„Приказната за Силјан“ меѓу петте финалисти за американската награда „Независен дух“


Документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска влезе меѓу петте финалисти за престижната американска награда „Независен дух“ (Independent Spirit Awards), признание кое традиционално се смета за силен индикатор за успех во трката за Оскар. Филмот е номиниран во категоријата Најдобар документарец, рамо до рамо со продукциите „Come See Me In the Light“ на Рајан Вајт, „Endless […]

Дали е опасно да го миете автомобилот на ниски температури? Еве што препорачуваат експертите


Стручњаците предупредуваат: зимското миење на автомобил може да му наштети на возилото повеќе отколку што мислите – но само под одредени услови. Чистење автомобил на ниски температури Во сезоната на студ, мраз и солени коловози, прашањето дали автомобилот треба да се мие или да се остави „на зимски сон“ секогаш предизвикува поделени мислења. Дел од […]

СДСМ: Мицкоски најавува избори, се плаши од смена на Вучиќ во Србија


СДСМ реагира на вчерашниот прифинг на премиерот Христијан Мицкоски во кој меѓу другото зборуваше и за предвремени избори. – Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и лажни анкети за рејтингот на партиите. Само неколку часа претходно, во Србија, Вучиќ најавува избори, велат […]

Пукање во ромска населба во Хрватска – почина трудна жена, друга се бори за живот


Во пукотница што се случи во четврток вечерта во ромската населба Ситнице во Меѓимурје, Хрватска, една од двете тешко повредени жени (28) за жал почина. Другата жена (29) сè уште се бори за живот во болница во Чаковец, а сторителот (40) сè уште е во бегство, соопшти Полициската управа на Меѓимурје. Синоќа полицијата потврди дека […]

Врховниот суд им помогна на републиканците за изменетата конгресна мапа во Тексас


  ВАШИНГТОН — Поделениот Врховен суд во четврток им притрча на помош на републиканците во Тексас, дозволувајќи изборите следната година да се одржат според планот за прераспределба на изборните конгресни единици, кој е поволен за Републиканската партија и дава поттик за претседателот Доналд Трамп, и покрај пресудата на понискиот суд дека мапата веројатно дискриминира врз […]

Бурата „Бајрон“ ја парализира Грција – поплави, свлечишта, прекин на сообраќај


Бурата Бајрон го парализира поголемиот дел од Грција. Девет региони, вклучително и Атика, се под официјално предупредување за екстремни услови. Поплави, лизгања на земјиште и прекин на сообраќај се пријавени во повеќе подрачја. На островот Закинтос, водата навлезе во патишта и обработливо земјиште, а сообраќајот меѓу Закинтос и Аликес е целосно прекинат. Во селото Литакија, […]

Радев: Сакаме Македонија да влезе во ЕУ, но не на сметка на правата на Бугарите


„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да ги отвори вратите за преговори за полноправно членство“, изјавил претседателот на Бугарија, Румен Радев на средбата со претставници на […]

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама


Претседателскиот кандидат на политичкиот центар во Хондурас, Салвадор Насрала, тврди дека е направена измама на крајно неизвесните претседателски избори во земјата од изминатиот викенд откако неговиот ривал, поддржан од Доналд Трамп, Насри Асфура, преку ноќ премина во водство. Резултатите од изборите се ажурирани на веб-страницата на изборната комисија. Насрала изјави на X дека резултатите исчезнале […]

Унгарски МОЛ сака да го купи имотот на „Лукоил“ во Европа


Групацијата МОЛ изрази интерес за купување меѓународни средства на санкционираниот руски нафтен гигант Лукоил на американските претставници, изјавија три извори запознаени со ова прашање. Кон крајот на октомври, Министерството за финансии на САД воведе санкции врз Лукоил и Роснефт, велејќи дека сака да го ограничи буџетскиот капацитет на Русија за финансирање на војната во Украина. […]

