За опозицијата Предлог- буџетот не ја отсликува економската реалност, за власта не е само бројка, туку одраз на визија


Со серија меѓусебни обвинувања помеѓу пратениците од власта и опозицијата, како и критики во врска со економските политики, степенот на реализација на капиталните инвестиции и третманот на ранливите категории граѓани, денеска, во Собранието продолжи 73. седница на која се расправа за Предлог-буџетот за 2026 година.  Во своето обраќање пратеничката од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на […]

Зеленски: Преговараме за рамковен договор, безбедносни гаранции и обнова на Украина


Украина и нејзините партнери работат на три клучни документи што ја формираат основата на тековните дипломатски напори за завршување на војната со Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. Планот вклучува рамковен мировен договор, безбедносни гаранции и реконструкција на земјата, пишува Киев Индепендент. Зеленски им објасни на новинарите дека главниот рамковен план сега вклучува 20 точки, […]

Меси втора година најдобар во МЛС лигата


Аргентинецот Лионел Меси е првиот последователен добитник на наградата „Лендон Донован“ за најдобар фудбалер во МЛС лигата, откако зад себе остави одлична сезона во која ја освои шампионската титула со Интер Мајами. Меси му се приклучи на Србинот Предраг Радосављевиќ – Преки (1997, 2003 со Канзас Сити) како единствен играч кој двапати ја освоил наградата […]

Мајкрософт ги послуша корисниците: Еве што е различно за Windows 11


Компанијата беше пречекана со силни критики и барање одредени функции на вештачката интелигенција да не се наметнуваат. Мајкрософт објави дека контроверзната функција AI Actions во Windows 11 ќе стане целосно опционална, по бранот незадоволство од корисниците кои се пожалија дека опциите за вештачка интелигенција биле вметнати во нивниот систем иако никогаш не ги активирале. Досега, […]

Австралија од утре официјално им забранува на лицата под 16 години пристап до социјалните медиуми


Австралија од утре ќе им забрани на лицата под 16 години пристап до социјалните медиуми, а тие мрежи ќе се соочат со казни доколку не се придржуваат до мерките. Десет од најголемите платформи добија наредба да ги блокираат децата од полноќ вечерва или да се соочат со казни до 49,5 милиони австралиски долари (33 милиони […]

Путин го повлече рускиот амбасадор во Скопје


  Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој го ослободи Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор во Македонија. Во документот објавен на порталот за правни акти пишува: „Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“.   Нема детали зошто е ослободен од должноста Баздникин. […]

Се урна голем транспортен авион во Русија, нема преживеани


  Руски воен транспортен авион „Ан-22“ се урна во областа Фурмановски во регионот Иваново, според првичните извештаи од руските медиуми. Несреќата се случила на 9 декември, а во неа учествувал тежок транспортен авион од типот „Ан-22 Антеј“, пишува Defense Blog. Во времето на несреќата, наводно, во авионот имало седум члена на екипажот. Ројтерс известува дека […]

Без вода утре делови од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров, без струја делови од општина Бутел


Прекинато водоснабдување утре од 7:30 часот ќе имаат корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај во Општина Сарај, како и повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров. ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради дефект на затворач со […]

Скандал во аргентинскиот фудбал! Рации и апсења во Федерацијата и клубовите


Федерален судија нареди рации во Аргентинската фудбалска асоцијација (AFA) и група фудбалски клубови како дел од истрагата за можно перење пари, објавија локалните медиуми. Федералната полиција влезе во седиштето на AFA во Буенос Аирес во вторник наутро. Рациите се резултат на обвинувања за перење пари поврзани со финансиската компанија Sur Finanzas, објави дневниот весник La […]

Германија прв полуфиналист на женското СП во ракомет


 Германската женска ракометна репрезентација вечерва пред своите гледачи во Дортмунд се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако го победи Бразил со 30:23 (17:11). Германија до победата во првиот четвртфинален натпревар на мундијалскиот турнир ја предводеа Антје Дол со шест и Емили Фогел со пет голови. Во составот на Бразил, Бруна Де Паула беше најефикасна […]

