Рударските комплекси Бучим и Боров Дол се присоединија, продолжуваат како еден правен субјект


Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект. Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во […]

Поевтинува дизелот – ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ


Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Промени има само кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар. Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 75 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР 98+ […]

Возовите за Битола нема да запрат, туку ќе бидат редуцирани


  Редовниот железнички сообраќај на релација Битола-Скопје и обратно ќе има една рестрикција, но не и целосно запирање во периодот на најавената реконструкција на пругата Скопје-Зелениково. Од битолската Железничка станица потврдија дека секојдневно и без пречки од Битола за Скопје ќе се поаѓа во 03,10 часот наутро и во 18,22 часот попладне, додека од Скопје […]

Во Србија од денеска е достапна онлајн платформа за следење на цените во трговските синџири


Во Србија од денеска е достапна онлајн Националната платформа што следи цени во малопродажните синџири. Националната платформа е поместена на сајтот на Министерството за внатрешна и надворешна трговија, а граѓаните можат на неа да ги видат сите цени. Националната платформа со ценовници на трговските синџири се применува согласно „Уредбата за посебни услови за тргување со одредени видови […]

Девизните резерви 4,86 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 19 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,9%), по што следуваат монетарното злато (16,4%) и валутите и депозитите (9,7%).

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност


Евентуална негативна одлука на Врховниот суд на САД во врска со царините наметнати од актуелната администрација  би претставувала „закана“ за американската безбедност, предупреди американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут соушл“. „Најголемата закана во историјата за националната безбедност на САД би била негативна одлука на Врховниот суд во врска со царините“, напиша американскиот претседател. „Би […]

Годишната инфлација во ноември се намали на четири отсто, но месечната скокна за 0,5 отсто


Годишната инфлација, мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.  Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на […]

Целиот државен врв на Анкетната комисија за „Пулс“ – се откажуваа настани, Апасиев не отстапи


  Целиот државен врв – претседателката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, денеска се во Собранието каде присуствуваат на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, каде треба да се расправа по претставка поднесена од родителите на младите лица кои трагично ги загубија животите во пожарот што избувна во кочанската дискотека […]

Македонија ќе стане центар за мигранти и периферија на Европа. Време е за мобилизација, вели Филипче


  Нова гласачка машинерија. Кредит од 6 милијарди евра чеја цена се и мигрантите. Македонија фрлена на периферијата на Европа. Ова се трите главни поенти од денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, целосно посветена на најавите од Британија дека тамошната влада ќе ги испраќа мигрантите кои не добиле дозвола за престој во прифатни […]

Истанбул ја освои Златната награда за најпосакуван европски град од Wanderlust Reader Travel Awards


„Град што изненадува при секоја посета“, е епитетот што го доби Истанбул од читателите на Wanderlust Reader Travel Awards. Ова е годишна манифестација на награди организирана од Wanderlust, една од највлијателните и најреномирани туристички ревии од Велика Британија, чија цел е да ги препознае најпопуларните светски дестинации, градови, региони, острови, како и оператори, авиокомпании или […]

Пауза на пленарната седница за буџетот за 2026 година поради седницата анкетната комисија за „Пулс“


Пленарната седница на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година по експозето на министерката за финансии е прекината по барање на пратеникот на Левица, Борисав Крмов. Тој побара еден час пауза за да може пратениците да присуствуваат на седницата на Постојната анкетна комисија на која треба да се разгледа преставката од семејствата за […]

Дополнетиот Предлог-буџет е инструмент за реални политики и за економски раст, вели Димитриеска Кочоска


Дополнетиот предлог буџет е инструмент за реални политики, за економски раст, за поттик на инвестиции, за нова вредност, за подобри можности и подобар животен стандард на граѓаните. Со него се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата, истакна денеска […]

Аеродром почнува селекција на пластика со 50 домаќинства


Општина Аеродром станува прва општина што започнува реализација на проект за системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата!, се пофалија денеска од оваа скопска општина.   „Секое пластично шише и пластично пакување отсега ќе имаат своја вредност, а сите ние заедно ќе придонесеме за почисто, поодговорно и поздраво општество. Проектот ќе опфати 600 домаќинства, […]

Сорентино и филмот Југо Флорида со Андрија Кузмановиќ на репертоарот на Синедејс


Денес, на претпоследниот ден од 24 издание на фестивалот Синедејс, во киното Фросина, од 20 часот ќе биде прикажан филмот “Помилување” во режија на славниот италијански режисер Паоло Сорентино. Филмот “Помилување” ја имаше својата светска премиера на 82 издание на Венецискиот филмски фестивал, со што се отвори и 82-та Мостра. Токму на овој фестивал, актерот […]

Така се реконструира во Кисела Вода: Колите на тротоари, пешаците на улица


  Општината Кисела Вода ги избрка пешаците на улица и им ги додели тротоарите на автомобилите на реконструираната улица „Георги Димитров“. Тоа е изгледа некаков нов стил во сфаќањето на безбедноста на луѓето, особено откако почна пробниот период на системот на МВР „Безбеден град“. Улицата „Георги Димитров“, кој оди од студентскиот дом „Пелагонија“ и надолу […]

Ангелов: Има загрозени објекти на Водно, проблемот е сериозен – некој може да настрада


На Водно има загрозени објекти и проблемот со свлечишта треба да биде сфатен сериозно, предупреди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Тема на денот“. — Јас верувам дека има загрозени објекти на падините на Водно и дека треба многу сериозно да биде сфатен овој проблем и да не чекаме да […]

Шпанија ќе го започне најголемиот штрајк на лекарите во последните 30 години


Шпанија се соочува со најголемиот штрајк на лекарите во последните три децении од денес, бидејќи регионот Андалузија се подготвува за четиридневни значителни нарушувања во болниците и здравствените центри. Медицинскиот персонал низ целата земја ќе престане со работа од 9 до 12 декември во знак на протест против предложените реформи на законската рамка што ги регулира […]

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е препишана програма „Србија 2030“, оценува СДСМ


  Ништо ново, ништо визионерски, туку само препишана програма од властите во Белград за Србија во 2030. Вака денеска СДСМ го оцени усвојувањето на програмата „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во саботата, на кој за лидер повторно беше избран Христијан Мицкоски. СДСМ вели дека целата програма е научна фантастика, како […]

Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5 отсто, рочноста 2 години


Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре. Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од 2 години и каматна стапка од 4,5% годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари. Проспектот е објавен […]

Филипче: Скандалозно е граѓаните да дознаат за мигрантите од странски медиуми


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е владата на ВМРО-ДПМНЕ со нејзините тајни преговори, разговори и договори, истакна претседателот на СДСМ,Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека наместо конкретни и јасни одговори, власта ја нападна СДСМ со црна кампања. „Кога првпат […]