(ФОТО) Фатени шверцери со стотици парчиња брендирана гардероба и алат на автопатот Табановце-Куманово


Спречен шверц и запленети 272 парчиња разновидна брендирана роба и 174 парчиња разновиден рачен алат без документација. Како што информираа од МВР, вчера (14.12.2025) на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишиле од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје. Полициските службеници, […]

Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот


Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2026. На настанот што ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар, поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер


 Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен. – На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој,  по завршување на ракометен натпревар што се одржа […]

Најстудено утрово во Петровец и Берово, измерени минус 6 степени


Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка со еден степен, соопшти УХМР. […]

СДСМ утре ќе го бира новото раководство


Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека утре ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство. Филипче вчера во изјава за централниот дневник на „Сител“ рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе […]

Цените на нафтата паднаа за повеќе од четири проценти минатата недела


Цените на нафтата паднаа за повеќе од 4 проценти минатата недела на глобалните пазари, губејќи ги сите добивки од претходните две недели, бидејќи се очекува понудата повторно да ја надмине побарувачката следната година Цената на барел на лондонскиот пазар падна за 4,1 процент минатата недела, на 61,12 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за […]

Доларот годинава потона 13 отсто во однос на еврото


Доларот изгуби дури 13 проценти во однос на еврото оваа година. Се очекува доларот дополнително да ослабне следната година, но не толку значително. Просечните прогнози на стратезите во најважните финансиски институции зборуваат за дополнителна девалвација на доларот од три проценти во однос на кошничка валути, бидејќи се очекува ФЕД дополнително да ги намали каматните стапки. […]

Филипче: Бегаат од резолуцијата, затоа што има договор „мигранти за пари“


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во  интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител, изјави дека власта одбива да ја поддржи предлог-резолуцијата на СДСМ затоа што постои договор за носење мигранти за пари. „Зошто не ја потпишат нашата предлог Резолуција во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти […]

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри


Автобус што превезувал ученици на матурска екскурзија се урна во клисура длабока 80 метри во Колумбија. „Повеќе од дванаесет лица“ ги загубија животите, наведе гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени. Без да наведуваат извори, медиумите објавија најмалку 16 загинати. Учениците од 11-то,последно, одделение се враќале од одмор […]

Утрово, почувствуван земјотрес на северот од Македонија


Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија. Жители на Скопје и околината сведочат дека почувствувале кусо, но силно тресење. Некои велат […]

Израелскиот премиер до Сиднеј: Признавте палестинска држава, поттикнувате омраза кон Евреите


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди вчерашниот вооружен напад на прославата на еврејскиот празник Ханука во Сиднеј, велејќи дека го предупредил својот австралиски колега дека поддршката на земјата за палестинската државност ќе го поттикне антисемитизмот. Две вооружени лица отворија оган за време на прославата на првата ноќ на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, убивајќи […]

Костимите на Ношпал изложени во Париската Опера: Ова е врв за еден костимограф и дизајнер


По неговите најдобри  и воедно најтешки проекти — кои ја одбележаа неговата кариера —реализирани надвор, во големи и познати театарски куќи: Силентиум во  славниот театар „Бољшој“ во Москва, Лебедово езеро и Оревокршачка во Операта во Лајпциг; Атмосфери во Балетот на Рајна во Дизелдорф; Калигула во Сент Гален, Швајцарија; големиот број балетски претстави во ХНК — Сплит и ХНК — Риека; Песни без зборови — […]

(Видео) Објавена снимка од падот на огромниот руски воен транспортен авион. Се распадна во воздухот


Рускиот канал „Маш“ на Телеграм објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го прикажува авионот како се распаѓа во воздух. Авионот Ан-22 се урна минатиот вторник. Руската државна новинска агенција Тасс објави, повикувајќи се на службите за итни случаи, дека сите седум членови на екипажот загинале во несреќата. […]

Суд во Хонг Конг го прогласи за виновен 78-годишниот медиумскиот тајкун Џими Лаи, му се заканува доживотен затвор


 Суд во Хонг Конг го осуди медиумскиот тајкун Џими Лаи, прогласувајќи го виновен за заговор за дослух со странски сили и за објавување бунтовнички материјали. ДПА пренесува дека 78-годишниот основач на продемократскиот весник „Епл дејли“ е прогласен за виновен по сите три обвиненија, од кои две се однесуваат на дослух со странски сили.  Лаи се […]

Македонија, Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум, регистрира Енергетската заедница


Северна Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум – регистрира Енергетската заедница за сработеното во 2025 година кога енергетиката е во прашање. Во најновиот Годишен извештај на Енергетска заедница во кој се мониторира имплементацијата на реформите во земјите членки се нотира дека „Северна Македонија и Србија докажаа дека може да се постигне ефикасно спроведување […]

Без струја денеска Горно Нерези, Глуво и Мирковци


Од 9 денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Горно Нерези во општина Карпош и корисниците од селата Глуво и Мирковци во општина Чучер Сандево. Прекинот, како што информира РЦУК повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, ќе трае до 15 часот. 

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“


 На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови […]

„Чин на чисто зло“: Австралискиот премиер го осуди терористичкиот напад на плажата Бонди


Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска го осуди терористичкиот напад на плажата Бонди како „чин на чисто зло“, бидејќи полицијата потврди дека најмалку 16 лица, вклучувајќи го и еден од напаѓачите, загинаа во вчерашниот напад, пренесе ДПА. Две вооружени лица отворија оган врз семејства на плажата во Сиднеј на првиот ден од еврејскиот фестивал Ханука. Во […]

Објавен конкурсот за „Роман на годината“ за 2025


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци […]

Последна овогодишна сесија на Европарламентот


Декемврискиот Самит на ЕУ предвиден за 18 и 19 декември, постепено укинување на увозот на руски природен гас и плановите за зајакнување на европската одбрана ќе бидат главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Во рамките на оваа последна сесија на ЕП оваа година ќе биде доделена и наградата за слобода на […]