Повторно блокиран преминот „Евзони“ („Богородица“)


Сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) повторно е блокиран од 17 часот, поради продолжениот штрајк на грчките земјоделци. Ова е втор прекин денеска, откако Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) претходно информираше дека преминот бил затворен од 11 часот, а нормализиран околу 15 часот. Според АМСМ, блокадите се случуваат во различни периоди од денот и веќе неколку […]

Врховниот суд на Грција бара од обвинителите да интервенираат доколку земјоделските блокади ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот


Обвинителите, со помош на надлежните полициски органи да интервенираат во случаите кога се вршат кривични дела што се гонат по службена должност, побарал обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас, во наредбата испратена до обвинителите во целата земја доколку со земјоделските блокади се нарушува безбедноста во сообраќајот, јави дописничката на МИА од Атина. – […]

Кинезите и Русите ја тестираат Јужна Кореја – нестабилност во регионот


Кина и Русија денес спроведоа заедничка воздушна патрола над Источнокинеското Море и западниот Тихи Океан, додека Јужна Кореја соопшти дека кинеските и руските авиони накратко влегле во зоната на нејзината воздушна одбрана. Во соопштението на кинеското министерство се додава дека патролата е извршена во согласност со годишниот план за соработка на кинеската и руската армија. […]

Годинава 67 новинари го загубиле животот, најмногу во Газа и во Мексико


Во текот на последната година, 67 новинари го загубиле животот при извршување на својата работа, при што повеќето од нив станале жртви на војни или криминални мрежи, соопшти денеска меѓународната организација за човекови права „Репортери без граници“ (Reporters Without Borders). Податоците, кои го покриваат периодот од декември минатата година до почетокот на декември оваа година, […]

Микро, малите и средните компании може да донесат економски раст до 7 проценти, оценуваат од ССК


Микро, малите и средните компании се столбот на македонската економија и со соодветна поддршка можат да генерираат раст од пет до седум проценти, оцени претседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Горан Ѓорѓиевски на денешниот настан по повод одбележувањето на Денот на коморите под мотото „Економија и проекти – […]

Со тврд предмет нападнат човек во Чаир


Два инциденти се регистрирани вчера на подрачјето на Чаир.  – На 08.12.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.К.(43) од сelo Драчевица, општина Студеничани, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет го нападнал М.Ч.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен […]

Мајките од Кочани го повикаа и Мицкоски на одговорност


  „Денес не видовме ништо од нашата правда. Ако не си го кажеме и нашето – толку ќе биде“. Со овие зборови мајка на едно од загинатите деца во Кочани ја опиша денешната расправа на Постојаната анкетната комисија на Собранието за трагедијата во „Пулс“, на која дојде целиот државен врв, се фотографираа и си заминаа […]

Шест средни училишта во Скопје добиваат нови подлоги на спортските терени


Средните скопски училишта добиваат нови и модерни спортски терени, се пофали денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, а од фотографиите во прилог, се гледа дека на веќе постоечки терени се поставува пластична подлога, наменета за  игра на надворешни услови. – Горд сум кога нашата визија што ја градиме, полека добива своја форма, што ми дава уште поголема […]

Владата донесе одлука за разрешување на Коцевски, направил многу грешки


  Изгледа доаѓа крајот за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Владата на денешната седница усвоила предлог за негово разрешување и ќе го достави до Собранието. Портпаролката на Владата, Марија Митева, попладнево во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено […]

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан


 Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Белград дека најдобра идеја би била сите кандидати од Западен Балкан да бидат примени во ЕУ заедно како полноправни членки и дека тоа ќе го предложи на состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Ако прифатите еден, или двајца, или тројца од нас, тогаш што […]