Американски инвеститори преземаат мнозински удел во ТикТок


Кинескиот сопственик на ТикТок (TikTok), компанијата БајтДенс (ByteDance), потпиша обврзувачки договори со американски и светски инвеститори за преземање мнозински удел во неговиот бизнис во САД, им потврди на вработените извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чу. Овој договор, кој беше финализиран на 22 јануари оваа година, стави крај на повеќегодишните напори на Вашингтон да го […]

Путин ќе ја оддржи годишната прес конференција, Русите му подготвија два милиона прашања


Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да ја одржи својата традиционална годишна прес-конференција во Москва, одговарајќи на прашања од домашни и странски новинари за низа теми во текот на неколку часа, јавува ДПА. Годинава медиумскиот спектакл повторно ќе биде комбиниран со ТВ-емисијата „Директна линија“, во која руските граѓани можат да се жалат на своите проблеми, […]

Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 м. има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од […]

Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов


Полицијата во американската држава Род Ајленд вчера соопшти дека осомничениот за фаталното пукање минатиот викенд на Универзитетот Браун е пронајден мртов, јави ДПА. Шефот на полицијата во Провиденс, Оскар Перез, на прес конференција изјави дека осомничениот е 48-годишен студент од Универзитетот Браун и дека е португалски државјанин. Главниот обвинител на Род Ајленд, Питер Нерона, изјави […]

Промоција на изданија на Институтот за етнологија и антропологија


Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ денеска ќе промовира три нови изданија: „Етнографски материјали“ од проф. Ѓорги Здравев во уредништво на проф. Инес Црвенковска Ристеска, „Долно Дупени: етнолошки белешки од животот и обичаите на една населба во Долна Преспа“ од Бранислав Русиќ, во транскрипција и превод од српски на проф. Љупчо […]

Изложба на Благојче Петровски и концерт на камерниот ансамбл МАКБРАС во Македонскиот културен центар во Истанбул


Во галеријата на Македонскиот културен центар во Истанбул, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Поема на атомите“ на  уметникот Благојче Петровски. Како што информира КИЦ Истанбул, изложбата претставува „духовно и визуелно истражување инспирирано од мислата на Руми и од иконописната традиција“. -Преку минималистички композиции, симболички знаци и внимателно користење на златната површина, Петровски […]

„Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија” во МКИЦ во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер од 18.30 часот ќе се одржи настанот „Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија” со  учество на актерот и режисер Васил Михаил и гитаристот Слободан Боби Ѓошиќ. -Тие пред публиката ќе претстават избрана македонска поезија и ќе ја претстават во форма на поетски театар, соопшти МКИЦ-Софија. Васил […]

Нов наставен кабинет на Градежниот факултет на УКИМ


На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде промовиран нов наставен кабинет, донација од ТИТАН Усје, во рамките на соработката на проектот „Знаење + CO₂ – со знаење и иновативност до помалку CO₂“. Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерката за образование и наука  Весна Јаневска […]

На јавна аукција одат 558 сопствени акции од Комерцијална банка – ќе има наддавање за цената


Пред Нова година ќе биде познато кога ќе се продаваат 558 сопствени акции од Комерцијална банка по пат на јавна аукција, што пак ќе повлече наддавање за цената од страна на пријавените потенцијални купувачи. Комерцијална банка вчера извести дека на 29 декември ќе ги објави сите детали поврзани со јавното наддавање, што значи тогаш ќе […]

Поради дефект без вода дел од населба Драчево


Поради уличен водоводен дефект од Ф100мм на ул. „Партизански Пат“ – 2 населба Драчево (кај резерварот) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улицата „Илија Ристовски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. 

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко. […]

Мицкоски во посета на фабриката „Алкалоид“


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети фабриката „Алкалоид“ АД Скопје во населено место Автокоманда, Општина Гази Баба. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, официјално ќе биде пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје. 

Промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на промоција на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. Стратегијата се базира на четири столба: ИКТ инфраструктура и поврзливост – развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура како основа за дигитална трансформација, Дигитални компетенции […]

Потпишувањето на трговскиот договор ЕУ-Меркосур одложено за јануари


Церемонијата на потпишување на Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите од Меркосур, што требаше да се одржи утре во Бразил во присуство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е одложена за јануари следната година. Извори во Еврокомисијата информира дека ваквата одлука Фон дер Лајен синоќа лично им ја пренела на […]

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот


 Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во рамки на вчера започнатиот Самит рано изутринава постигнаа договор за начинот на финансирање на Украина за 2026 и 2027 година преку кредит за кој средства ќе бидат обезбедени врз основа на задолжување на Унијата на пазарите на капитал, поддржано од нејзиниот долгорочен буџет. – Имаме […]

Хегсет за регрутирањето нови војници: Премногу се дебели или премногу глупави


„Премногу дебели или премногу глупави“. Со овие зборови шефот на Пентагон, Пит Хегсет, зборуваше за тешкотиите при регрутирање на Американците во војската. „Премногу од нашите млади луѓе се премногу дебели или премногу глупави… Не глупави — тоа е погрешен збор. Едноставно не ги образуваме доволно добро, или имаат ADHD или други проблеми“, рече Хегсет.

Трамп кокетира и со Лукашенко, САД и Белорусија ќе ги обновуваат односите


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска најави дека Минск набрзо ќе склучи а голем договор за обновување на врските со САД, додавајќи оти нема да се откаже од своите блиски врски со Русија. – Сè се движи кон голем договор. Сè се движи кон тоа Трамп и јас да се сретнеме и да постигнеме договор, […]

Ѓорѓиевски уште се правда со Арсовска, не ветувал чуда


  Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека  третирањето на контејнерите во Кисела Вода и во другите општини од страна на Комунална хигиена било удар кон градоначалниците. „Граѓаните не треба да ги интересира чија надлежност е контејнерот, тука ќе има сериозни постапувања, гледам дека има сериозни заложби […]

Нови скандалозни измени на Кривичниот закон


  Новите измени на Кривичниот законик, кои се поднесени од девет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, веќе предизвикуваат сериозни ракции и загриженост кај стручната јавност. Првата оценка е дека има подобрување во однос на заострување на казните поврзани со кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување”, но сепак казнената политика е поблага во однос на законското […]

Шкендија се пласираше во плејофот во Лигата на конференции


Шкендија му го донесе најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал, откако вечерва обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на конференции, и покрај поразот на гостински терен од кипарски АЕК од 1-0 (0-0) во завршното шесто коло од групната фаза. Актуелниот македонски шампион ја заврши групната фаза на 22. место на табелата, со седум бодови, […]