Мицотакис на состанокот на „Коалиција на подготвените“ повторил дека Грција нема да учествува во европска воена сила во Украина


Ставот дека Грција нема да учествува во европска воена сила во Украина, го повторил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот на „Коалиција на подготвените“, но паралелно ја оставил отворена можноста Атина да придонесе на други начини, вон Украина, вклучително и во прашања поврзани со поморски надзор, јави дописничката на МИА од Атина. Грчки владини извори […]

На аеродромот во Белград, сообраќајот се одвива нормално, со поединечни доцнења


На аеродромот „Никола Тесла“, сообраќајот се одвива нормално утрово, според планираниот распоред на летови, со поединечни доцнења. Како што наведуваат од аеродромот за Танјуг, сите оперативни служби се ангажирани со полн капацитет за да се обезбеди безбедно одвивање на операциите, непречено одвивање на сообраќајот и минимално можно влијание на временските услови. Како што споменаа вчера, […]

Путин на божиќна служба ја истакна „светата мисија“ на руските војници


Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава присуствуваше на православната божиќна служба во црква во близина на Москва, каде што ја поздрави, како што ја нарече, „светата мисија“ на руските војници да ја бранат татковината. Православните божиќни служби во Русија традиционално се одржуваат околу полноќ и привлекуваат илјадници верници, иако Путин често присуствува на помали богослужби, […]

Македонските ракометари отпатуваа за Швајцарија


Машката македонска ракометна репрезентација во раните утрински часови отпатува за Швајцарија, каде од утре до сабота ќе учествува на „52.то издание на Јелоу куп“ во Винтертур. Со ова почнува нова фаза од подготовките на македонските ракометари за настапот на претстојното Европско првенство. Турнирот ќе се игра во швајцарскиот град Винтертур, а покрај домаќинот Швајцарија ривали […]

Сидни Свини се соблече гола: Познатата актерка во најпредизвикувачко издание досега


Американската актерка Сидни Свини позираше гола за новото издание на списанието W наречено „Најдобри изведби“ и ги воодушеви обожавателите. Таа носеше само златна боја за тело и ѓердан Chopard Haute Joaillerie. Ова нејзино издание потсети на фотографиите што Ким Кардашијан ги направи за списанието во 2010 година. Сидни Свини му се заблагодари на фотографот Тајрон […]

Утринските температури над нулата, најмногу дожд на Попова Шапка и во Пожаране


 Најниска темепратура утрово во земјава од 0 степени е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР. Следат Лазарополе и Mаврови Анови со 2 степени, 4 Kрушево, 5 Скопје-Петровец, Претор, Пожаране, Тополчани, 6 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Ѓуриште, 7 Куманово, Охрид, Битола, 8 Виница, Кавадарци, 9 Велес, Струмица, Штип и 10 степени Целзиусови во […]

Трамп до републиканците: Победа на меѓуизбори или демократите ќе ме отповикаат


 Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди републиканските членови на Претставничкиот дом дека партијата мора да победи на меѓуизборите за Конгресот во ноември 2026 година, бидејќи во спротивно демократите ќе покренат постапка за негово отповикување (импичмент). Таканаречените „меѓуизбори“, кои се одржуваат на половина од претседателскиот мандат, традиционално се сметаат за своевиден референдум за актуелниот претседател. Речиси […]

Виткоф: Постигнат значителен напредок во преговорите за безбедноста и обновата на Украина


Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави дека САД и сојузниците на Украина од таканаречената „Коалиција на подготвените“ постигнале значителен напредок во преговорите за клучни прашања поврзани со безбедноста и економското закрепнување на Украина. „Постигнат е значителен напредок во неколку критични насоки“, наведе Виткоф, вклучително и во однос на рамката за билатерални безбедносни гаранции, како и […]

Регионот во снежна блокада: Во делови на Хрватска наврнаа 61 сантиметри, во Сараево се бараат работници за чистење на снегот…


Во делови во регионот, врнежите од снег предизвикаа сериозни проблеми. Така, во главниот град на Хрватска, Загреб, снегот непрекинато паѓаше од вчера наутро до ноќеска, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот. Поради снег и ветрови со сила на ураган, автопатот А1 во близина на Светог Рок е затворен. Слично е и во Босна и Херцеговина, каде што има […]

