Оперскиот пејач Џубилант Сајкс (71) избоден до смрт, уапсен неговиот син (31)


Лос Анџелес – Номинираниот за Греми оперски и госпел пејач Џубилант Сајкс почина на 71-годишна возраст откако беше избоден до смрт во својот дом во Калифорнија. Полицијата го уапси неговиот 31-годишен син Мика Сајкс под сомнение за убиство, објави „Гардијан“. Според соопштението од Полициската управа на Санта Моника, полицајците одговориле на повик на 911 за […]

Хамас: Разоружувањето би било „како да се извади душата“


Исламистичката милитантна организација Хамас е подготвена да го складира своето оружје во Појасот Газа, но не планира да го предаде како што е предвидено во американскиот мировен план, изјави за телевизијата Ал Џезира шефот на Хамас во странство, Халед Машал. Планот, кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп и беше поддржан со резолуција на ООН, […]

Форбс: Урсула фон дер Лајен е најмоќната жена во 2025


Њујорк – Листата на 100 најмоќни жени во 2025 година од американското списание Форбс  ја рангира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прво место. Уредничкиот одбор наведува дека таа е првата жена на таа позиција, одговорна за законодавство кое влијае на повеќе од 450 милиони Европејци. На второто место на листата е […]

Италијанците живеат најдолго во Европа


Рим – Очекуваниот животен век во Италија достигна 84,1 години, највисок во Европската Унија, заедно со Шведска, според податоците од извештајот „Здравствени профили на земјите од ЕУ 2025“ на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Според извештајот, ова ниво на очекуван животен век го надминува нивото пред пандемијата на коронавирусот за шест месеци, објави […]

Финансискиот план на МАПАС за 2026 го помина собранискиот комисиски филтер


Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска едногласно ги изгласа Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и согласноста за Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2026 година. Претставникот на Агенцијата […]

Ќерката го гребела и влечела полицаецот, таткото се заканувал – Продолжен притворот за говедарите од кривопаланечко


Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик. – Станува збор за татко и две ќерки кои на 2 декември, во местото викано “Самоков”, во близина на кривопаланечкото село Луке, спречиле службени […]

Се уредува плоштадот „Македонија“: Се заменуваат оштетените плочки, се чистат фонтаните…


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук сподели дека деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Како што вели, го средуваат она што со години било запоставено, а требало да се одржува секојдневно. „На плоштадот ‘Македонија’ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на […]

Филипче: Напаѓачот на „Инфомакс“ е член на ВМРО-ДПМНЕ


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одржа вонредна прес конференција на која го осуди нападот врз редакцијата „Инфомакс“, нарекувајќи го најголем напад на медиум по тој на А1 телевизија. Според него, владата на ВМРО-ДПМНЕ почнала да го спроведува српското сценарио па ги повика сите останати политички партии, невладини организации, студенти и други фактори да им […]

Кристофер Вокен проговори за ноќта кога „се удави“ Натали Вуд


Кристофер Вокен ретко зборувал за ноќта кога почина Натали Вуд. Но, актерот – кој бил на јахтата „Сплендор“ со неговата колешка од „Брејнсторм“, нејзиниот сопруг Роберт Вагнер и капетанот на бродот Денис Даверн, за време на викендот за Денот на благодарноста во 1981 година – дал долго интервју на истражителите, кое неодамна го доби „Нешнал […]

Најмоќниот транзит пристигнува на 15 декември и им носи на сите знаци силна енергија: Вратите на неверојатни можности се отвораат


Влегувањето на Марс во Јарец ја завршува годината, но исто така отвора нова, па затоа делува како мост помеѓу она што го оставаме зад себе и она што го градиме. Кога Марс се придружува на енергијата на Јарецот, успехот не доаѓа брзо, но доаѓа сигурно. Моќен, амбициозен и упорен Марс влегува во полето на Јарецот […]

Пробиен уште еден тунел на пругата кон Крива Паланка


  Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот Фејсбук профил објави видео од пробивање на 14. тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.  „Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија“, напиша […]

Андоновски: Филипче гласал за изградба на камп за мигранти во 2018 година


Министерот Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци. Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни […]

Левица за нападот на „Инфомакс“: Власта мафијашки ги заплашува новинарите


  Нападот во реадкцијата на „Инфомакс“ и тоа за време на емитувањето на емисијата со голема гледаност, „Тешки муабети“, предизвика реакции од многу страни и во голема мерка е протолкуван како силин притисок врз слободата на медиумите и слободата на говорот. Во својата реакција Левица вели дека нападот „претставува уште еден алармантен доказ за мисловниот […]

Досегашниот претседател на Управен суд ќе биде в.д. претседател до избор на нов


Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов. Ваква одлука денеска донесе Судскиот совет на денешната 533. седница. Беше кажано дека на 14 декември на Сејдини му истекува мандатот, па затоа се бира в.д. претседател до избор на нов.  Сејдини ги исполнил потребните критериуми за […]

ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“


ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници. Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат, се наведува во соопштението од партијата, што МИА го пренесува интегрално. Слободата на медиумите, […]

Конечно, „женската вијагра“ е тука: Може да им помогне на дури 20 милиони жени


Повеќе од 30 години откако Вијаграта се појави на пазарот и го промени сексуалниот живот на мажите, нов третман ветува дека ќе им понуди исто решение на жените на кои им е потребна помош во спалната соба. Соочени со секојдневниот стрес и стареење, многу парови се борат да најдат време за интимност. Притисокот да се […]

Објавена книгата на Никола Саркози „Дневникот на еден затвореник“


Објавена е книгата на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози „Дневникот на еден затвореник“. Мемоарите го опишуваат престојот на 70-годишниот поранешен француски претседател како затвореник број 320535 во ќелијата 11 во затворот Санте во Париз, каде што поминал речиси три недели откако бил осуден на пет години затвор по обвинение за нелегално финансирање на неговата […]

Реакција на ЗНМ: Брутален напад на „Инфомакс“


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата, се вели во реакцијата за […]

Идрис Елба планира да се откаже од глумата, открива што сака да прави


Идрис Елба, еден од најпознатите актери на денешницата, планира голема промена во својата кариера. Ѕвездата на серијата „Лутер“ откри дека се надева дека на крајот ќе се откаже од глумата за целосно да се посвети на режијата. Тој ја сподели оваа желба со публиката за време на гостувањето на Меѓународниот филмски фестивал „Црвено Море“ во […]

Истражување: Oпaѓа користењето на религијата во политичките кампањи


  Новото истражување „Религијата во политичките кампањи“, спроведено во ноември 2025 година од Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), порталот Religija.mk и Фондацијата Конрад Аденауер, покажува дека опаѓа влијанието и употребата на религијата во политичките кампањи во Македонија, но и дека дел од граѓаните сè уште ја препознаваат како фактор во изборниот процес. Според […]