Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол


 Од утре, во Дајмонд мол ќе завладее новогодишниот дух. Волшебното одбројување до Новата година ќе започне со продавницата на Дедо Мраз, каде најмладите ќе можат да си најдат подароци, новогодишни пакетчиња и најразлични новогодишни производи, а за оние кои сакаат да сонуваат, има и виртуелно патување до Северниот пол, домот на најсрдечната личност, која носи […]

Заев до Груевски: Доста делиш задачи, дојди и одлежи ја казната


  Во неделата пред конгресот на ВМРО-ДПМНЕ избеганиот Никола Груевски ги засили нападите врз Зоран Заев и Венко Филипче обвинувајќи ги дека биле дволични (и дома и надвор), што предизвика реакција на Заев. Поранешниот лидер на СДСМ го обвини Груевски дека од бегството во Унгарија дели задачи во македонската политика, наместо да ја одлежи затворската […]

Како Клаудија Шифер заврши на вечерата со германскиот претседател во Виндзор?


Лондон – Сите очи беа вперени во Кејт Мидлтон и нејзиното прекрасно откривање на раскошната тијара, досега 20 години не видена во јавноста, на државниот банкет во среда, но друг гостин на настанот имаше малку ѕвездена историја со принцот Вилијам. Клаудија Шифер, супермоделот од 90-тите, присуствуваше на гала вечерата во Виндзор, кој се одржа во […]

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните институции, јавно e објавен списокот на сите […]

ЈСП: Во понеделник јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред


ЈСП информира дека во понеделник на 8.12.2025 год. поради државниот празник Св.Климент Охридски, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.   „Дежурна од 8 до 14 часот ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а Жичарницата вообичаено како и секој понеделник нема да работи. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови“, велат од ЈСП.

Од 1 јануари поевтини трошоци за струја: РКЕ ги намалува мрежните надоместоци


Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува за 2,67%, намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40 % – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). […]

Весна Пусиќ: Пленковиќ се плаши од министерот за одбрана Анушиќ, кој е екстремен десничар


  Поранешната хрватска министерка за надворешни работи Весна Пусиќ во емисијата „Нов ден“ на телевизијата Н1 изјави дека „дискусиите што се наметнуваат за Втората светска војна не се дискусии за Втората светска војна и не се дискусии за минатото, туку за иднината. Дискусиите за усташите, партизаните и Втората светска војна не се дискусии за минатото, […]

Магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево


Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез […]

Раст на БДП од 3,8 отсто во третото тримесечје


  Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје годинава бележи раст од 3,8 % во однос на истиот периот лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 21 % и Информации и комуникации од 7,4 %. Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот […]

Повеќе од 60.000 пингвини во Јужна Африка умреле од глад


Повеќе од 60.000 пингвини во колониите покрај брегот на Јужна Африка умреа од глад како резултат на исчезнувањето на сардини, открива нов труд.Повеќе од 95% од африканските пингвини во две од најважните колонии за размножување, на островот Дасен и островот Робен, умреа помеѓу 2004 и 2012 година. Пингвините за размножување веројатно умреа од глад за […]

Македонската ко-продукција Фантази, Фатих Акин и победничкиот филм на Македокс вечерва на Синедејс


  Репертоар на трет ден на 24. CINEDAYS Фестивал на европски филм   Кратки филмови   Антипод – режија: Бојан Секуловски – 19 часот, сала 25 Мај Ел Дорадо – режија: Матија Јовановиќ – 20 часот, Кино Фросина Нурнување во рапсодија – режија: Елдан Аломеровиќ – 21 часот, Кинотека Мојот Њујорк – режија: Алрик Браун […]

Израел не е европска земја. Па зошто се натпреварува на Евросонг?


Женева – Тензиите околу учеството на Израел на Евросонг траат повеќе од една година, откако избувна војната во Газа и се покрена прашањето дали земјата треба да продолжи да учествува. Дебатата е дополнително загреана од минатогодишниот Евровизиски натпревар, кога се појавија обвинувања за политички притисок, несоодветна кампања и поделби меѓу националните радиодифузери. Откако ЕБУ потврди […]

УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот


Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици во земјава, месец ноември годинава беше потопол од вообичаено и многу врнежлив во централниот дел од државата до екстремно врнежлив во истокот и западот, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/2020), соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 5,9°Ц во Лазарополе до 11,7°Ц […]

Борисов до противниците: Намалете го возбудувањето!


Би апелирал до сите политичари, пратеници и партиски лидери малку да го намалат возбудувањето“, советуваше денес лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, околу политичката криза во земјата и барањето оставка од неговата влада. „Нивните постапки неодамна се веројатно добри повици до нивниот народ, но генерално тоа е лошо за државата“, оцени Борисов. Тој го прокоментира и […]

СДСМ формирал антикорупциски тим, бара помош од гонителите на „Коза ностра“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави денес дека како партија формирале свој антикорупциски тим и дека ќе побараат помош од италијанските институции што се справуваа со „Коза ностра“со порака дека, ако можеле да се справат со нив, „ние ќе можеме да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ во нашата држава“.  Филипче откри дека антикорупцискиот […]

Трамп тврди дека Европа ќе биде „цивилизациски избришана“


  Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација ја обвинуваат ЕУ и миграцијата за она што го нарекуваат неизбежно, целосно културно распаѓање во Европа. Експлозивното тврдење е изнесено во Стратегијата за национална безбедност на САД, во која се наведува дека Европа има економски проблеми, но се вели дека тие се „засенети од реалната и поостра […]

Почина глумецот Кари-Хиројуки Тагава, последниот кинески цар од филмот на Бертолучи


Лос Анџелес – Јапонско-американскиот актер Кари-Хиројуки Тагава почина на 75-годишна возраст. Глумецот почина вчера во Санта Барбара, од компликации по доживеан мозочен удар, потврди неговата менаџерка Марџи Вајнер. Тагава е роден во Токио, но пораснал во САД, додека неговиот татко, кој е роден на Хаваи, бил стациониран во американските воени бази. Актерот вежбал повеќе разни […]

ЕП и земјите членки на ЕУ договорија: Повторно се одлага Законот за дефорестација


Европскиот парламент и Советот на ЕУ доцна синоќа постигнаа договор за измени на Законот за дефорестација, со кои се предвидува одлагање на примената на неговите одредби за уште една година и се вметнува одредба и за можно негово дополнително преразгледување и пролонгирање во текот на 2026 година. Законот стапи во сила во јуни 2023 и […]

Студенти од ФЛУ направија конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола Мартиноски


Фалкултетот за ликовни уметности при Скопскиот универзитет соопшти дека во рамки на работилница нивни студенти направиле конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола  Мартиноски. Студентите кои го имаат одбрано предметот Заштита и  реставрација на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на ФЛУ, под менторство на доц. м-р Марија Сотировска-Богдановска и насловен доц. м-р Маријета Сидовски, […]

„Работнички“ добива модерна сала по ФИБА стандарди!


Нов паркет се поставува на теренот од 700 м², во салата „Работнички“, во Општина центар. Следната недела се очекува да биде завршен подот, а во тек е и доинсталација на семафорите, додека осветлувањето и озвучувањето се веќе финализирани.   Салата е целосно енергетски ефикасна, со подно греење, современ систем за ладење, греење и проветрување, нови […]