Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 јануари 2026 година, 5-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  360 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 17 минути. Денов трае 9 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Ова се најплатените извршни директори во Америка: Технологијата доминира, бонусите далеку над платите


Листата на најплатени извршни директори во Соединетите Американски Држави покажува силна концентрација на екстремно високи приходи во технолошкиот сектор, но и во компаниите што работат во областа на вештачката интелигенција, полупроводниците, софтверот и дигиталните платформи. Вкупната годишна компензација на најплатените извршни директори надминува 100 милиони долари, при што основната плата сочинува само мал дел од […]

Индиските работници имаат највисоки просечни плати во Германија


Индиските вработени заработуваат најмногу пари во Германија, според студија објавена во петок. Бруто средната плата за индиските работници во 2024 година изнесувала 5.393 евра (6.320 американски долари) месечно, соопшти Германскиот економски институт (IW). По нив следуваат Австријците (5.322 евра), Американците (5.307 евра) и Ирците (5.233 евра). Германските вработени имаат просечен бруто приход од 4.177 евра, […]

Обилни врнежи во Сараево: И автомобилите и пешаците се мачат со снегот (видео)


Обилните снежни врнежи што го зафатија Сараево од раните утрински часови предизвикаа големи сообраќајни проблеми низ целиот град, пишува Кликс.ба. Возилата се движат со тешкотии, многу автомобили се борат со снежните наноси на коловозите, додека пешаците исто така имаат дополнителни тешкотии, со оглед на тоа што многу тротоари не се расчистени. Сообраќајот се одвива бавно […]

Јагуриноски го пропушта Европското првенство 2026


Томислав Јагуриноски нема да биде дел од македонската ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година. Десниот бек ќе го прошушти евро-шампионатот поради повреда, информираа од репрезентативниот табор. Конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство селекторот Кирил Лазаров ќе го соопшти во вторник во претпладневните часови. На ЕП 2026, македонската […]

Манчестер сити испушти победа против Челзи и уште повеќе заостана зад Арсенал


Манчестер сити вечерва ремизираше 1:1 дома со Челзи во 20. коло од Премиер лигата. Фудбалерот од средниот ред на Тијани Рејндерс постигна гол во 42. Минута за водство на „граѓаните“, додека гостинскиот играч од средниот ред, Енцо Фернандез, израмни во 90+4. минута. Манчестер Сити со 42 бода е втор на табелата во англиската Премиер лига. […]

(Видео) Мадуро кон федералните агенти на САД: „Добра ноќ и среќна Нова Година“


Николас Мадуро моментално е задржан во Метрополитен притворен центар (MDC) Бруклин во Њујорк, откако беше доведен на помал аеродром во градот синоќа. Снимките објавени од американските власти го покажуваат сега де факто поранешниот лидер на Венецуела како излегува од авион со лисици, опкружен со американски агенти. На објавените фотографии и снимки, Мадуро носи спортска облека […]

Пет земји од Латинска Америка и Шпанија со заедничка изјава против секој обид за контрола на Венецуела


Владите на пет земји од Латибска Америка и Шпанија во заедничка изјава отфрлаат секаков обид за контрола на Венецуела, по вчерачната воена интервенција на САД. Шпанија, Чиле, Колумбија, Бразил, Мексико и Уругвај, изразија загриженост за регионалната стабилност по американските воздушни напади и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, и нивното […]

Трамп: Сами проценете што значи акцијата во Венецуела за Гренланд. Ни треба Гренланд


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во телефонско интервју за „Атлантик“, што се одржа кратко по пристигнувањето во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, повтори дека Венецуела можеби не е последната земја изложена на интервенција на САД. „Апсолутно ни треба Гренланд“, рече Трамп, опишувајќи го островот, кој е дел од Данска, како област „опкружена со […]

Трамп ѝ се закани на в.д. претседателката на Венецуела


Доналд Трамп ја предупреди потпретседателката на Венецуела и вршител на должноста претседател Делси Родригез да не им се спротивставува на САД. „Ако не го стори она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повисока од Мадуро“, изјави американскиот претседател за „Атлантик“ во телефонско интервју утрово според американско време. Трамп додаде дека Венецуела можеби […]

Реал го декласира Бетис


Реал Мадрид вечерва го победи Бетис со 5:1 на свој терен во натпревар од 18. коло на шпанската Ла Лига. Фудбалерот на домаќините, Гонзало Гарсија, постигна хет-трик, додека Раул Асенсио и Фран Гарсија постигнаа по еден гол за мадридскиот тим. Кучо го постигна единствениот гол за гостите. Реал Мадрид е втор на табелата во шпанското […]

Повторно затворен граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција


Грчките земјоделци вечерва повторно го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, блокада, што се очекува да трае до 22 часот по македонско, односно 23 часот по грчко време, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот граничен премин и вчера беше затворен во попладневните часови, […]

Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители


Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен вчера во американската операција за негово апсење, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино. Тој уште еднаш побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не го наведе точниот број на убиени припадници на обезбедувањето на Мадуро. […]

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково […]

Ливерпул испушти победа над Фулам по гол примен во 90+7 минута


Ливерпул ремизираше 2:2 вечерва со Фулам на гостински терен во 20. коло од Премиер лигата. Напаѓачот на домаќините, Хари Вилсон, го отвори резултатот во 17. минута. Играчот од средниот ред на Ливерпул, Флоријан Вирц, постигна гол во 57. минута, а напаѓачот на гостите, Коди Гакпо, му донесе водство на својот тим во 90+4 минута. Во […]

Служба за цивилно воздухопловство на Грција: Масовно попречување на фреквенциите во воздушниот простор


 На 4 јануари 2026 година, во 08:59 часот по локално време, Службата се соочи со масовно попречување на речиси сите фреквенции што го опслужуваат F.I.R. Атина (воздушниот простор на Грција), а истовремено беше забележан пад на комуникациските линии HELLAS COM, како и на телефонските линии за оперативна комуникација, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на […]

Планинарот од Прилеп раскажува како се изгубил на Пелистер: „Ветрот ми го дувна телефонот како пердув“


  Од густата магла ги гледав само моите гојзерици, а од силниот ветер телефонот ми летна како лист. Вака планинарот од Прилеп Милан Јаковоски кој вчера се изгуби на Пелистер, а потоа сам се симна во Ниже Поле објаснува низ што поминал вчера на планина.  Како искусен планинар Јаковоски успеа да се снајде и да […]

Грчките земјоделци в четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција


Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони, в четврток и петок грчките земјоделци ги продолжуваат нивните активности по празниците, согласно одлуките што ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан денеска со учество на претставници на […]

Медведев: Постапките на Трамп се нелегални, но конзистентни


Дмитри Медведев, заменик-претседател на Советот за национална безбедност на Русија, изјави дека постапките на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела се нелегални, но и конзистентни бидејќи тој ги брани американските интереси, објави руската новинска агенција ТАСС. „Мора да се признае дека, освен очигледната нелегалност на однесувањето на Трамп, не можеме да негираме одредена конзистентност во […]

(Фото) Снегот го забели Белград. Откажани летови, бројни проблеми во сообраќајот


Во текот на ноќта и денот, во главниот град на Србија, Белград, падна обилен снег, што предизвика сообраќаен метеж во делови од градот и доведе до откажување на некои летови на аеродромот Никола Тесла.   Дополнително, во некои делови од Србија падна замрзнат дожд. Портокалово предупредување за опасни временски услови е на сила во Белград, […]