Турнејата Четири скокалници стартуваше со победа на Превц


Словенецот Домен Превц триумфираше вечерва во Оберсдорф на првата станица од новогодишната турнеја Четири скокалници. Превц со тоа ѝ го донесе на Словенија првиот триумф во Оберсдорф на Новогодишната турнеја, а воедно ја забележа и шестата победа во последните седум настапи во Светскиот куп во скијачки скокови. Дваесетишестгодишниот Словенец победи во Оберсдорф со скокови од […]

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска дека неговата цел е да настапи на Летните Олимписките игри (ЛОИ) во Лос Анџелес, кои ќе се одржат во 2028 година. „Навистина, сакам да продолжам. Реков дека мојата цел е Лос Анџелес во 2028 година и Олимписките игри. Но, знаете што, нема ограничување за мене. Ќе видиме. Знаете што […]

Астролозите предупредуваат: „Волчјата Месечина“ во јануари отвора стари рани


На самиот почеток на 2026 година, на 3 јануари, ќе има моќен лунарен феномен – Полната Месечина во Рак, позната и како „Волчја Месечина“. Оваа лунација традиционално симболизира емоционална кулминација, но и навестување за внатрешни превирања, интроспекција и потреба од емоционално чистење. Тоа е астролошки момент што се случува во првите денови од јануари, а […]

Брижит Бардо ќе биде погребана покрај морето во Сен Тропе


Француската филмска икона Брижит Бардо, која почина во недела на 91-годишна возраст, ќе биде погребана на крајбрежните гробишта во Сен Тропе на француската ривиера, изјави портпаролот на локалната самоуправа во понеделник, иако не даде датум на погребот. Актерката, која стана симбол на Франција во 1950-тите и 60-тите години, живееше во омиленото место на богатите каде […]

Без вода утре корисници во Карпош


Поради уличен дефект на ул. „Нобелова“, крстосница со ул. „Хелсинки“, утре од 9 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Нобелова“, „Виенска“, дел од „Хелсинки“ и дел од „Лондонска, сппшшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.  Прекинот во снабдувањето со вода ќе трае до завршување на активностите за отстранување на дефектот.

Русија: Украинците ја нападнаа резиденцијата на Путин. Зеленски: Тие лажат, а ние знаеме зошто


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли обвинувањата на Москва дека Киев извршил напад врз државната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи ги уште една лага од страна на Руската Федерација. „Уште една лага од страна на Руската Федерација. Секако, вчера имавме средба со Трамп. И секако, за Русите тоа е неуспех ако нема скандал […]

Селекторот Седлоски ги избра помошниците


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја води националната селекција во претстојниот циклус натпревари. Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија […]

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година


Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.   Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на „Фејсбук“ напиша дека со потпишувањето официјално и целосно се откочуваат […]

ФИФА: Пристигнаа 150 милиони барања за влезници за СП2026


Дубаи – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека за две недели се пристигнати 150 милиони барања за купување влезници за Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. „Имаме шест до седум милиони билети во продажба, а за само 15 денови добивме 150 милиони барања за купување билети. […]

До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража


Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со ‘смарт’ – инфраструктура и катна гаража“. Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. […]

Тешка сообраќајка кај Тополчани, прилепчанец заврши со тешки повреди


Синоќа, во 20:18 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот […]

29 декември во историјата – Тексас стана дел од САД


  Тексас не бил секогаш дел од Соединетите Американски Држави. Неговиот пат кон тоа да стане држава на САД бил долг, крвав и политички сложен. До почетокот на 19. век, областа што сега е Тексас беше дел од Шпанската империја. Откако Мексико доби независност во 1821 година, Тексас стана дел од мексиканската држава. За да […]

Автомобил заврши во реката Треска, нема повредени


Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦУК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало од пат и завршило во реката Треска, во близина на езерото Матка. -Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви, велат од ЦУК. По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно […]

(Видео) „Маѓаровите птици“ уништија штаб на руските специјални сили, убивајќи десетици елитни војници


  Голем напад врз силите на Главната разузнавачка управа на Русија (ГРУ) е извршен на окупирана украинска територија. „Маѓаровите птици“, елитна украинска единица со беспилотни летала, го нападнаа седиштето на 14. бригада на ГРУ во близина на Мариупол, при што загинаа 51 руски војник, а ранети беа 76 други во ноќниот напад, според Роберт Бровди […]

Европа на раскрсница, ќе мора да избере помеѓу развојот на вештачката интелигенција и климатските амбиции


Денес, Европа се соочува со клучна одлука дали да се приклучи на глобалната трка за развој на вештачката интелигенција или да продолжи да остане посветена на своите главни климатски цели, предупредуваат експертите анкетирани од Си-Ен-Би-Си. Инвеститорите и менаџерите на фондови предупредуваат дека енергетските регулативи и амбициозните климатски планови го отежнуваат брзото развивање на инфраструктурата потребна […]

Зимската бура во Газа урна 17 згради и уништи повеќе од 42.000 шатори


Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) објави трагични податоци за последиците од бурата Бајрон, која ја погоди Газа во последните денови и уништи повеќе од 42.000 шатори и погоди 235.000 луѓе. „Месеци војна и раселување ги принудија луѓето во Газа да живеат меѓу урнатини што се рушат, во импровизирани засолништа или во трошни шатори. […]

Европските пензиски системи се неодржливи, а пензиите се премногу ниски, покажува истражување


Повеќето Европејци веруваат дека државните пензиски системи на нивните земји наскоро ќе станат финансиски неодржливи, но тие исто така веруваат дека сегашните пензии се премногу ниски и се спротивставуваат на клучните реформи како што е зголемувањето на возраста за пензионирање. Ова го покажа големото истражување на YouGov спроведено во шест европски земји, објавува Гардијан. Со […]

Вучиќ го глорифицираше кралот Александар, кого го уби ВМРО


  „Ние, Словените, никогаш не сме можеле да цениме никого за време на нашиот живот, туку само по нечија смрт. Јас живеам за она што ќе биде мое наследство, а не за она што ќе ми го кажат денес, бидејќи никој во негово време не можеше да очекува добар збор од својот народ“, рече претседателот […]

Горивата поскапуваат за половина денар


Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата поскапуваат за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска  Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).  Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС  95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 72,50 денари, на дизел горивото […]