Невзат Бејта најави кандидатура за градоначалник на Гостивар


Невзат Бејта на повторените избори за градоначалник на Гостивар, ќе го бара третиот мандат. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и дека ќе има поддршка од коалицијата Вреди. – Почитувани граѓани на Гостивар, согласно резултатите од анкетите и по консултациите со лидерите на Вреди, беше одлучено кандидат на Вреди за овие […]

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ слави 90 години постоење


Здружението планинарско-спортски клуб „Пелистер“ – Битола, најтрофејното и најстарото национално планинарско-спортско друштво на Република Македонија, формирано во 1935 година, слави 90 години постоење. Во рамки на јубилејната програма, вечер во Битола пред планинарите и рекреативците од градот и држава, ќе гостува д-р Сашко Кедев, кој во битолскиот театар ќе ја претстави преентацијата „14х8000 метри“, а […]

Поранешниот претседател на Боливија, Арсе приведен под обвинение за корупција


Поранешниот претседател на Боливија, Луис Арсе е приведен под обвинение за корупција. – Оние што крадеа од оваа земја ќе вратат сè и ќе одговараат пред суд, изјави боливискиот потпретседател Едманд Лара. Арсе е обвинет за проневера на средства од Фондот за домородни народи во периодот од 2006 до 2014 година, кога беше министер за […]

Сабаленка нема да го промени своето спортско државјанство


 Белоруската тенисерка Арина Сабаленка изјави дека нема планови да го промени своето спортско државјанство. – Јас служам како пример за децата, а промената на моето државјанство не е за мене бидејќи не сакам да ги предадам. Затоа, би сакала да ја претставувам Белорусија токму за децата од оваа земја да можат да ме видат како […]

Во октомври издадени 446 одобренија за градба, 22,9 отсто повеќе од лани


Во октомври 2025 година се издадени 446  одобренија за градење, што е за  22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе  во споредба со […]

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и академската заедница. Министерката на отворањето ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, во кое ќе ги потенцира актуелните предизвици […]

Судот потврди дека шведската принцеза Софија се среќавала со Епштајн


Стокхолм – Американскиот финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн и шведската принцеза Софија се сретнале неколку пати во Њујорк пред таа да се омажи за принцот Карл Филип во 2015 година и да стане принцеза на Шведска, покажаа документите од истрагата за Епштајн. Протечените документи и е-пошта од истрагата за осудениот и сега починат сексуален […]

„Музика.Сега!“ – концерт на Филхармонија со виолинистот Александар Земцов


Оркестарот на Македонската филхармонија в петок во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Музика. Сега!“ на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Земцов од Германија. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со ружа“ оп.59 од Рихард Штраус. […]

Санкциите сепак имаат влијание. Русија не може сама да гради модерни воени авиони


Документите што неодамна протекоа од руски производител на воздухопловни компоненти даваат редок увид во тековната борба на Москва да ги заобиколи меѓународните санкции. Тие откриваат дека Русија продолжува во голема мера да се потпира на странска прецизна технологија за производство на своите воени авиони од следната генерација, пишува Киев Пост. Истрагата, објавена од ИнформНапалм со […]

Членка на НАТО ги прогласи САД за потенцијална закана


Данските разузнавачки служби за прв пат ги идентификуваа САД како потенцијална закана за безбедноста, што е директен резултат на потезите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и геополитичките тензии околу Гренланд. Претходната идеја на Трамп за можна анексија на тој остров би создала преседан што би можел да ја оправда руската окупација на украинскиот Крим. […]

Без струја делови од Илинден и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе останат корисниците на улица „Бунарџик“ во Општина Илинден, информира РЦУК-Скопје. Струја од 09:00 до 15:00 часот ќе немаат и дел од корисниците на улиците „Мице Козар“ и „Ѓуро Салај“ во Општина Ѓорче Петров.

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица утрово се одвива нормално


Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) утрово се одвива нормално. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.  АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, […]

Сончево со наместа зголемена облачност во утринските часови


Времето денска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени […]

Доналд Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“


Брисел – Претседателот на САД, Доналд Трамп е прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во 2025 година во традиционалниот годишен избор на бриселскиот портал „Политико“ на 28-те најмоќни луѓе во европската политика. Иако, традиционално изборот на најмоќна личност вклучува само Европејци, односно лица кои живеат или работат на европскиот континент, годинава „Политико“ направи исклучок со оценка […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, откако на вчерашното рочиште одбраната на обвинетите […]

Фон дер Лајен и Кошта по средбата со Вучиќ: Сакаме да видиме демократска Србија во ЕУ


Белград –  Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта, синоќа во Брисел објавија дека остануваат целосно посветени на тоа да видат демократска Србија во Европската унија. Фон дер Лајен и Кошта објавија на „X“ дека разговарале со српскиот претседател Александар Вучиќ за важноста од забрзување на реформите, […]

Еврогрупата ќе избира свој нов претседател меѓу Белгиецот Ван Петегем и Гркот Пиеракакис


Брисел – Министрите за финансии на земјите членки на Еврозоната денеска во Брисел треба да го изберат новиот претседател на Еврогрупата. Во трка за оваа позиција се белгискиот вицепремиер и министер за буџет и административно поедноставување Винсент Ван Петегем и грчкиот министер за финансии Киријакос Пиеракакис. И двајцата доаѓаат од редовите на партии членки на […]

Исланд ќе го бојкотира Евросонг 2026 поради учеството на Израел


  Исланд ќе ја бојкотира Евровизија 2026 поради учеството на Израел, објави националниот радиодифузер RÚV. Соопштението доаѓа само една недела откако четири други земји потврдија дека се повлекуваат од натпреварот следната година во знак на протест против учеството на Израел, објави Euronews. Во соопштение потпишано од генералниот директор Стефан Еириксон, RÚV рече дека одлуката на […]

Томовски најавува саем во Скопје, жичница од градот до средно Водно и нов владин авион


Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски синоќа најави дека е можно Скопје наскоро да добие Саем, но и жичница од болницата во Козле до средно Водно. Како што информира Томовски во гостување на „Сител“, се размислува и за набавка на нов владин авион зашто „Лирџетот“ е стар веќе 20 години, […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 11 декември 2025 година, 345-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]