ИТ секторот има огромен потенцијал – постои дигитален јаз помеѓу училиштата во различни региони


ИТ секторот има огромен потенцијал за раст, но и значајна општествена моќ да придонесе за унапредување на образовниот систем и подготовка на идните генерации. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска на панел дискусијата „Кој ќе ја кодира иднината? – Едукација, кадар и потребите на ИКТ индустријата“, што се одржа […]

„Дрисла“ и „Градски паркинг“ добија нови директори – еве кого назначи Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши кадровски промени во дел од градските јавни претпријатија, со назначување нови в.д. директори на „Дрисла“ и „Градски паркинг“. На чело на „Дрисла“ од вчера седна Стевче Трпковски, поранешен градоначалник на општина Сопиште во три мандати. Тој доаѓа на местото на Самир Хусени, кој ја извршуваше функцијата во периодот […]

Млади момчиња приведени оти во автомобилот имале пиштол и шест куршуми


Денеска (03.12.2025) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје, информираа од полицијата,  При извршените проверки, во […]

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар


Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата со најмногу поплаки од граѓаните – околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и јавни простори. Новиот систем овозможува континуирано мерење на бучавата во реално време и алармирање секогаш кога ќе се надмине дозволеното ниво. „Во […]

,,Шепоти на топлина“: Евгенија Зафировска со божикна капсулна колекција (фото)


Во срцето на еден раздвижен град, каде што улиците беа украсени со трепкачки светла, а мирисот на печени костени го исполнуваше воздухот, луксузниот бренд „EZ“ ја претстави божиќната капсулна колекција. Познат по својата извонредна употреба на меки и природни материјали, брендот стана синоним за удобност и елеганција, што го прави омилен меѓу модните ентузијасти. „Шепоти […]

Македонско-српски бизнис форум: Со обединување на потенцијалите до посилна регионална економија


Македонско – српскиот бизнис форум што се одржува денеска во Скопје ги обединува економските потенцијали на двете земји и  е израз на заедничката визија за посилна регионална економија и продлабочување на партнерствата, порача вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ на отворањето на форумот.  – Градиме економија која е стабилна, предвидлива и иновативна, […]

Доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман


Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоцијата на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска ќе се одржат на 9 декември (вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Кон наградата и победничкиот роман ќе се осврнат Иван Додовски (професор, писател, книжевен и театарски критичар) и Бисера Бендевска (уредничка во […]

Преговори меѓу Србија и Новата развојна банка на БРИКС


Министерот без ресор во Владата на Србија, Ненад Поповиќ денеска разговараше со генералниот директор на Евроазискиот регионален центар на Новата развојна банка на БРИКС, Андреј Бораков, за можноста Србија да се приклучи на банката во 2026 година, соопшти кабинетот на Поповиќ. Новата развојна банка е основана во 2015 година од земјите на БРИКС – Бразил, […]

Симпозиум на млади лекари во Скопје: Вештачката интелигенција постепено ја менува дијагностиката


Глобалните трансформации и трендови во медицината, поттикнати од улогата на вештачката интелигенција, како и најновите препораки за третман на болестите и идните предизвици во здравството, ќе бидат главен фокус на Симпозиумот на млади лекари што во петок и сабота (5 и 6 декември) ќе се одржува во Скопје во организација на Здружението на лекари специјализанти […]

Трамп, Кушнер и Виткоф влегоа во воената игра на Путин


  Владимир Путин употреби мешавина од шарм, пресметано одложување и директни закани за да им покаже на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер точно каде стои Русија во врска со мирот со Украина. Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, и Кушнер, зет на Трамп, уживаа во прошетка низ Москва и ручек во […]

ВМРО-ДПМНЕ ја бетонираше цензурата над Левица


Левица соопшти дека на денешната собраниска седница, пратениците од власта одбиле да ги изгласаат предлог-измените на Изборниот законик, кои партијата ги поднесе поради невидената цензура со кои и беше ускратено правото на рекламирање. Според опозициската партија, последните локални избори ќе бидат запамтени по скандалот со кој за прв пат парламентарна политичка партија беше целосно исклучена […]

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за отписот на 2.000 тони жито, СДСМ за тендерот од 9 милиони евра


Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2.000 тони жито, само затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас на Заеви?-прашува ВМРО-ДПМНЕ барајќи од обвинителството да покрене истрага за овие случаи. -Дека станува збор за корупција, се јавува фактот што по отписот на 2.000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност […]

Комисијата предложи заем од 165 милијарди евра за Украина од руски замрзнати средства


БРИСЕЛ — Европската комисија предлага заем за репарација од 165 милијарди евра за Украина користејќи ја готовинската вредност на замрзнатите руски државни средства што се чуваат во Белгија, покажуваат документите што ги имаше на увид ПОЛИТИКО. Заемот за репарација е дел од поширок финансиски пакет, вреден до 210 милијарди евра, за да се одржат финансиите […]

Ванковска прашува кога МВР распишало тендер за „Сејф сити“


Професорката Билјана Ванковска отвори повеќе дилеми околу проектот „Сејф сити“, а пред се околу тоа кога бил распишан тендер за него и  кој го обезбедил. -Сите зборуваме за ефектите од пробниот и од јануари ефективниот проект Safe City. Но, не чув некој да го постави ова многу важно прашање: од кого е набавен софтверот и […]

Отстранети 1.500 м3 отпад – угостителите ќе добијат посебен систем за смет


Во текот на месец ноември 2025 година, екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Претставниците на екопатролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да […]

Апелација ја поништи забраната за штрајк на контролорите на летање!


Скопскиот Апелациски суд ја поништи забраната за штрајк на контролорите на летање во претпријатието во државна сопственост М-НАВ. Синдикатот на контролорите на летање може да го реализира штрајкот кој беше закажан за 20 октомври, меѓу двата изборни круга. Судијка од Граѓанскиот суд донела времена мерка „забрана за штрајк“, без некој во тужбата да го побара […]

Детали за убиството на млад Украинец во Виена. Бил мачен и жив запален во „мерцедес“


  Минатата недела, Австрија и Украина беа потресени од убиството на синот на украински политичар. Жртвата беше 21-годишниот Данило К., студент во Виена и син на заменик-градоначалникот на Харков, Украина. Полицијата сега постепено открива како се случило злосторството, пишува Krone.at. Во ноќта на 26 ноември, детекторите за чад се вклучиле во станбен комплекс во виенскиот […]

Судскиот совет веројатно до крајот на годината ќе предложи нов уставен судија на местото на Дабовиќ-Анастасовска


Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешната 532. Седница на Судскиот совет, Камбовски посочи дека местото во каде што беше колешката Елизабета Дуковска е место коешто […]

Трамп најавува можни копнени воени напади во Латинска Америка против нарко-картелите


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација би можела „многу скоро“ да започне копнени напади врз цели осомничени за трговија со дрога низ цела Латинска Америка, без да прецизира кога и каде би биле извршени тие напади. „Ќе почнеме да ги извршуваме овие напади и на копно. Ги знаеме нивните рути, знаеме сè за […]

Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план


Тврдењето дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил американскиот мировен план за Украина би било неточно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Еден дел од точките на планот за Украина се прифатени за време на разговорите меѓу Путин и Виткоф, дел е означен како неприфатлив. Тоа е работен процес, рече Песков и додаде […]