Случувањата во Бугарија не би требало да влијаат врз изградбата на пругата од Коридорот 8, вели Николоски


Актуелните случувања во Бугарија не би требало да влијаат врз текот на процесот за изградба на пругата од Коридорот 8, смета вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – Работиме и ние и Бугарија. Мислам дека веќе сме во фаза каде што политиката нема влијание на целиот овој проект, вели Николоски. Тој денеска во изјава […]

Велика Британија ќе префрли 2,5 милијарди фунти на Абрамович во фонд за Украина


Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека Велика Британија парите од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи на рускиот милијардер Роман Абрамович ќе бидат префрлени во хуманитарен фонд за Украина. – Можам да објавам дека одобруваме трансфер на 2,5 милијарди фунти од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи, пари кои беа замрзнати во 2022 година. Мојата порака до […]

„Вратата на Трамп е затворена за Вучиќ“: Српскиот претседател преку Генералштабот ги прокоцка шансите со Вашингтон


  Одлуката на компанијата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од проектот „Генералштаб“ во Белград е повеќе од јасен доказ дека српскиот претседател Александар Вучиќ ги пропуштил сите свои шанси со Вашингтон. Надворешно-политичкиот аналитичар Бошко Јакшиќ го истакнува начинот на кој е објаснето повлекувањето на Американците од проектот, со оценка дека […]

Доделено признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година


Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по КОВИД-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна […]

Измените и дополнувањата на Законот за буџети и Законот за експропријација го минаа комисискиот филтер


Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница ги изгласа и ги даде на натамошна постапка измените и дополнувањата на Законот за буџети и Законот за експропријација, и давата по скратена постапка. Членовите на Комисијата позитивно се изјаснија и по Предлогот на закон за гаранција по однос обврските по Договорот за заем за финансирање […]

Концерт на Раде Шербеџија на 23 јануари во Филхармонија


Еден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, заедно со својот бенд Западни колодвор, доаѓа во Скопје на 23 јануари 2026 година, на концерт во Филхармонија, кој носи вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања. Раде Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот, поезијата и музиката природно се преплетуваат. […]

Новиот план за просторно планирање на државата е во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година


Наредната година се планира да биде донесен Предлог-планот за просторно планирање на ниво на држава. Во моментот, тој е во фаза на Нацрт-план кој е предаден на доработка во Министерството за животна средина и просторно планирање. Новиот план за просторно планирање ќе биде за период до 2040 година.  Директорот на Агенцијата за планирање на просторот […]

За еден ден 47 пријави за корупцијата на платформата МИЦКО, објави СДСМ


  Опозициската СДСМ објави дека само за еден ден имало 47 пријави за корупција на платформата МИЦКО што тие ја креираа. „47 различни пријави за само еден ден на платформата МИЦКО. Македонија се крена против корупцијата. Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и документи на нашата дигитална платформа за борба […]

„Врв ми беше кога ‘Нешнл џиографик’ го купи „Силјан“: Тамара Котевска за прекинатиот лет до Оскарите


Македонската приказна за Силјан штркот силно одекна во светот, ама не стигна до Оскар. “Приказната за Силјан”  на Тамара Котевска не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите предвидувања важеше за кандидат за Оскар. Американската академија за филмски уметности и наука синоќа ги објави потесните листи за номинација за […]

Пет девојки од Желино претепале 19-годишна жителка на истото село


Тетовската полиција поднесе кривична пријава против пет жени од тетовското село Желино поради физички напад врз 19-годишна девојка од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. […]

И ДСЗИ истражува дали имало пропуст кај починатото новороденче


Колабирано белодробно крило, отежнато дишење, прекумерна акумулација на течност (едем) во интрацелуларните или екстрацелуларните простори на мозокот и кардиореспираторна инсуфисиенција е причина за смртта на новороденчето на В.И. од Арачиново, според медицинската документација која ја обезбеди Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ова денеска го истакна директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, кој рече дека до министерот […]

Маж од Виница, со „пежо“ излетал од патот и загинал


На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По […]

Пред 20 години Бутан забрани продажба на тутун – мерката не даде резултати


На денешен ден, 2004 година, Бутан ја забрани продажбата на тутун и стана првата држава во светот што законски ги исфрли тутунските производи од пазарот. Согласно Законот за контрола на тутунот, и покрај тоа што пушењето не беше прогласено за нелегално, цигарите веќе не можеа да се купуваат од продавниците, а увозот на тутун беше […]

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба – меѓу нив и Орце Ѓорѓиевски


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откри дека вкупно 54 градоначалници (поранешни и новоизбрани) не ја исполниле законската обврска за пријавување на својот имот по Локалните избори 2025 година. 35 поранешни градоначалници не поднеле изјава по престанокот на функцијата. 19 новоизбрани градоначалници не пријавиле имот во законскиот рок од 30 дена по изборот. ДКСК […]

Од Католички Божик и за Нова година доаѓа  вистинската зима


Конечно од Католички Божик 25 декември се гледа крајот на натпросечно топлото време за декември и конечно доаѓање на вистинската зима, снегот  и на многу ладното време во Европа, Балканот  и во Македонија, предвидува метереологот Славчо Попоски. И годинава нема најава за снег за Нова година. туку исклучиво студено време, особено во утрата, и со […]

Србија во самоизолација, нема да има никој на самитот ЕУ-Западен Балкан


  Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник. „За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот […]

Норвешка ќе испрати помош за ПВО системи на Украина во вредност од 246 милиони евра


Норвешката влада денеска соопшти дека на Украина ќе ѝ успрати помош во ракети за системи за противвоздушна одбрана (ПВО) во вредност од 3,2 милијарди норвешки круни (246 милиони евра). Во соопштението се наведува дека Норвешка ќе испрати ракети за украинските ловци Ф-16 (F-16) и други системи за противвоздушна одбрана.

„Танец“ го откажа годишниот концерт заради ненадеjната смрт на Симеон Чулев


Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја известува јавноста дека се откажува годишниот концерт кој беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на нашиот долгогодишен колега, истакнат играорец, солист и кореограф Симеон Чулев. Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од […]

До понеделник стабилно време, од вторник локален дожд


 До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 2 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 6 до […]

Николовска, Андоновски и Чепишевска: Зошто Раде Силјан е столб на македонската култура


Раде Силјан е еден од носечките столбови на македонската култура. Половина век, со неговото творештво, како еден од стожерните автори, тој ги исцртува магистралните текови на македонската книжевност. Силјан е полиграф што оствари и остварува голем дел од најзначајните културни мисии за Македонија, не само како поет, книжевен критичар и антологичар, туку и како уредник, […]