ДР Конго и Руанда потпишаа мировен договор


Лидерите на Демократска Република Конго и Руанда, Феликс Чисекеди и Пол Кагаме, потпишаа мировен договор во Вашингтон во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. Договорот има за цел да стави крај на повеќе од тридеценискиот конфликт во источно Конго, богато со минерали. Церемонијата се одржа во Институтот за мир, неодамна преименуван во Институт за мир […]

Американската државна обвинителка Пам Бонди бара истраги за екстремистичките групи во САД


Главната американска обвинителка, Пам Бонди, синоќа им наложи на обвинителите и другите надлежни органи да ги засилат истрагите против антифашистичкото движење Антифа и сличните „екстремистички групи“ и побара од ФБИ список на актери кои може да бидат вклучени во домашен тероризам, се дознава од интерен меморандум до кој дојдоа британските медиуми. По убиството на активистот […]

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026


Составот на групите на Светското фудбалско првенство 2026 ќе биде одреден денеска со жрепка која биде извлечена во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон со почеток во 18 часот по македонско време. Водители на жрепката ќе бидат глобалните икони – германскиот супермодел, актерка и продуцентка Хајди Клум и американскиот актер Кевин Харт. Пласман на Мундијалот што идното […]

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога


Американската војска погоди уште еден наводен брод за шверц на дрога во источниот Пацифик, при што загинаа четири лица од бродот, соопшти синоќа Јужната команда на САД (SOUTHCOM), пренесе ДПА. Бродот наводно бил управуван „од назначена терористичка организација“ и носел наркотици по позната рута за шверц. „Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени“, соопшти SOUTHCOM […]

САД ја скратуваат важноста на работните дозволи за мигрантите на 18 месеци


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе ја заостри имиграциската политика, скратувајќи го периодот на важност на работната дозвола за бегалците, барателите на азил и другите мигранти во САД од пет години на 18 месеци. Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) соопшти дека промената ќе овозможи почести проверки на странските државјани. […]

Досега се откупени над еден милион килограми тутун


Согласно Законот за тутун и тутунски производи, откупната сезона најрано може да почне на 15 ноември, а крајниот датум за почеток на откуп е 15 декември. Во овој момент не е пробиен законскиот рок за да започне откупот на тутунот. Според последните информации што ги добивам од Сојузот, од теренот и од самите земјоделци, најголем […]

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“. Оттаму додаваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. ЈП […]

Германскиот парламент ја зголемува безбедноста во воените објекти


Германскиот парламент вчера усвои серија законски измени што вклучуваат давање дополнителни овластувања на воената полиција, граничарите и воената разузнавачка агенција, јави ДПА. Мерките беа усвоени како одговор на големиот број инциденти во воените објекти. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, германските воени објекти се соочуваат со зголемена закана од кибернапади, обиди за шпионажа и […]

Суд дозволи распоредување на Националната гарда во Вашингтон


Американски апелациски суд му донесе победа на претседателот Доналд Трамп во неговите напори да ги задржи силите на Националната гарда во Вашингтон, со што ја сопре наредбата на понискиот суд со која би се прекинало распоредувањето во наредните денови. Во писмена наредба, американскиот Апелациски суд за Округот Колумбија ја укина наредбата силите да го напуштат […]

Симпозиум на млади лекари во Скопје: Глобалните трендови во медицината поттикнати од вештачката интелигенција


Глобалните трансформации и трендови во медицината, поттикнати од улогата на вештачката интелигенција, како и најновите препораки за третман на болестите и идните предизвици во здравството, ќе бидат главен фокус на Симпозиумот на млади лекари што денеска и утре ќе се одржува во Скопје во организација на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС Скопје). Темата на симпозиумот […]

Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер


Два месеци по парламентарните избори, чешкиот претседател Петр Павел се согласи да го назначи десничарскиот популистички победник на изборите и милијардер Андреј Бабиш за премиер, отворајќи го патот за нова влада по неколку недели двоумење. Павел во изјава на Х рече дека назначувањето ќе се случи во вторник. Чешкиот претседател инсистираше Бабиш прво јавно да […]