„Силјан“ на Котевска се закити со најпрестижните ИДА награди во Лос Анџелес


Документарниот филм „Приказната за Силјан“  (The Tale of Silyan) на Тамара Котевска, македонскиот кандидат за Оскар, освои награда за најдобар документарен филм и за најдобра камера на 41. издание на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес,  Како што соопшти тимот, режисерката Котевска изјави дека овој е нејзин „најличен филм досега“ и дека успехот го посветува […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 8 декември 2025 година, 342-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 23 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 49 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Зеленски утре во Лондон на разговори со Стармер, Макрон и Мерц за мировниот план на САД


Претседателот на Украина Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Лондон, каде ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, за разговори околу американскиот мировен план за Украина. Стармер на средбата со лидерите од Украина, Франција и Германија ќе разговара за продолжувањето на преговорите меѓу американските […]

Први резултати од изборите во Букурешт: Чипријан Чуку води во трката за градоначалник


Кандидатот на Национално-либералната партија (НЛП) и актуелен градоначалник на Шестиот сектор, Чипријан Чуку, води во трката за градоначалник на Букурешт, според првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции, јавуваат локалните медиуми. Според податоците на агенцијата КУРС-Авангард, цитирани од Диџи24, Чуку добива 32,7 отсто од гласовите. На второ место е кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП) […]

Сиљановска: Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност


Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата. Како и во Климентово време и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото и борба против корупцијата, преку социјална […]

Еврокомесарот за одбрана: ЕУ да престане да ги следи плановите на Трамп и да понуди свој мир за Украина


 Време е Европејците да престанат да бидат следбеници на американскиот претседател Доналд Трамп и да предложат свој мировен план за Украина, изјави еврокомесарот за одбрана Андриус ​​Кубилиус во интервју за изданието „Политико“. ЕУ „треба да биде независна или барем да биде подготвена да биде доволно силна во геополитичките настани, вклучително и да има сопствени планови […]

Драстичен пад на потрошувачката на алкохол во Русија


По децении на прекумерна консумација, Русија бележи драстичен пад на потрошувачката на алкохол, достигнувајќи во ноември годинава ниво забележано за време на тешката економска криза од 1997–1998 година. Според руските медиуми, просечната потрошувачка паднала на 7,63 литри по жител, продолжувајќи го трендот на намалување што започна во април. Овие ниски нивоа последен пат биле забележани […]

Миграциските служби во САД уапсиле 75.000 лица без криминално минато


Повеќе од третина од околу 220.000 лица уапсени во првите девет месеци за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп од страна на службениците на Службата за имиграција и царинско спроведување (ИЦЕ) немаат никакво криминално досие, покажуваат новите податоци. Податоците, кои ги опфаќаат апсењата од 20 јануари до 15 октомври, покажуваат дека речиси 75.000 […]

Трамп помладиот: САД не се будала со чековна книшка


Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да се повлече од решавањето на војната во Украина, изјави неговиот најстар син Доналд Трамп помладиот на конференција на Блискиот Исток каде што, меѓу другото, рече дека украинските власти испраќаат „сиромашни селани“ на фронтот, додека сите богати одамна избегале од земјата. – Ова лето бев со мојата девојка […]

Скопје ќе се кити со 53.000 евра


Град Скопје ќе ја чини 3.260.000 денари – околу 53 илјади евра – новогодишната декорација за претстојните празници, а работата ќе ја изведе фирмата „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“ од Скопје, единствениот понудувач на распишаниот тендер. Според објавените податоци, компанијата и претходно добивала слични ангажмани за празнично украсување во Општина Центар и во Штип, а во […]

Левица: Томовски e фатен во лага за милионските тендери


Директорот на СОЗР и личен пријател на Христијан Мицкоски – Ивица Томовски дрско ја манипулира јавноста кога очигледно е фатен како дели тендери на негови блиски фирми, реагира Левица по серијалот обвинувања на оваа тема меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. -Додека Томовски тврди дека нема никаква поврзаност со фирмата ,,Сити Аутсорсинг” (која доби државни тендери од […]

Кремљ: Американската стратегија за национална безбедност „во голема мера“ е во согласност со руската визија


Кремљ денеска соопшти дека новиот документ за национална безбедносна стратегија на американската администрација „во голема мера“ се совпаѓа со руската визија. – Промените што ги гледаме, би рекол, во голема мера се совпаѓаат со нашата визија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за рускиот новинар Павел Зарубин, делумно објавено на неговиот канал на […]

Партијата на Пеевски организира контрапротести во Бугарија


Политичката формација на Дељан Пеевски, кој е под санкции на „Магнитски“, ќе организира контрапротести во одбрана на Владата, закажани за вторник во 18 часот, јавуваат бугарските медиуми. Собирите ќе се одржат под слоганот „Не на омразата“ и засега е познато дека ќе се одржат во Враца, Благоевград и Велико Трново, што може да се забележи […]

Руско МНР: ЕУ изгубила 1,6 трилиони евра поради антируските санкции


Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека економиите на европските земји изгубиле до 1,6 трилиони евра од 2022 до 2025 година поради антируските санкции. „Во последните години Русија е изложена на мерки на економски притисок од страна на западните земји. И покрај тоа, руската економија покажа висок степен на отпорност и приспособливост и продолжи […]

Томовски најавува тужба за клевета против СДСМ


Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата Ивица Томовски преку објава на Фејсбук најавува тужба за клевета против СДСМ. – Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, […]

ВМРО-ДПМНЕ возврати: Децата на Заев имаат најнизок рејтинг од основање на партијата


ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата од СДСМ дека конгресот што го одржаа вчера беше „конгрес на децата на Орбан“.  „Криминалниот и скапо платен центар за заевизација повторно е активиран за да го прикрие криминалот на семејството Заеви и нивниот невоспитан и недостоинствен начин на живот. Децата на Зоран Заев денес продолжуваат по истата матрица: бегање од […]

Келог: Договорот за прекин на војната во Украина е блиску


Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека договорот за запирање на војната во Украина е навистина блиску, но дека финализацијата зависи од решавањето на две клучни нерешени точки идниот статус на регионот Донбас и нуклеарната централа Запорожје. Келог, кој во јануари ја напушта функцијата, посочи дека напорите за мир се во „последните […]

Од граничните премини кон Грција отворен само Дојран


Од граничните премини кон соседна Грција отворен за сообраќај е само граничниот премин Дојран. Граничниот премин Меџитлија од 12 часот е затворен за сообраќај на товарни возила и автобуси, а граничниот премин Богородица од 11 часот повторно е во прекин поради штрајк на грчките земјоделци. Авто мото сојузот на Македонија информира дека на граничниот премин […]

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија


Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Обединетото Кралство со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција… Според Антонио Милошоски, откако излезе од ЕУ Обединетото Кралство ја враќа легалната основа на ФРОНТЕКС и за таа цел […]

СДСМ: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?


По објавените информации во британските медиуми дека Македонија преговара со Обединетото Кралство за прием на мигранти што не добиле азил за да ги користи евентуално како странски работници, СДСМ излезе со остра реакција, на линија на расположението во јавноста.  „Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните […]