Основната каматна стапка на ЕЦБ останува на два проценти


Европската централна банка (ЕЦБ) денеска донесе одлука да ја задржи основната каматна стапка на непроменето ниво на два проценти, нагласувајќи дека новите економски прогнози отсликуваат посветла иднина за економијата на Еврозоната по една година нестабилност. Денешната одлука следи откако, Банката пред три месеци ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Еврозоната за оваа година […]

Беџети: Потребна е фискална консолидација


Оценување на макроекономските состојби и ризици, сочинување на фискалните политики и надгледување и надзор над фискалните правила се трите главни столба на Фискалниот совет во државата. Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети кој по потпишувањето на меморандумот за соработка со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски одговараше на новинарски прашања рече дека […]

Комисијата на бугарското собрание го ратификува договорот за тунелот на Деве Баир


  Договорот за изградба на тунел на железничката линија на Коридорот 8 е тест за Бугарија, но е уште поголем тест за Македонија, која е кандидат за членство во ЕУ. Се очекува проектот да биде готов до 2028 година. Ова го изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов за Бгнес. Тој тоа го […]

Филков како сменетиот Коцевски, тврди дека има алармантен недостиг на кадри во судството


 Надзорот спроведен од Министерството за правда покажа алармантни податоци: пополнетост на судиски места од 67 проценти (432 од 636) и судска служба со само 36 проценти пополнетост, што директно влијае врз ефикасноста и должината на судските постапки, соопштил министерот за правда Игор Филков на 9-от состанок на Секторската работна група за правда, нагласувајќи дека кадровското […]

Зајкова за судството: Место европски напредок, се враќаме во времето на Маневски


Лидерката на Либерално демократската партија Моника Зајкова реагира на најавите дека до крајот на месецов ќе се донесат измени на Кривичниот законик со кои ќе се повлечат претходните кои доведоа до застарување и амнестирање на високата корупција во државата.    „Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон? Ова можеше да се направи уште лани, […]

Документарецот за Меланија Трамп во фокусот на модата


Модата, не е изненадувачки, ќе има водечка улога во документарецот на Меланија Трамп. Во договор, наводно вреден 40 милиони долари, Amazon и MGM ја обезбедија лиценцата за филмот „Меланија“, кој треба да се појави во светските кина на 30 јануари. „Меланија“ ги прикажува 20-те дена пред инаугурацијата во 2025 година. Премиерата е планирана за Њујорк […]

Црна Гора вели дека нема потреба од внатрешни реформи на ЕУ


  Лидерите на ЕУ дебатираат за проширувањето и се подготвени да поддржат преземање „внатрешни реформи“ – кратенка за ревидирање на процесот на донесување одлуки во блокот пред приемот на нови членови. Но, водечкиот кандидат за членство, Црна Гора, вели дека нема потреба. Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за „Политико“ изјави во интервју во неговиот […]

Хрватска на удар на многу заразниот сој на грип H3N2, за една недела 7.000 нови заболени


Грипот оваа година пристигна порано и се шири побрзо од вообичаеното. Сојот H3N2, кој полесно се пренесува, доминира во Хрватска, а повеќе од седум илјади нови случаи се пријавени во изминатата недела. Иако Хрватскиот институт за јавно здравје вели дека сè уште има вакцини во системот, многу ординации за семејна медицина веќе останаа без залихи. […]

Рама вели дека е „добра идеја“ на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето


  Албанија „нема проблем“ со претстојниот предлог на ЕУ за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство – идеја насочена кон смирување на главните градови скептични кон проширувањето. „Мислам дека е добра идеја“, му рече албанскиот премиер Еди Рама на новинарот на „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан во среда […]

Бензините поевтинуваат за два денара


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Новата малопродажна […]

