла Бруни се врати како фатална жена на Модната недела во Париз


Париз – Како една од главните гостинки на ревијата на Schiaparelli за пролет-лето 2026 Haute Couture, Карла Бруни Саркози ја воодушеви публиката со своето магнетно присуство. Облечена во целосно црн ансамбл, поранешната манекенка го отелотвори изгледот на femme fatale, а остави посебен впечаток со фризурата што ја носеше на почетокот на својата кариера. По Неделата […]

Туристите масовно одбегнуваат да патуваат во САД


Оваа година американскиот туризам требаше да цвета. САД не само што ја слават 250-годишнината од својата независност и стогодишнината од легендарниот автопат Route 66, туку се и ко-домаќини на Светското првенство. Под нормални околности, секој од овие настани би донел насмевки на лицата на американските хотелиери и авиокомпании, пишува Би-би-си. Сепак, настаните од изминатата година […]

Укината е неработната недела во Црна Гора, била неуставна


Уставниот суд на Црна Гора ја укинал денеска одредбата од Законот за внатрешна трговија со која се воведоа неработните недели во трговијата оценувајќи ја како неуставна, бидејќи ја нарушува слободата на претприемништвото и принципот на еднаквост на сите пред законот, односно на една група претприемачи им е дозволено да работат во недели и за време […]

Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини […]

Седумнаесет избрани и именувани лица не ги пријавиле фирмите во кои имаат сопственички удел


Регистарот на вистински сопственици, односно луѓе кои имаат корист од една фирма т.е. не само оние кои се регистрирани како директори или сопственици, туку кои крајно имаат корист од таа фирма е основан во 2021 година, но тој речиси и да не се користи од надлежните институции во борбата против корупцијата.  Истражување направено од Центарот […]

Пет основни училишта и три детски градинки во Ѓорче ќе добијат енергетски ефикасни системи за греење


Пет основни училишта и три детски градинки во општина Ѓорче Петров ќе добијат енергетски ефикасни системи за загревање. Како што информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска потпишале Меморандум за соработка со UNOPS во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со јасна цел – подобар квалитет на воздух и енергетски ефикасни јавни објекти. Проектот […]

Европа ги затвора вратите, Шпанија ги отвора: Половина милион мигранти добиваат документи со кралски декрет


Левичарската влада на Шпанија одобри план за забрзана постапка што ќе им овозможи на до 500.000 мигранти без регуларен статус да аплицираат за легален престој, претежно од Латинска Америка и Африка. Овој потег претставува една од најголемите регуларизирања во Европа во последните години и е спротивен на поширокиот тренд во кој многу европски влади заземаат […]

Канада го заострува визниот скрининг за навивачите пред СП 2026


Канадските власти ги засилија процедурите за скрининг за апликации за виза за навивачите кои планираат да присуствуваат на натпреварите од Светското првенство во 2026 година, објави „The Globe and Mail“, повикувајќи се на претставници на Министерството за имиграција и државјанство на земјата. Според изворот, мерката има за цел да спречи потенцијално зголемување на барањата за […]

Скопска зоолошка: Џуџестите мармозети добија близначиња


Скопската зоолошка градина утрово сподели прекрасни вести – добија принова! „Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: Еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња, информираат од Скопје ЗОО преку објава на Фејсбук. Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама. Токму затоа, како што посочија од Скопската зоолошка, и […]

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК


Со 83 гласа „за“ и ниту еден против Собранието го изгласа предлогот Бојан Маричиќ да биде нов претседател на Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК се избира по предлог на опозицијата, а Маричиќ доаѓа на местото на досегашниот претседател Борис Кондарко, кој својот мандат во ДИК ќе го продолжи како член. Маричиќ во владите на […]

Голем пораст на поддршката на граѓаните за влез во ЕУ; ново истражување


  Најновите истражувања на Институтот за демократија Социетас цивилис покажа дека, по долги години пад, расте поддршката на граѓаните за влез во Европската унија. Со оглед на тоа дека расте и евроскептицизмот, ваквиот раст на поддршката се должи на пресвртот кај неопределените и апатичните.  Според директорот на Социетас цивилис, Марко Трошановски, во истражувањето направено во […]

Николоски или Муцунски: Кој е надлежен за проблемите на транспортерите?


  Неколку изјави во последниве денови околу големите проблеми што ги имаат камионџиите на шенгенската територија со правилото за престој 90/180 освен што ја анимираа јавноста за ситуација ги изложија и амбициите во Владата кој да биде предводник на буната на транспортерите. А со тоа и да го зголеми својот политички рејтинг. Министерот за транспорт, […]

Синер го победи Шелтон и си закажа полуфинале на АО со Ѓоковиќ


Мелбурн – Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен во 2026 година. Во четвртфиналниот натпревар, Италијанецот денес го победи Американецот Бен Шелтон во три сета – 6:3, 6:4 и 6:4. Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Синер сервираше пет аса, направи две двојни грешки и реализираше три од 12 […]

Филмски средби и работилници со францускиот продуцент Паскал Јуделевиќ во Скопје


Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија сооштија дека од вчера, вторник 27 јануари 2026, започнаa тридневните професионални филмски средби и работилници со францускиот филмски продуцент Паскал Јуделевиќ, председател на Акажу продуксион од Париз, со четириесетгодишна кариера и повеќе од 30 продуцирани филмови.  Најпрвин,Сашко Потер Мицевски, директор на […]

Грција дава ваучери од 10.000 евра за преселба во конкретни региони


Програмата „Релокација“ на грчката Влада, воведена минатата година за преселба во регионот на Еврос, сега се проширува во шест други области во северна Грција, а граѓаните кои ќе одберат да се преселат ќе добијат финансиска помош од 10.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на летото, во рамките на мерките на грчката […]