Ципрас ги претстави своите мемоари и најави формирање нова левичарска партија


  Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ги претстави своите мемоари „Итака“ и го навести претстојното создавање нова левичарска партија, објави грчката телевизија Скај. Во грчките медиуми постојат постојани очекувања дека Ципрас, кој ја предводеше левичарската влада на Сириза од 2015 до 2019 година, се подготвува да формира нова партија откако го напушти парламентот во октомври. […]

Колку се променила дефиницијата за „спорт“ со текот на времето?


Дефинирањето на спортот како поим изгледа мошне едноставно денес, но неговото значење суштински се менувало низ историјата. Начинот на кој луѓето го разбирале спортот во античката цивилизација во огромна мера се разликува од тоа како на спортот се гледа од денешна перспектива. Денес спортот израсна од обично физичко натпреварување во моќна светска индустрија што опфаќа […]

Русија подготвува одмазда ако се користат замрзнатите сретства


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека „нелегалните дејствија“ на Европската Унија во врска со замрзнатите руски средства ќе предизвикаат „најостра реакција“ од Русија и дека Москва веќе подготвува одмазднички мерки. Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц ја одложи својата посета на Норвешка утре, изјави портпарол на германската влада. Наместо […]

Business for Business форум 2025 – Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни


– Комерцијална банка организираше форум Business for Business, посветен на можностите за раст на малите и средните компании преку иновативни дигитални алатки и ефикасни финансиски производи и услуги. Форумот беше место на кое се споија современите финансиски решенија со инспиративни бизнис приказни. Во присуство на над 120 претставници на компании-клиенти на Банката се зборуваше за […]

„Шпигел“: Макрон ги предупредил европските лидери дека Трамп може да ја предаде Украина


  Францускиот претседател Емануел Макрон наводно ги предупредил европските лидери дека „постои можност САД да ја предадат Украина околу територијата без јасност во врска со безбедносните гаранции“, објави германското списание „Шпигел“, цитирајќи протечена белешка од неодамнешниот разговор меѓу европските лидери. „Шпигел“ соопшти дека добил белешка на англиски јазик во која се сумира разговорот, во која […]

Дали Израел ќе настапи на Евросонг 2026?


Женева – Националните радиодифузери кои стојат зад Евровизискиот натпревар се состануваат денес во Женева за да одлучат дали да му дозволат на Израел да учествува на натпреварот следната година, во услови на растечки закани за бојкот поради војната во Газа. Додека некои земји, како што е Шпанија, изјавија дека ќе се повлечат ако Израел остане […]

Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе тешко 2 килограми


Во  Клиника „Жан Митрев“ беше изведена успешна корекција на комплексна вродена срцева аномалија кај предвремено родено женско новороденче во 36 гестациска недела. Бебето, прво од близначка бременост, е родено во Приштина со родилна тежина од 2 килограми. Кај новороденчето беше дијагностицирана вродена комплексна кардиопатија, која ги вклучува тотално аномално пулмонално венско дренирање (TAPVR) и атријален септален […]

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора


Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава. Во рамките на овогодишното […]

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања


Од 1 јануари следната година, Германија ќе ја зголеми минималната часовна плата од 12,82 на 13,90 евра бруто, а многу компании најавуваат зголемување на цените и отпуштања за да ги покријат новите трошоци, според извештајот на Институтот за економски истражувања (Ifo). Најизразени ефекти се очекуваат во угостителскиот и малопродажниот сектор, каде што ниските плати се […]

Берлин е подготвен да ги користи руските средства замрзнати во Германија за да ѝ помогне на Украина


Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска изјави дека Берлин е теоретски подготвен да ја разгледа можноста руските државни средства замрзнати во Германија да бидат ставени на располагање на фондот за воени репарации за Украина, како што предлага Брисел, објави ДПА. Меѓутоа, плановите на Европската комисија прво мора да се разгледаат, рече Вадефул пред годишниот […]

Костадинов: Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело за набавката на електричните автобуси


 Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, објави поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, на неговиот фејсбук профил. Според него, проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес, во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и […]

Со 600 евра казнет операторот со храна за најдените бактерии во мусаката во училиштето во Карпош


По наредените мерки за целосно чистење и дезинфекција во кујната на основното училиште „Димо Хаџи Димов“, инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска повторно земаа брисеви од работните површини, опремата и машините. Целта е да се утврди дали објектот е безбеден за работа. Вработените во кујната се испратени на вонредни здравствени санитарни прегледи. Кујната […]

Им се заканиле со нож во Градскиот парк и ограбиле девојче и момче тинејџери


Две лица под закана со остар предмет ограбиле 13-годишна девојка, а потоа еден однив го натепал нејзиниот 14-годишен другар кој бил со неа. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (03.12.2025) во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, две лица со закана со остар предмет […]

Могерини поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа


Поранешната висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа откако беше уапсена во Белгија под сомнение за измама и корупција, објави Ројтерс, повикувајќи се на е-пошта што Могерини ја испратила до персоналот, студентите и поранешните студенти на институцијата. Во пораката таа […]

Воздухот во главниот град и зимава загаден – Град Скопје излезе со препораки


 Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух, а во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, ги предлага следниве препораки:   –  редовно чистење на оџаците од […]

Наследникот на Хермес ги тужи Арно и LVMH во тужба од 14 милијарди евра за изгубени акции


Париз – „LVMH и неговиот (контролен) акционер цврсто потврдуваат дека никогаш, во ниту еден момент, не ги злоупотребиле акциите на Хермес Интернешнл, на кој било начин или без ничие знаење, и дека не поседуваат никакви „скриени“ акции, спротивно на она што го сугерира г-дин Николас Пјуеш“, се вели во соопштението на компанијата. Ројтерс оваа недела […]

Јаневска: Квалитетно образование се темели на добри наставници


Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје одбележува три децении високообразовна работа, иако можеме да говориме за континуитет подолг од седум децении, уште од повоена Македонија, од основањето на Вишата педагошка школа во 1947 година во Скопје. Благодарност до сите кои низ децениите ги подготвувале идните учители и до оние што потоа учителствувале низ Македонија […]

Битолски театар и Бабец театарот гостуваат во Шведска


Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и екипата на Бабец театарот со „На гости кај Кате и Фреда“, по делото на Ингеборг Фон Задов, двете претстави во режија на Јован Ристовски, гостуваат во Трелеборг, Шведска на покана на македонско шведското друштво Пелистер. Битолскиот театар ќе ја изведе […]

Украински новинари ја „уловија“ ќерката на Путин во Париз (ВИДЕО)


Вонбрачната ќерка на Путин, Јелиусавета Кривоногих, беше пресретната од украински новинари во Париз кои меѓудругото ја прашаа дали е подготвена да дојде во Киев за да биде „како воздушна одбрана“, алудирајќи на стотиците ракети што Русија продолжува да ги испукува кон Украина. Кривоногих, која го криеше лицето со маска, одговори дека „не може да помогне […]

Дедо Мраз пристигна со балон на кровот на Сити Мол – магијата започна во Скопје


Од Северниот Пол директно на кровот на Skopje City Mall. Вчерашниот ден донесе вистински спектакл. Токму во моментот кога се запалија светлата на новогодишната елка и молот блесна во празничен сјај, посетителите беа изненадени од поглед што ретко се гледа: огромен балон на топол воздух кој се појави над градот, а во него, Дедо Мраз. […]