Филипче од Брисел повика на единствен граѓански фронт за правда


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Брисел, каде учествуваше на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) пред самитот на Европскиот совет, повика на создавање единствен граѓански фронт за правда по усвојувањето на резолуцијата на власта за мигрантите. Во изјавата од Брисел, Филипче вели дека се обраќа од Брисел „затоа што борбата за […]

Семејна идила среде нарциси: Кејт и Вилијам ја споделија божикната честитка за 2026


Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја продолжуваат традицијата на празничната сезона со откривањето на нивната семејна фотографија од божиќна честитка. Принцот и принцезата од Велс, двајцата на 43 години, позираат со принцот Џорџ (12), принцезата Шарлот (10) и принцот Луис (7). Фотографијата, која е направена во април 2025 година од фотографот Џош Шинер, беше објавена […]

Земјата во шок поради брутално убиство! Момче (12) најмено за пари да убие, пукало во погрешно лице


Дете наводно е регрутирано за атентат, а полицијата предупредува на алармантно зголемување на малолетници вклучени во насилство. Дванаесетгодишно дете е приведено во Шведска под сомнение дека учествувало во убиството на 21-годишен маж во Малме, откако наводно му биле ветени 20.000 фунти за атентатот. Објавена фотографија: Руски војници навлегуваат во земја-членка на НАТО Убиството се случило […]

Годишно умираат 4.000 пушачи – мора да ги заштитиме најмладите


Четири илјади пушачи годишно умираат, неопходно е ефикасно спроведување на законите Македонија губи околу 4.000 животи годишно како последица од пушењето тутун или тутунски производи. Според податок од СЗО, 40 проценти од младите на возраст од 14 години веќе пушат. Сеопфатните закони за средини без чад, нивно ефикасно спроведување, достапни услуги за откажување од пушењето, […]

СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд за мигрантската резолуција на власта


  Опозициската СДСМ и со претставка пред Уставниот суд ќе се бори против реозлуцијата за мигрантите и заканите што ја донесе парламентарното мнозинство. „Предавничката резолуција е спротивна на Уставот. ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата. СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата […]

Гилфојл тешко ја примила свршувачката на Трамп Помладиот со Бетина Андерсон


Атина – Кимберли Гилфојл, која е сега амбасадорка на САД во Грција, ја обработува веста за свршувачката на поранешниот свршеник Доналд Трамп Помладиот со припадничката од високото општество Бетина Андерсон. „Кимберли добро го познава Дон и тие се уште се одлични пријатели, но таа има сомнежи кога станува збор за неговата врска со Бетина“, изјави […]

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го одбра Шилегов за да му наштети на СДСМ


  Председателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска преку статус на Фејсбук му одговори на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ преку него се обидело да 1 нанесе штета на партијата. Шилегов вчера, еден ден по екипирањето на новото раководство на СДСМ, го повика Филипче да си поднесе оставка нарекувајќи го „тезгарош“. Според […]

Само скопски градоначалници во врвот на ЗЕЛС: Орце Ѓорѓиевски, Меџити и Герасимовски


  Со едногласна одлука, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска е реизбран за претседател на ЗЕЛС.   „Денес се одржа Генералното собрание на ЗЕЛС, каде повторно ја добив довербата да ја водам оваа заедница. Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, […]

Следната недела седница на Економско-социјалниот совет, тема и минималната плата


Следната недела треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која се очекува да стане збор и за минималната плата. Од Владата остануваат на ставот дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, а бизнис секторот се надева дека ќе биде прифатен нивниот предлог за олеснувања во делот на […]

Поскапеа влезниците за „Санремо“ – фановите бесни


Фановите на легендарниот италијански фестивал Санремо се соочуваат со непријатно изненадување – цените на билетите за претстојното издание во 2026 година значително се зголемија. Организаторите најавија зголемување на цената од околу 20 проценти, што предизвика лавина од незадоволство кај обожавателите. Одлуката за зголемување на цената ја донесоа заеднички Градот Санремо и италијанската национална телевизија РАИ, […]