6 ноември во историјата – Абрахам Линколн е избран за претседател на САД


  Абрахам Линколн е избран за 16. претседател на Соединетите Американски Држави против длабоко поделената Демократска партија, станувајќи првиот републиканец кој ја освоил претседателската функција. Линколн доби само 40 проценти од гласовите на народот, но лесно ги победи другите тројца кандидати: јужниот демократ Џон Брекинриџ, кандидатот на Уставната унија Џон Бел и северниот демократ Стивен […]

Слики од под планината – изложба на Сергеј Андреевски во Македонскиот КИЦ во Софија


На 7 ноември (петок) 2025, од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија ќе биде отворена изложбата „Слики од под планината“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Изложбата е составена од 20 слики, насликани со маслени бои, во кои авторот преку својот препознатлив стил и експресија ги изразува своите моментални чувства. Фигуративните сцени се често претставени во зелена средина, секојдневни сцени, наизглед […]

Скопје и Софија го потпишаа договорот за тунелот на Деве Баир, фрлајќи малку светло во односите


  Македонија и Бугарија денеска фрлија малку светло во меѓусебните односи оптоварени со голема недоверба и го потпишаа договорот изградбата на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 на Деве Баир. Церемонијата на која потписите ги ставија двајца вицепремиери и остовремено министри за транспорт, Александар Николоски и Гроздан Караџов, се случи на железничката станица Ѓуешево. Зградата […]

На Европа ѝ се заканува недостиг на гориво ако не биде одобрена зделката за имотот на „Лукоил“ , предупредува „Гунвор“


 Европа би можела да се соочи со проблеми со снабдувањето со гориво и губење на работни места доколку регулаторите не го одобрат договорот на „Гунвор Груп“ за преземање на меѓународните средства на „Лукоил“ за околу 22 милијарди долари, изјави извршниот директор и мнозински сопственик на „Гунвор“, Торбјорн Торнквист. Според планот, шведската „Гунвор Груп“, со седиште […]

Лавров паднал во немилост на Путин по пропаѓањето на самитот со Трамп


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се чини дека ја изгубил наклонетоста на Кремљ по катастрофалниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, што доведе до прекин на самитот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. Лавров (76), кој го предводи Министерството за надворешни работи повеќе од 20 години, не се појави на […]

Сведок во случајот „Онкологија“: Татко ми никогаш немаше добиено терапија навремено


 Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Случајот е во доказна постапка, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска. На рочиштето беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на […]

Мицкоски контра ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата во СДСМ е нивна внатрешна работа


  Изутринава ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција на Викторија Андоновска рече дека „време е СДС да се соочи со вистината дека Филипче мора да си замине“, за подоцна премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, да изјави дека случувањата во СДСМ и ДУИ се нивни внатрешни прашања: „Тоа е нивна работа“. „Ова не е случаен резултат. Ова […]

Мицкоски бил исклучително задоволен од „извештајчето“ на ЕУ, а Македонија била пред Албанија


  Премиерот не верува многу во зборовите на Европската комисија, и иако неговата партија го нарече Извештајот на Европската комисија „извештајче“, тој е „исклучително задоволен“. Христијан Мицкоски без да даде аргументи или факти денеска тврдеше дека Македонија е многу пред Албанија, иако Тирана веќе има отворено пет шод шесте преговарачки поглавја, а Македонија ниедно. Тој […]

Египќанецот Ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО


Париз – Египќанецот Халед ел Енани денеска е формално избран за генерален директор на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО). Тој ќе ја замени Французинката Одри Азулеј. Со формалното гласање потврдена е одлуката од 6 октомври на Извршниот одбор на УНЕСКО, кој ја препорача кандидатурата на Ел-Енани пред Конгоанец Фирмин Едуард Матоко […]

Не правете грешка дома: Никогаш не смеете да ги вклучувате овие уреди во продолжен кабел


