Прегазен пешак во Илинден


Вчера утрото, часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско патничко возило „застава“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.В.(72) од с.Марино, скопско удрило во Д.С.(46) од с.Кадино, скопско кој бил паркиран со товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки и во моментот бил надвор од возилото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил […]

Полицајци и адвокат од Штип ќе одговараат за спречување прибирање докази во казнена постапка


Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.  Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавата, пријавените во текот на месец септември […]

Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК во Скопје


Во тек е протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг под обвинение за воени злосторства.   Присутни се поголем број граѓани, со албански знамиња и обележја на ОВК, а улицата која води кон паркингот во ТЦ Мавровка е затворена за сообраќај. Од […]

Светско првенство: Пет милиони барања за билети со голема побарувачка


ФИФА објави дека примила пет милиони барања за билети од повеќе од 200 земји во првите 24 часа откако започна третата фаза од продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Фудбалските фанови од повеќе од 200 земји поднеле пет милиони барања за билети за првото Светско првенство со […]

ГП Евзони е повторно затворен за сообраќај


Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај од 11 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Фреквенцијата на сообраќај на патните правци надвор од градовите е умерена. На македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ потсетува […]

Ангелов реагира за протестот: Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да одговараат


На најавата за протестот од страна на Али Ахмети, со реакција денеска се огласи Стојанче Ангелов, кој порача дека сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да одговараат согласно меѓународното право, вклучително и оние кои во 2001 година извршиле воени злосторства во Македонија. „Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да […]

Собранието не може да му го одземе имунитетот на Јанчев, без барање од надлежните


Откако се појавија барања за одземање на пратеничкиот имунитет на Сашко Јанчев од Левица, кој предизвика сообраќајка во која повредена е млада девојка, Собранието тврди дека такво нешто може да направи по официјално барање на надлежен орган, што досега не се случило „Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање на имунитет […]

ЗХГ: Министерството за животна средина со децении противзаконски толерирало трујачи


Министерството за животна средина обидувајќи се да се покрие за едно злодело призна друго! Призна дека со децении противзаконски толерира трујачи, дека иако не постои ниеден закон со кој труењето може да биде деловна тајна, тие тоа го дозволувале и дека со новиот криминален закон само си го легализираат злоделото, велат од Зелен хуман град. […]

За првпат во Македонија е изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација


На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за прв пат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет (Sprengel deformity), во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција.   Интервенцијата претставува значаен чекор во јакнење на капацитетите на […]

(Вознемирувачко видео): Групна тепачка во училиштето „Дитурија“ во Сарај, ученици снимаат наместо да реагираат


    Вознемирувачко видео од групна тепачка на ученици во дворот на централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај се шири на социјалните мрежи.   Снимката прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат, разменувајќи боксови и клоци. Особено загрижувачки е фактот што дел од присутните деца околу нив не преземаат ништо за да го […]

За девет месеци албанските иселеници дома испратиле 817 милиони евра


Парите што албанските емигранти им ги испраќаат на своите семејства дома брзо растат, што го одразува новиот бран на емиграција. Според Централна банка на Албанија, дознаките достигнале 817 милиони евра во периодот јануари-септември годинава, што е зголемување од 5,9 отсто во споредба со истиот период минатата година.  -Само во третиот квартал, емигрантите испратиле 285 милиони […]

Џони Штулиќ по долго време со ново музичко дело (Видео)


Бранимир Џони Штулиќ, по долго време, се враќа на она што го прави најдобро. Toj ja претстави новата верзија на песната „Bez mene“ на својот YouTube канал, потврдувајќи уште еднаш дека, и покрај долгогодишната дистанца од јавната сцена, тој сè уште активно снима и објавува свои дела, пишува Kultura24. Новата верзија на една од најпознатите […]

Актерот Питер Грин, Зед од „Палп фикшн“ пронајден мртов во својот стан во Њујорк


Американскиот актер Питер Грин, најпознат по своите улоги во „Pulp Fiction“ и „Mask“, почина на 60-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот долгогодишен менаџер Грег Едвардс, а ја објавија и американските медиуми. Грин беше пронајден мртов во неговиот стан на Долниот Ист Сајд во Њујорк доцна попладне во петок, 12 декември. Полицијата соопшти […]

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија


Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Дескоска преку својот фејсбук профил информира дека изборот го сфаќа како признание за својата активност и за досегашниот придонес во работата на Комисијата. -Денеска сум избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија, која ја одржува својата 145та сесија на 12 и 13 декември во Венеција. Во текот […]

Пристигна наодот од обдукцијата на убиената и закопана жена во Гостивар


Од Обвинителство информираат дека завршена е обдукцијата на починатата и според првичниот наод таа е лишена од живот со огнено оружје. По наредба на јавен обвинител, се врши вештачење на траги подигнати од неколку локации. Се вршат и претреси и се преземаат други истражни дејствија. Краткотрајниот притвор за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, […]

Ким ги пофали војниците од Северна Кореја кои се бореа за Русија


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги пофали офицерите и војниците за нивното „херојско однесување“ и „масовен хероизам“ на церемонија за добредојде на инженерска единица на армијата по служењето во Русија, објави во саботата севернокорејската новинска агенција KCNA. Во говорот на церемонијата, објави KCNA, Ким ги пофали офицерите и војниците од 528-от инженерски полк на Корејската […]

Ахмети повика на протест „Јас сум УЧК“ денеска на плоштадот Скендербег во Скопје


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку објава на Facebook вчера повика на протест, кој ќе се одржи денеска, 13 декември, во 13 часот, на плоштадот Скендербег во Скопје, со слоганот „Јас сум УЧК“. Во објавата Ахмети наведува дека протестот има цел барање правда и отфрлање, како што посочува, на измислените обвинувања на Србија и Русија […]

ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања: Спасовски дозволил незаконски профит и ја загрозил безбедноста на граѓаните објави


ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања на адреса на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека наместо да ја штити безбедноста на граѓаните, тој ја загрозил преку институционална негрижа и непостапување согласно законските обврски. Од партијата наведуваат дека за станицата за технички преглед во општина Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но и […]

Катица Јанева си замина дома на условен отпуст


Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделава го напушти КПУ „Идризово“, каде од 2021 година издржуваше затворска казна, пренесе СДК. Како што изјави директорот на затворот Зоран Јовановски за СДК.МК, Јанева е пуштена на условен отпуст и до истекот на седумгодишната казна (до 2027 година) ќе има обврска […]

СДСМ: Измислен судир ЗНАМ–ДПМНЕ, бегаат од темата со мигрантите


Поминаа две недели откако во британските медиуми изби скандалот дека ВМРО-ДПМНЕ договара прифаќање мигранти во Македонија, а досега нема ниту еден став од ЗНАМ за оваа тема, сметаат од опозициската СДСМ. – Молчат. Не кажуваат ниту збор. И за Резолуцијата не се произнесоа, исто како и нивниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ. Но, вчера видовме реакција на […]