Заклучоци на Данското претседателство за проширувањето: Кандидатите за членство да работат на забрзување на својот пат кон ЕУ


Советот на ЕУ ја потврдува геостратешката важност на проширувањето, како значаен придонес кон европскиот мир, безбедност, стабилност и просперитет во 21-от век и тој процес мора да остане ефикасен, заснован на заслуги и кредибилен, врз основа на Копенхашките критериуми и утврдените принципи и методологија. Ова се наведува во Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, […]

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија пред пратениците


Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел.  Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември  од страна на вицепремиерот и министер за транспорт […]

Уставни измени, па одење понатаму: Данска ги објави заклучоците за проширувањето на ЕУ


  Советот на ЕУ го поздравува одржувањето на интеграцијата во Европската унија како стратешка цел на Северна Македонија и ја повикува земјата да ги интензивира напорите за унапредување на реформите поврзани со пристапувањето кон Унијата. Ова се наведува во делот посветен на земјава во Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, кои откако не беа […]

Трамп нареди целосна блокада на санкционираните танкери за нафта на Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека наредил „тотална и целосна блокада“ на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од Венецуела. – Венецуела е целосно опколена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка. Таа само ќе станува поголема, а шокот што ги очекува е како ништо што досега не […]

Белата куќа во итна контрола на штетата по интервјуто на шефицата на кабинетот на Трамп


  Сузи Вајлс, потценетата, но влијателна шефица на кабинетот на претседателот Доналд Трамп, го критикуваше начинот на кој главниот обвинител Пам Бонди го водеше случајот со Џефри Епштајн и понуди необичен став за својот шеф и оние во неговата орбита во интервјуа објавени во вторник во „Венити фер“, кои го ставија Западното крило на Белата […]

Едно од најбогатите саудиски семејства главен кандидат за купување на имотот на „Лукоил“


  Саудиската компанија „Мидад енерџи“ се појави како од водечките кандидати за меѓународните средства на „Лукоил“, објави Ројтерс, повикувајќи се на три лица запознаени со ова прашање. „Мидад енерџи“ е дел од една од најголемите холдинг компании во Саудиска Арабија, која работи низ целиот Блиски Исток, а нејзиниот извршен директор има врски со разузнавачките служби. […]

СДСМ ќе има двајца потпретседатели – Јована Тренчевска и Александар Трајановски


  Централниот одбор на СДСМ на вечерашнава седница го избра новото раководство на партијата. Партијата ќе има двајца потпретседатели наместо досегашните четири: тоа се пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, и лекарот Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник за општината Аеродром. И двајцата се избрани како предлози на лидерот […]

Новата чешка Влада го отфрли пактот за миграција на ЕУ и планот за тргување со емисии ETS2


Новата чешка Влада, на денешната прва седница, го отфрли пактот за миграција на Европската Унија и планот за тргување со емисии ETS2. Согласно предизборните ветувања, партијата АНО на милијардерот и премиер Андреј Бабиш и неговите десничарски партнери во владејачката коалиција, веднаш се фокусираа на миграцијата и на системот за тргување со емисии ЕТС2. Владата тврди […]

Унгарија склучи договор со американски „Шеврон“ за снабдување со гас


Унгарија денеска соопшти дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“. – Новиот договор, склучен меѓу „Шеврон“ и унгарската јавна електроенергетска компанија МВМ, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри ТНГ (LNG) годишно во следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-министерот […]

Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка


Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денес ја објави листата на потесен избор на филмови кои ја продолжуваат трката сè до последните финални номинации кои ќе се објават на 22 јануари 2026 година. “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите предикции важеше за […]

Спречете ја кондензацијата на прозорците во текот на зимата со овие едноставни методи


Кондензацијата на прозорците е чест проблем во текот на зимските месеци, особено во домовите со поголема влажност и лоша вентилација. Иако е природен феномен, продолженото задржување на влага на стаклото може да доведе до мувла, оштетување на рамките на прозорците и влошување на квалитетот на воздухот во затворен простор. Кондензацијата се јавува кога топол, влажен […]

СПАК бара од Собранието да го одземе пратеничкиот имунитет на вицепремиерката Балуку, со цел нејзино апсење


 Специјалното обвинителство  против корупција и организиран криминал (СПАК), попладнево побара од албанскиот Парламент да и го одземе пратеничкиот имунитетот на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, за да се овозможи нејзино апсење. На 31 октомври СПАК поднесе обвинение против Балуку, под сомнение за сторени прекршоци при доделувањето на тендери и корупција тешка […]

Агелер: Без разлика на преговорите за членство во ЕУ, реформите треба да продолжат


 Без разлика  дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и сите би сакале  да видиме повеќе напредок на тој план. Тоа го порача вечерва американската амбасадорка во државава Анџела Агелер, зборувајќи за македонските евроинтеграции во гостување во „Тема на денот“ на ТВ […]

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина


Унгарија го блокира годишниот документ за ставот на Европската Унија за процесот на проширување поради нејзиното отфрлање на преговорите за пристапување на ЕУ со Украина, изјави данската министерка за европски прашања, Мари Бјере Владата на премиерот Виктор Орбан соопштила дека нема да поддржи позитивна оценка за пристапувањето на Украина, според данската министерка. Сепак, тој елемент […]

ФИФА наградата „The Best“ за Дембеле


Фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Усман Дембеле ја освои наградата „The Best“ за најдобар фудбалер на светот во 2025 година. Наградата сосема заслужено му припадна на Дембеле, кој имаше извонредна година. Со својата екипа ПСЖ триумфираше во Лигата на шампионите, француското првенство, францускиот куп и Супер купот на Франција. Главни конкуренти му беа Килијан […]

Милановиќ: Руските средства се суверена сопственост и не се чепкаат


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Братислава предупреди дека зад ставот „Украина да не прифати“ нешто во мировните преговори, што, како што рече, го слуша од многумина „што се прават паметни“ од ЕУ, стојат уште неколку стотици мртви. – Немам храброст да давам совет на кој било народ што да прави во такви моменти. Она […]

Отворен шалтер за „Безбеден град“


Министерството за внатрешни работи извести дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има […]

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?


Земањето магнезиум може да ви помогне да ги задоволите вашите дневни потреби за оваа важна хранлива материја, а исто така може да го подобри високиот крвен притисок, да ги ублажи главоболките и да го поддржи мирниот сон. Магнезиумот може да се зема во кое било време од денот, со или без храна. Сепак, најдобро е […]

Собранието ја изгласа потребата од носење Предлог закон за Судски совет


Со мнозинство гласови, пратениците во Собранието денеска ја изгласаа потребата од носење Предлог-закон за Судски совет, кој се проследува на второ читање. Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон е започната нова ера на работа и функционирање, во која што секој важен и суштински закон за граѓаните на Република […]

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та


 Европската комисија денеска, во пакетот мерки претставен во Стразбур, најави дека ќе ја ублажи својата забрана за продажба на нови бензински или дизел автомобили до 2035 година, како резултат на големиот притисок од автомобилската индустрија и лидерите на неколку земји-членки на ЕУ, меѓу кои се Германија и Италија. Според важечкото законодавство во ЕУ, производителите беа […]