Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче ќе го смени изгледот на маалото


Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче, кој треба да биде на располагање на потребите на Скопје Град на културата 2028, треба да биде готов до крајот на 2027 година. Центарот се наоѓа во срцето на ново Лисиче зад спортскиот центар „Марко Божиновски“, а неговата изградба ќе чини 99 милиони денари во прва фаза, доделени од Владата […]

Можни се излезни решенија за ЕУ, тврди Сиљановска


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е можна промена на заклучоците на ЕУ за земјава, како и излезно решение за проблемот со Бугарија, но оти одлуката за тоа не ја носиме ние. – Од наша призма можно е да се смени заклучокот, но не ја носиме ние одлуката. Точно е дека ние сме разговарале за […]

Судењето на Блејк Лајвли против Џастин Балдони одложено за мај 2026 година


Лос Анџелес – Долгоочекуваното судење на актерите Блејк Лајвли и Џастин Балдони е одложено за два месеци. Граѓанската тужба, која беше поднесена поради обвинувањата изнесени од Лајвли за време на снимањето на филмот „It Ends With Us“, требаше да започне на 9 март 2026 година, но новиот датум на судењето сега е 18 мај 2026 […]

Е-фактурата ќе се тестира од 1 јануари, ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури ќе се минимизира


Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.  Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам,  рече дека е избран модел со […]

Во 2026 ќе се спроведе попис во земјоделството, во Предлог -буџетот се предвидени средства


Собранието денеска во рамки на 73. седница ја продолжи расправата за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2026 година. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата ги вкрстија ставовите во однос на планираниот буџет за следната година.   Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, одговарајќи на забелешките на опозоцијата во однос на Дополнетиот буџет […]

Фетаи: Предлогот за разрешување на Коцевски е добро образложен, очекувам да помине


Мислам дека целиот проблем околу корупцијата на високо ниво се состои во правосудниот систем. Затоа е и покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител. Мислам дека судскиот систем треба да се реформира. Работиме во таа насока со нашите партнери, изјави денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарски […]

Сиљановска: Обвинителот треба да е отпорен на политички влијанија


Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарско прашање каква личност смета дека треба да биде на […]

Хрватска откри ново наоѓалиште на гас во северен Јадран


Хрватска откри ново наоѓалиште на гас во Јадранското Море со потенцијал кој се проценува на околу 220 милиони кубни метри гас, што е околу 1,3 милиони барели нафтен еквивалент, објави tportal. Тест-производството започна два месеци пред предвидениот рок, а дневното производство изнесува 120.000 м³ природен гас, што потврдува дека бунарот IKA A-1 R DIR е […]

Формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад за Пелагонискиот регион


Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион денес, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад […]

ЕК најавува „енергетски автопатишта“ за намалување на трошоците и зголемување на енергетската независност


Европската комисија денеска предложи Европски пакет за енергетски мрежи, со кој се превидува модернизација на постојната инфраструктура и создавање на т.н. „енергетски автопатишта“ со што ќе се овозможи ефикасен проток на енергија низ сите земји членки, поевтина чиста енергија и забрзување на електрификацијата. Се проценува дека на овој начин ќе се придонесе за намалување на […]

Трамп се врати во кампања по критиките дека не е во контакт со животот во САД


  Доналд Трамп се обиде да го рестартира своето ослабено претседателство во САД на настан во стилот на митинг со бран лажни тврдења за економијата и ксенофобични напади врз имигрантите и „земјите кенефи“. По поразите на републиканците на изборите и критиките дека не е во контакт со кризата со прифатливоста на цените во Америка, говорот […]

Започна Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“


 Во Скопје почна регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“, кој се очекува да донесе нови заложби, продлабочена координација меѓу земјите од регионот и напредни пристапи во борбата против корупцијата, вклучително и користење на технологија и вештачка интелигенција. Меѓу другите, на настанот обраќања имаа и собранискиот претседател […]

„Анима Мунди“: Денес се одлучува дали убиството на коњите ќе биде казнето или затскриено


Денес, во Кривичниот суд, продолжува судењето за грозоморно убиените коњи во ЗОО Скопје – животни кои биле под институционална грижа, а завршија убиени: измачувани, заклани на најбрутален можен начин, велат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди. „Ова не е обично рочиште – ова е момент кога државата ќе покаже дали е способна да […]

Уште една трагедија во Азија: Пожар зафати станбена зграда во Кина, загинаа 12 лица


Пожар во станбена зграда во јужниот кинески град Шанту одзеде 12 животи, објави државната новинска агенција Синхуа. Пожарот избувна синоќа во 21:20 часот во четирикатна зграда и беше изгаснат околу 40 минути подоцна. Истрагата за причината за пожарот е во тек. Инцидентот се случи откако бројот на жртви од најсмртоносниот пожар во Хонг Конг во […]

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето


Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше доделена наградата „Пегаз“ за 2025 година на писателката Фросина Пармаковска за романот „Кривата Дијана“. Кон наградата и победничкиот роман се осврнаа Иван Додовски (професор, писател, книжевен и театарски критичар) и Бисера Бендевска (уредничка […]

Страшна несреќа во Мароко: Се урнаа две згради, 19 лица загинаа


Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се повредени при уривањето на две згради во мароканскиот град Фес. Според прелиминарните официјални податоци, во инцидентот загинаа четири деца, а 16 лица се повредени, меѓу кои и две бремени жени. Три лица се тешко повредени. Сите повредени брзо се префрлени во Универзитетската болница „Хасан II“ за да им […]

„Државната лотарија“ ќе ја организира новогодишната прослава – Каролина и Тамара Тодевска на плоштад


Град Скопје со скромни средства ќе се обиде да го накити градот предновогодишно, а за дочекот на Нова година, прославата ја организира „Државната видео лотарија“.  Како што рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Град Скопје, „Дражавна лотарија“ ќе ја организира прославата, а негов услов бил на новогодишната ноќ да настапуваат  македонски […]

„Комунална“ и „Паркови“ ќе ја завршат годината со половина плата


Со половина плата ќе ја завршат годината вработените во јавните претпријатија „Комунална хигиена3 и „Паркови и зеленило“, затоа што состојбите во нив уште не секонсолидирани. Другите јавни претпријатија изминатиов период зеле и по две плати во еден месец, за да се надополнат заостанатите, соопшто градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Советот […]

Современ и клинички супериорен пристап во кардиохирургијата: Во Клиника Жан Митрев изведена минимално инвазивна операција на срце без сечење на градната коска


Во Клиника Жан Митрев, кардиохируршкиот тим предводен од д-р Митрев, успешно изведе современа минимално инвазивна операција на срце, позната како MIDCAB (минимално инвазивен директен коронарен артериски бајпас). Операцијата се изведува преку мал засек меѓу ребрата, без сечење на градната коска и без употреба на апарат за вонтелесна циркулација. Со оваа техника се постигнува реваскуларизација, односно се подобрува крвотокот кон срцето, додека останатите […]

Во 2025 година руската армија зазеде 0,77 отсто од територијата на Украина


  Од 1 јануари оваа година, руските трупи презедоа контрола врз 4.669 квадратни километри украинска територија, што претставува 0,77% од вкупната територија на земјата (вкупно 603.628 квадратни километри), според Институтот за проучување на војната (ИСВ). Оваа бројка претставува зголемување од 22 проценти во споредба со 2024 година, кога руските сили окупираа 3.734 квадратни километри украинска […]