Карпош ја поништи одлуката за нејзино учество во проектот на УНДП


  Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. На самиот почеток од седницата, градоначалникот Сотир Лукровски ги информираше советниците во врска со случајот со труење на основците од „Димо Хаџи Димов“. – По оваа несакана случка, Општина […]

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка


Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.  Дабовиќ-Анастасовска за уставен судија беше избрана на 12 декември 2023 година и на местото доаѓа како професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. […]

АМСМ: Повторно блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Грција


Од 17:50 часот повторно е блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Р.Грција, поради протест на земјоделци, информираат од АМСМ. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Темни прогнози на ОЕЦД: Идната година се очекува забавување на глобалниот економски раст


Според прогнозата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), објавена денеска, глобалниот економски раст од 3,2 проценти оваа година во 2026 година ќе забави и ќе изнесува 2,9 отсто поради царините, послабата трговија и геополитичка неизвесност, а мало закрепнување до 3,1 процент се очекува во 2027 година. – Светската економија се покажа како поотпорна […]

Германец ќе стане првиот Европеец што ќе патува на Месечината


Германски астронаут ќе биде првиот Европеец што ќе лета на Месечината на идната мисија „Артемис“, која ќе ја води американската вселенска агенција НАСА, изјави генералниот директор на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јозеф Ашбахер, на Министерскиот совет на ЕСА, конференција на високо ниво каде што се одлучува за буџетот и идната насока на агенцијата. Германија е […]

Путин ја нападна Европа: „Ако сака војна, ние сме подготвени“


  Во серија јастрепски забелешки упатени до новинарите непосредно пред неговата закажана средба со пратениците на Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, во Кремљ, Путин ги обвини европските влади за саботирање на мировниот процес и изјави дека „европските барања не се прифатливи за Русија“. „Европа ја спречува американската администрација да постигне мир во Украина“, […]

Румен Радев побара итна оставка на бугарската влада и избори


  „Бугарите го кренаа гласот против беззаконието и киднапираната држава, против управувањето со пари, компромитирачкиот материјал и стравот! На Бугарија ѝ се потребни вистински промени. Оставката е итна. Владата е посрамена“, рече бугарскиот претседател Румен Радев во вонредното обраќање до нацијата во вторник по протестите на илјадници луѓе против нацрт-буџетот и владејачката партија претходниот ден. […]

Кремљ планира да го зголеми извозот на нафта користејќи модерни технологии за да ги избегне санкциите


Намалувањето на руските испораки на нафта за Индија може да биде само привремено, бидејќи Русија планира да го зголеми својот извоз на суровината користејќи современи технологии за да го избегне влијанието на западните санкции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Можно е многу краток временски период да има незначително намалување на обемот на […]

Генералниот секретар на НАТО се надева на мир во Украина пред летото 2026 година


 Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изрази надеж дека мировните преговори за Украина ќе доведат до прекин на огнот или мировен договор пред летото следната година. Руте на прес-конференција, во пресрет на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека е тешко да се предвиди дали напорите на САД […]

Тринкиери наследник на Обрадовиќ на клупата на Партизан


Италијанскиот кошаркарски стратег Андреа Тринкиери ќе го наследи Жељко Обрадовиќ на клупата на белградски Партизан, јавија денеска дел од српските медиуми. Според телевизијата „Спорт клуб“, Тринкиери веќе се договорил со раководството на Партизан околу враќање на тренерското место. Тринкиери е без тренерски ангажман откако летоска доби отказ во Жалгирис, само 36 часови по освојувањето на […]

Филмскиот фестивал во Маракеш ја слави кариерата на Џоди Фостер


Џоди Фостер беше почестена на Филмскиот фестивал во Маракеш, каде што одржа трогателен говор во кој се потсети на своите шест децении во киното. Фестивалот, кој генерира илјадници локални работни места и претставува извор на гордост за мароканскиот народ, е еден од  меѓународните фестивали од тој обем каде проекциите и мастер-класовите се бесплатни и отворени […]

За цената на 10 јајца сега се добиваат шест, а наскоро може и помалку


  За само неколку месеци граѓаните се шокираа од уште едно, многу високо зголемување на цената на јајцата. Колкаво е тоа може да се илустрира со примерот дека до неодамна десет јајца чинеа околу 85-98 денари (зависно од големината), а сега за таа цена може да се купи пакување од шест јајца. „Десетката“ скокна на […]

Над 200 компании на утрешниот македонско-српски бизнис форум во Скопје, се очекува потпишување меморандум за соработка


Преку 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од утрешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во Скопје, а целта е интензивирање на стопанската соработка, најавија денеска вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ откако ги посетија компанијата […]

Одбраната на Јованов: Обвинението против Михаил Јованов се темели само на тоа што е син на сопственикот на „Пулс“


Во воведното излагање на денешното рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, адвокатката Ивана Коцевска, бранител на третообвинетиот Михаил Јованов, истакна дека Обвинителството не обезбедило ниту еден доказ кој ја поткрепува тезата за негово гонење, ниту пак прецизирало конкретно дејствие што му се става на товар. Според Коцевска, третообвинетиот Јованов се наоѓа на […]

Орбан ја намали разликата зад лидерот на опозицијата благодарение на поддршката кај пензионерите


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес ја намалија разликата во однос на опозицискиот ривал Тиса во ноември, покажа анкета на јавното мислење во вторникот, резултат на големите владини трошоци пред изборите следната година. Анкетата, спроведена од 21 до 28 ноември, ја спроведе Истражувачкиот центар „21“, тинк-тенк од Будимпешта. Таа покажа дека Тиса […]

Типски куќи за бездомните лица, кои живеат на неколку локации во Скопје?


Освен на депонијата Вардариште и на други локации во Скопје се мапирани бездомни лица. Заменик-министерот за социјална политика, демографија и труд, Ѓоко Велковски вели дека за нивно сместување веќе е најдено решение и ќе се решава проблемот по примерот на изградбата на типските куќи во штипската населба Мирјанина Црква. -Има повеќе локации, каде што имаме […]

Дефект на водоводна линија, утре без вода делови од Скопје


Поради итен водоводен дефект на водоводна линија на булевар „Александар Македонски“, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, попладнево информираат дека утре ќе се врши технички зафат, па делови од скопската територија ќе останат без вода за пиење. – Прекин на водоснабдување од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и […]

Предлог-среднорочната програма за стоковните резерви го помина комисискиот филтер


Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска дадоа поддршка и го проследија на натамошна собраниска процедура Предлогот на среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 – 2030 година. Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски при образложувањето истакна дека со Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење […]

МФ: Кон компаниите пласирани над 200 милиони евра за поддршка на инвестиции,


Министерството за финансии (МФ) изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. -Со оваа транша износот којшто државата го има […]

Тошковски има работа за завршување, не очекува смена


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги коментираше гласините за негова можна смена или префрлање на друга позиција во рамки на претстојната реконструкција на Владата.На прашањето за неговиот став околу можноста да го напушти МВР, Тошковски кратко одговори дека треба да работи на започнатите обврски. „Почнав премногу темелни проекти во изминатата година кои ќе […]