Некои уреди може да предизвикаат прегревање, краток спој или дури и пожар Продолжните кабли се практични, но честопати ги користиме неправилно, ставајќи се во опасност. Наместо да бидат привремено решение, во многу домаќинства тие станаа постојан извор на енергија за сè, од полначи до греалки. И тука доаѓа проблемот: некои уреди се небезбедни кога се […]

Божиновска со енергетските лидери на форум во Атина – фокус на новата трансатлантска соработка


Во Атина денеска официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти, на која учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. По покана од американскиот секретар […]

Милевски: Нашите фудбалери се феномени


 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Летонија и со Велс.  – Ни претстојат контролен меч со Летонија и последниот квалификациски натпревар против Велс, добра можност за мини подготовки пред важниот предизвик. Немав забелешки по дуелот со Казахстан, сите одиграа на високо ниво. Промените во текот на […]

Оваа мистериозна жена стои покрај првиот муслимански градоначалник на Њујорк: Се запознале преку апликација


Рама Дуваџи, сириско-американска уметница и сопруга на Зохран Мамдани, се најде во центарот на вниманието откако нејзиниот сопруг стана првиот муслимански градоначалник на Њујорк. Зохран Мамдани извојува историска победа на изборите во Њујорк, станувајќи првиот муслиман кој го предводи најголемиот град во Америка. Веднаш по објавувањето на победата, Зохран Мамдани одржа говор и упати посебни […]

Пругата до Бугарија ќе ја чини Македонија 810 милиони евра, а од бугарска страна уште 1,2 милијарди


Македонија и Бугарија се обврзаа на активности и обврски за изградбата на железничкиот тунел на Коридорот 8 со Договор, што денеска го потпишаа ресорните министри Александар Николоски и Гроздан Караџов, во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, и на банките кредитори на проектот за железничко поврзување на двете држави.  Проектираната должина на тунелот е […]

Новата книга на Мишел Обама „Изгледот“ ги редефинира моќта, самодовербата и видливоста


Чикаго – Mишел Обама повторно е во тренд, и тоа не само поради нејзиното влијание или наследство. Овој пат разговорот е за „Изгледот“ (The Look), нејзината нова книга што ги разоткрива слоевите на имиџот, идентитетот и овластувањето. Во неа, поранешната прва дама открива како ја користела модата не само за да се облече, туку и […]

Преку агенција ќе се инспирираат младите да се занимаваат со наука


„Науката како патоказ во време на промени“ е насловена конференцијата што денеска ја организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Конференцијата се одржува во ИНОКС-центар во Скопје и е посветена на инспирирање на младите за значењето и улогата на науката во справувањето со современите општествени предизвици. Министерката за образование и наука Весна […]

Околу 60 автобуси на ЈСП ќе се вратат на скопските улици


Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави дека очекува околу 60 автобуси на ЈСП  деновиве да се вратат на скопските улици. – Веќе разговараме со дел од стручните служби на ЈСП Скопје, што не го опфаќа директорот и раководството за кои во изминатиов период видовме дека нивниот капацитет како да не постои односно, дека е деструктивен […]

Јакимовски обвини дека била „украдена“ волјата на граѓаните во Карпош на изборите


По тесниот пораз во општина Карпош на локалните избори, Стевчо Јакимовски, го оцени изборниот процес како системска злоупотреба, обвинувајќи за поткуп и принуда на гласачи, за контролирани медиуми, инсталации на избирачки места до, како што вели, организирано „крадење“ на волјата на граѓаните. Разликата од 1.134 гласа меѓу него и неговиот противкандидат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ […]

Принц Вилијам на зелениот килим со Кајли Миног и Шон Мендез


Рио де Жанеиро – Принцот од Велс ја поздрави следната генерација екологисти, велејќи дека „иднината им припаѓа ним“, додека неговата награда Earthshot 2025  на церемонија ги прославуваше решенијата за ревитализација на планетата.     Вилијам ја сподели сцената со пет млади бразилски млади луѓе, кои секој од нив даде изјава за свет што сакаше да […]