Грасимовски: Проверивме 30 градилишта во Општина Центар, изречени се 24 казни


Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски обелодени дека Општина Центар во изминатиот период во проверки на 30 градилишта, и изречe 24 казни – од незаконско зафаќање јавни површини до валкани гуми. „Во изминатиот период проверивме 30 градилишта на територијата на Центар и изрековме 24 казни за прекршувања – од незаконско зафаќање јавни површини до валкани гуми. […]

Поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора осудена на една година и девет месеци затвор


Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица денеска е осудена на една година и девет месеци затвор, а судијката на Трговскиот суд Милица Влаховиќ Милосављевиќ на шест месеци затвор.  Во обвинението се наведува дека Влаховиќ Милосављевиќ сторил кривично дело злоупотреба на службена должност, а Меденица – злоупотреба на службена должност со поттикнување, […]

Кујните во училиштата во Карпош се чисти, само во едно училиште најдени ентеробактерии


На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата. По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии. Освен во едно од училиштата […]

Дел од општина Центар, Батинци и Сингелиќ без вода


Ве известуваме дека на ден 02.12.2025 поради уличен дефект на ул. „Христо Смирненски“ 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до завршување со санација на дефектот. исто така, поради уличен дефект на ул.1/бб Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе […]

Повеќе од 1.200 загинати и 800 исчезнати во поплавите во Југоисточна Азија


Повеќе од 1.200 лица загинаа, а повеќе од 800 сè уште се водат за исчезнати, се наведува во најновите владини податоци од погодените земји, во катастрофалните поплави и свлечишта предизвикани од посебните бури што минатата недела донесоа обилни и долготрајни врнежи од дожд низ Шри Ланка, голем дел од Суматра и Индонезија, јужен Тајланд и […]

Студено утро, најниска температура измерена во Берово


 Утрово најниска температура од -4 степени Целзиусови е измерена во Берово, а највисока 2 степена во Виница, Охрид и Претор, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Тетово, Струмица, Скопје-Петровец и Лазарополе измерени се -2 степена, -1 во Демир Капија, Куманово, Mаврови Анови, Битола, Крива Паланка и Велес, 0 во Штип, Кавадарци и Гевгелија, 1 во […]

Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил


 Глоби и други санкции се предвидени за прекршоци во сообраќајот што ќе бидат констатирани со „Безбеден град“, што од вчера почна пробно да функционира во Скопје. Известувањата за сторените прекршоци граѓаните ќе ги добиваат преку СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса, а рокот за плаќање е осум дена. Само во првите 12 […]

Свлечиште потопи усидрени бродови во Перу, најмалку 12 луѓе загинаа, 50 се исчезнати


Најмалку 12 луѓе загинаа, а околу 50 сè уште се водат како исчезнати откако свлечиште потопи два брода усидрени во речно пристаниште во перуанската амазонска прашума, јавија локалните медиуми. Свлечиштето потопило еден траект и сериозно оштетило друг патнички брод на кој се наоѓале десетици луѓе, се наведува во полициски извештај. Несреќата се случила вчера околу […]

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт


Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт. – Имавме преговори кои вродија со плод, дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни […]

Дабл-дабл на Дончиќ недоволен Лејкерси да избегнат пораз од Феникс


Феникс санс утринава ги победија Лос Анџелес лејкерс на гостински терен со 125:108. Ниту 38 поени и 11 скока на Лука Дончиќ не помогнаа домаќините да го избегнат поразот. Во тимот на Феникс најефикасен беше Дилон Брукс со 33 поени. На другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати: Детроит […]

Ограбен домот на поранешниот француски претседател Франсоа Оланд


Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд беше жртва на провала откако крадци на 22 ноември влегле во домот во Париз каде што тој живее со неговата партнерка Жил Гаје, изјави канцеларијата на парискиот обвинител за Фигаро. Провалата ја потврдија и луѓе блиски до претставникот на Социјалистичката партија од Корез, додава парискиот дневен весник. Благодарение на брзата […]

Во Конго е прогласен крај на епидемијата на ебола, седма од 1976 година


 Министерот за здравство на Конго, Роџер Камба, потврди дека е објавен крајот на епидемијата на ебола во оваа земја, во која 43 заразени лица починаа во една од јужните провинции. „Всушност, не се регистрирани нови потврдени случаи 45 дена по ред“, рече Камба во главниот град Киншаса, пренесен од американските медиуми. Министерот додаде дека во […]

Иран го осуди годинешниот добитник на „Златна палма“ на една година затвор


Познатиот ирански филмски режисер Џафар Панахи, кој годинава на Канскиот фестивал ја освои Златната палма, е осуден во отсуство на една година затвор, јави новинската агенција ИСНА. Револуционерниот суд во Техеран, исто така, му изрече двегодишна забрана за патување, цитира ИСНА изјава на неговиот адвокат. Панахи (65) ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал […]

Вучиќ претпладнево на затворен состанок со тимовите задолжени за енергетска стабилност на Србија


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претпладнево ќе има вонредна средба со тимовите задолжени за енергетската стабилност и безбедност на државата, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија. Средбата ќе биде затворена за јавноста и ќе се одржи во 10:30 часот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката. Одржувањето на […]

Песков: Руската војска го зазеде Покровск по една година борби


 Руската војска го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Доњецк, што го нападна пред околу една година, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков рече дека претседателот Владимир Путин е информиран за новата ситуација на теренот, додека засега нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот […]

Виткоф денеска во Москва ќе разговара со Путин за мировниот план за Украина


 Специјалниот американски пратеник, Стив Виткоф, се очекува денеска во Москва на понатамошни разговори за напорите за завршување на војната во Украина, јави ДПА. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Виткоф треба да се сретне со претседателот Владимир Путин попладне, пренесоа вчера руските медиуми. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно го потврди патувањето на пратеникот, но […]

Без струја дел од ул. „Хелсинки“ во Карпош


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска  од 11 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на ул. „Хелсинки“ од бр. 22 до бр. 36 во општина Карпош.  Информацијата за прекинот на струја ја соопшти најави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД.

Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта


 Во Собранието денеска ќе се одржи Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта, во организација на Парламентарниот институт. На темата за дискусија „Врсничко насилство“ ќе дебатираат учениците од СОУ „Раде Јовчевски“ – Корчагин од Скопје, на темата „Младинска невработеност“ учениците од СОУ „Гоце Делчев“ од  Куманово, а на темата „Лажни вести (fake news)“ […]

Презентација на нов скенер за поштенски пратки, донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал


Нов скенер за поштенски пратки, донација од Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал, ќе биде презентиран денеска во просториите на ЦИ Пошта, информираа од Царинската управа. На настанот по повод презентацијата на новиот скенер обраќање ќе има директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. 

Изложба по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност


По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, во „Порта Македонија“ денеска ќе биде отворена изложба на слики од XIV-тата Mеѓународна инклузивна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија – Мобилност Македонија, што од 9 до 15 октомври оваа година се одржа во Охрид, соопштија од […]