ДПА: Жените во Германија сѐ уште заработуваат многу помалку од мажите


Жените во Германија повторно заработуваат значително помалку од мажите оваа година, објави денеска Федералниот завод за статистика. Тие заработувале 22,81 евра на час (26,82 долари), што е за 4,24 евра помалку од мажите, што значи дека разликата во платите останала непроменета на 16 посто. Во 2024 година, оваа бројка се намалила за два процентни поени […]

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година


Од 15 декември почна процесот на заверка на корисниците за т.н. пензионерски билет за новата 2026 година, извести ЈСП Скопје. ЈСП Скопје издаде соопштение до своите корисници на билети за возрасни лица од старосна група над 62/64 години дека заверката на истите за 2026 година може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи […]

ВЛЕН: Се затвора едно од најзлоупотребуваните прашања -правичната застапеност


Коалицијата ВЛЕН соопшти дека се затвора едно од најдолготрајните и најзлоупотребувани политички прашања – правичната и соодветна застапеност. Како што наведуваат од ВЛЕН, новиот Закон за правична и соодветна застапеност претставува конкретен и мерлив правен механизам, со кој принципот што со години се користеше како политички слоган и алатка за манипулација конечно се претвора во […]

Сите дубари на Државна лотарија: Немаат пари ни за исплата на добивки


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, за 2024 година. Со извршената ревизија, се воздржуваме од изразување на мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и изразивме неповолно мислење за […]

Ленче Карпузовска од „ЕВН Македонија“ е добитничка на признанието PRO PR Globe Awards


На 27 март 2026 година, во рамки на PRO PR Меѓународната конференција во хотелот „Хилтон“ во Подгорица, ќе бидат доделени престижните признанија PRO PR Globe People Achievement Awards. Добитниците на ова признание ги номинираат поранешни лауреати, меѓу кои и пет светски комуникациски здруженија: Public Relations and Communications Association (PRCA) – Здружение за односи со јавност […]

„Форбс“: Илон Маск тежи 600 милијарди долари


Илон Маск стана првата личност чија проценета нето вредност достигна 600 милијарди американски долари, според пресметките на списанието „Форбс“ објавени вчера. Зголемувањето е поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, „Спејс-Икс“, од страна на некои вработени и инвеститори. „Форбс“ ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност […]

Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар


Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината. Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, […]

Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА


Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА. Американецот ги предводеше стрелците во натпреварот против Јута (133:140 по продолжение), постигнувајќи 42 поени, седум скока и шест асистенции. Флаг е првиот избор на НБА драфтот во 2025 година. Оваа сезона, тој има просек од […]

Одржан традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар


Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија во Скопје се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овој пат збогатен со настап на музичари од Централниот оркестар на Вооружените сили на Романија. По пречекот на претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и интонирањето на химната […]

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „360 Степени“ истакна дека додека СДСМ беше на власт, приоритет во услови на кризи беше заштитата на граѓаните и економијата, за разлика од денешната состојба со енергетскиот сектор.   „Кога ние во еден добар дел од нашето владеење сме соочени со криза што треба да направиме, да […]

Реката Тигар може да исчезне! – Ќе ја спаси ли договорот „нафта за вода“


Познатата река Тигар во Ирак, крвотокот на древна Месопотамија, се соочува со закана од пресушување и сериозно загадување. Доколку не се преземат итни мерки за нејзино спасување, животите на древните заедници што живеат на нејзините брегови ќе бидат неповратно променети, пишува „Гардијан“. Еден од оние чија судбина зависи од реката е шеикот Нидам Креиди ал-Сабахи, […]

Американската сурова нафта најевтина од 2021 година


Цената на американската референтна нафта падна на најниско ниво од февруари 2021 година, бидејќи трговците ги разгледуваа обновените знаци на оптимизам во врска со договорот за прекин на војната во Украина и мешаните економски податоци од Кина. Средната сурова нафта од Западен Тексас падна под 57 долари за барел во слабата трговија пред божиќните и […]

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки


Соединетите Американски Држави му понудија на Киев безбедносни гаранции по урнекот на НАТО, бидејќи американските и европските преговарачи објавија напредок во разговорите за прекин на војната на Русија во Украина, но договор за територијални отстапки е сè уште далеку. Емисарите на американскиот претседател Доналд Трамп ја дадоа безбедносната понуда за време на разговорите со украинскиот […]

Лукашенко: Мадуро е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата


Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговиот венецуелски колега, претседателот Николас Мадуро, е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата, но дека за тоа не е разговарано со Мадуро. Лукашенко ова го кажува во интервју за американскиот канал Њузмакс (Newsmax) што беше објавено синоќа на каналот Телеграм што е поврзан со администрацијата на Лукашенко. Веќе […]

САД: Осуммина убиени во нови напади врз сомнителни бродови за дрога


 Американската војска соопшти дека вчера извршила уште три напади врз наводни бродови за шверц на дрога во меѓународни води во источниот Пацифик, при што вкупно загинале осум мажи. Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата „X“ соопшти дека бродовите транспортирале наркотици по познати рути за шверц. Информациите не можеа независно да се потврдат. Според SOUTHCOM, […]

Трамп ургира кај Си за ослободување на медиумскиот тајкун Џими Лаи


Американскиот претседател Доналд Трамп повика на ослободување на медиумскиот тајкун Џими Лаи, кој е во затвор околу пет години и е истакната личност во продемократското движење во Хонг Конг. Зборувајќи откако Лаи вчера беше осуден за наводни прекршувања на законот за национална безбедност на Хонг Конг, наметнат од Пекинг, Трамп рече дека разговарал со кинескиот […]

Седум лица загинаа при пад на мал авион во централно Мексико


 Најмалку седум лица загинаа при пад на мал авион во централно Мексико, а уште три се водат како исчезнати, соопштија синоќа мексиканските воздухопловни власти, јави ДПА. Несреќата се случила во индустриска зона во  градот Толука, во близина на локалниот аеродром.  Нема пријави за повредени лица на земја, но ударот на леталото предизвикал пожар, пренесува германската […]

Германски земјоделци протестираа поради ниските цени во „Лидл“: Четвртина килограм путер за помалку од едно евро


Низ цела Германија, земјоделците протестираа со трактори против ниските цени на млекото и путерот во Лидл и другите дисконтни продавници. Пред седиштето на Лидл во Бад Вимпфен, полицијата изброи околу 140 возила, а здружението на земјоделци дури 250. Путерот во моментов е поевтин отколку што бил подолго време. Трговските синџири неодамна повторно ги намалија цените. […]

Кушнер се откажал од планот за изградба на Трамп хотел во Србија, пишува Волстрит журнал


  Џаред Кушнер се откажа од планираниот проект за изградба на Трамп хотел во Белград откако проектот предизвика протести и обвинение против висок српски политичар, објави денес Волстрит журнал. „Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се […]

Албанезе: Нападот на плажата Бонди е поттикнат од „идеологијата на Исламска држава“


Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека напаѓачите одговорни за терористичкиот напад на плажата Бонди се чини дека биле под влијание на идеологијата на Исламска држава, пренесе ДПА. „Се чини дека ова било мотивирано од идеологијата на Исламска држава“, изјави Албанезе за Еј-Би-Си Сиднеј (ABC Sydney). Идеологијата на Исламска држава „доведе до оваа идеологија на […]