Шекеринска во дводневна посета на Португалија


Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе престојува во посeта на Португалија. Како што соопшти Прес-службата на Алијансата, предвидено е денеска Шекеринска во Лисабон да се сретне со португалските министри за надворешни работи Пауло Рангел и за одбрана Нуно Мело, како и со претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело. […]

Во Драч се поплавени 800 домови, евакуирани се 180 жители, опасноста не е помината


 Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу, синоќа го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч во врска со ситуацијата со поплавите во овој регион, каде состојбата е најкритична. По состанокот, министерот изјави дека состојбата со поплавите во регионот Драч сè уште останува проблематична. Според него, околу 800 домови се поплавени, додека 180 […]

Свеченост по повод стартот на кипарското претседавање со ЕУ во Никозија


Во кипарскиот главен град Никозија доцна попладнево ќе се одржи свечена церемонија по повод почетокот на претседавањето на Кипар со Советот на ЕУ од 1 јануари годинава. Според најавата за настанот, предвидено е на свеченоста да има официјални обраќања и говори, како и културно-уметничка програма во режија на Костас Силвестрос. Меѓу најавените говорници на свеченоста […]

(Видео) Дончиќ се надмина себеси: Погледнете ја неверојатната тројка во победата на разиграните Лејкерси


Во богатата вечер на НБА се одиграа шест натпревари, а најинтересно за навивачите е напредокот на Лос Анџелес Лејкерс, кои неодамна почнаа да изгледаат како тимот што сите очекуваат да го видат. Лејкерси ја освоија третата последователна победа против Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 111:103, а Дончиќ го понуди најдоброто од својот арсенал токму кога […]

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик


Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики. По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно […]

Попладне врнежи од дожд, над 25 литри


 Низ земјава денеска ќе преовадува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилн (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 12, а […]

Отворена закана: Белата куќа вели дека користењето на американската војска е „секогаш опција“ за преземање на Гренланд


Белата куќа во вторник соопшти дека претседателот Доналд Трамп разгледува низа опции за преземање на Гренланд, јасно ставајќи до знаење дека употребата на американската војска не е исклучена. „Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека преземањето на Гренланд е приоритет на националната безбедност за Соединетите Американски Држави и дека одвраќањето на нашите противници во арктичкиот […]

Трамп вели дека Венецуела ќе им предаде на САД од 30 до 50 милиони барели нафта


Претседателот Доналд Трамп изјави во вторник вечерта дека привремената влада на Венецуела ќе им предаде помеѓу 30 и 50 милиони барели нафта на САД по драматичното соборување од власт на авторитарниот лидер на јужноамериканската земја, Николас Мадуро, од страна на САД. Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека нафтата ќе се продава по пазарна […]

Книговодствената вредност на НИС е околу 3,2 милијарди евра, а руските акции околу 1,5 милијарди, проценува брокер


Берзарската цена на Српската нафтена индустрија (НИС) во износ од околу една милијарда евра не може да се смета за реална пазарна вредност, а книговодствената вредност на НИС, која е 3,2 милијарди евра, треба да се земе како референтна вредност, изјави брокерот Бранислав Јоргиќ. Јориќ за весникот „Данас“ изјави дека оваа книговодствена вредност е според […]

Мадуро е во затвор во Њујорк, но неговите милиции ја контролираат Венецуела


  Властите на Венецуела распоредија вооружени милиции за патролирање на улиците, управување со контролни пунктови и проверка на телефоните на луѓето во акција за консолидирање на власта по американскиот напад врз Каракас. Паравојните групи познати како „колективос“ го пресекоа главниот град со мотоцикли и автоматски пушки во вторникот, во знак на демонстрација на сила за […]

Трамп – ароганцијата на семоќта


Домашните и надворешните политики на Доналд Трамп – почнувајќи од неговиот обид за државен удар против Соединетите Американски Држави пред пет години, до неговата инвазија во Венецуела минатиот викенд, па сè до неговите сегашни закани против Куба, Колумбија и Гренланд – го поткопуваат домашното и меѓународното право. Но, тоа не е сè. Тие го загрозуваат […]