Се омажи Ким Катрал, Саманта од „Сексот и градот“


Ѕвездата од „Сексот и градот“, Ким Катрал, се омажи за својот долгогодишен партнер Расел Томас. Двојката размени завети речиси една деценија откако се запознаа додека таа гостуваше во радио емисија на Би-би-си каде што работеше Томас. Актерката ја сподели среќната вест со фотографија од нив како се бакнуваат на Инстаграм, откако списанието „Пипл“ објави дека […]

ВМРО-ДПМНЕ најави „ново поглавје“ по конгресот утре


ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18. редовен Конгрес. Овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, со која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство, се вели во соопштението кое по овој повод го објави партијата. Во него се информира дека на Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија […]

Гарабаја поднесе оставка, Шундовски седнува на клупата


Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер се раздели со својот досегашен тренер Шпанецот Рубен Гарабаја. Тој поднесе оставка на својата позиција, а клубот истата ја прифати. Договорот е раскинат пред неговиот истек. РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати истата. Гарабаја заминува […]

Објавена новата стратегија на САД, Европа оценета како поткопувач на демократијата


Новата стратегија за национална безбедност на САД, објавена додека претседателот Доналд Трамп се обидува да протурка нов мировен план за Украина, претставува драматична промена во надворешната политика на САД и предизвикува нервоза во европските престолнини. Документот од 33 страници – цитиран од „Фајненшл тајмс“ – ги обвинува европските влади дека придонесуваат за „цивилизацискиот пад“ на континентот […]

Витомир Митевски, Живоин Глишиќ и Беди Ибрахим добитници на наградата „Св. Климент Охридски“


 Академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. На свеченоста што ќе се одржи на 8 декември во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на наградата ќе го врачи највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа […]

Сојузниците на Асад во Москва подготвуваат оружено востание во Сирија


  Владимир Путин му вети на новиот сириски претседател дека ќе продолжи со соработката со неговата земја, но одби да го екстрадира Башар ал-Асад, кој избега во Москва со своите другари. Некои од нив сонуваат за одмазда против оние што го соборија диктаторскиот режим и подготвуваат вооружени востанија против новата влада. Поранешниот шеф на разузнавањето […]

Ерик Трамп десеткратно го зголемил своето богатство откако се вратиja во Белата куќа


 Ерик Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, десеткратно го зголемил своето богатство, откако неговиот татко се вратил во Белата куќа, објави денеска списанието Форбс. Вториот најстар син на Трамп, кој го управува бизнисот на својот татко девет години, нема удел во недвижностите по кои е позната Организацијата Трамп, но наследил нешто многу повредно, според […]

Шведска ќе ја запре помошта за пет држави, а средствата ќе ги пренасочи кон Украина


Шведска наредните години постепено ќе ја укинува помошта за пет земји, а средствата ќе ги искористи за да ја зголеми поддршката за Украина, соопшти денеска шведската Влада. Како што најави министерот за меѓународен развој и надворешна трговија, Бенџамин Дуса, Шведска планира да ја запре помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија. – Украина е […]

СП2026: САД очекуваат десет милиони навивачи од странство и заработка од 30 милијарди долари


Соединетите Американски Држави (САД) очекуваат речиси десет милиони фудбалски навивачи од странство да ја посетат земјата за време на Светското првенство кое ќе се одржи идното лето од 11 јуни до 19 јули, соопшти денеска Стејт департментот. „САД очекуваат приближно десет милиони посетители од странство. Светското првенство ќе генерира 30 милијарди долари за американската економија […]

За десет месеци годинава сме извезле производи за 6,7 милијарди евра, а сме увезле за 9,56 милијарди евра


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 6,7 милијарди евра и бележи раст од 2,2 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, е 9,56 милијарди евра, што е за 4,1 отсто  повеќе во споредба лани, соопшти Државниот […]

Македонија со Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпише декларација за брза пруга долж Коридорот 10


Македонија со Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпише декларација за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, а дополнително на иницијатива на Виена ќе биде склучен договор за доизградба на Коридорот 8, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по средбите во Брисел со претставници од ЕУ и министрите за транспорт од […]

Се укинуваат сите патнички возови меѓу Скопје и Битола до јуни 2026


Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови, информираат од Железници. Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8 часот, возот број 2081 на релација Скопје – Велес со […]

Повторно затворен граничниот премин Евзони


Околу 14 часот по локално време грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, блокадата се очекува да трае до 22 часот. На грчката страна од границата паркирани се над 300 трактори, а блокада имаше и во […]

Ниту една компанија не се откажала од солидарниот данок, некои ќе ѝ ја простат каматата на Владата


На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок. Има голем дел компании што се откажаа од затезната камата, а нема компании што се откажале од главниот долг, рече на денешната  прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање.  – Во однос на солидарниoт данок, на последната владина седница, на зaтворена […]

Растот на БДП од 3,8 отсто е еден од највисоките во последните години, вели Димитриеска-Кочоска


  Растот на БДП во третиот квартал од 2025 година, којшто денеска го објави Државниот завод за статистика, е резултат на она што го работевме напорно во изминатата година и половина, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Реалниот раст на Бруто-домашниот производ во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8%. Ова претставува […]

Советот на НБ ја усвои Програмата за 2026 година – во фокусот се основните цели и развојните активности


Советот на Народната банка, на 5 декември 2025 година, ја усвои Програмата за работа за 2026 година, со којашто се утврдија клучните активности за спроведување на законските надлежности и стратегиските области дефинирани со Стратегискиот план 2025 – 2027 година. Во 2026 година ќе се спроведат 179 програмски активности, од кои 113 се редовни, а останатите […]

Системот „Безбеден град“ е оспорен пред Уставниот суд. Има и кривична пријава


  Група граѓани поднесоа обемна претставка до Уставниот суд и кривична пријава до Јавното обвинителство против министерот Панче Тошковски, тврдејќи дека новиот систем за казнување преку СМС од проектот „Безбеден град“ е неуставен, технички небезбеден и дискриминирачки. Според подносителите, начинот на кој „Безбеден град“ функционира во моментов – преку испраќање линкови до PDF документи на мобилни телефони […]

5 декември во историјата – Ескадрила од авиони исчезна во Бермудскиот триаголник


  Во 14,10 часот на 5 декември 1945 година, пет торпедо-бомбардери на американската морнарица кои го сочинуваа Летот 19, полетаа од поморската воздушната база Форт Лодердејл во Флорида на рутинска тричасовна мисија за обука. По завршувањето на нивната цел, Летот 19 требаше да ги однесе на исток за дополнителни 67 милји, потоа да сврти на […]

ТВ21: Во Липково се појави огромeн процеп, селото се „подели“ на два дела


    Екипата на ТВ21 излезе на терен по добиената информација за колосална пукнатина во земјата, регистрирана во атарот на Липково. Драматичните снимки сведочат за длабок и широк расцеп кој претставува директна и сериозна опасност за околните објекти и виталната инфраструктура во регионот. Станува збор за активно свлечиште кое веќе предизвикува значителна материјална штета и, […]

Општина Струга заработи кривична пријава за неистакнувањето на државното знаме


ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија. Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се […]