(Видео) „Ѓубре офанзива“ во Скопје


Вечерва, од паркингот кај хотелот „Александар Палас“ новиот градски татко на Скопје, Орце Ѓорѓиевски со поддршка на сите скопски градоначалници и премиерот Христијан Мицкоски, со бројни хигиеничари од „Комунална хигиена“, како и тешка механизација тргна во„ѓубре офанзива“, да го исчисти и да го ослободи Скопје од наталожениот смет. Во рамките на акцијата ќе се работи […]

Пет причини зошто дигиталното евро ќе промени сè што знаеме за плаќањата


Европската централна банка (ЕЦБ) планира да го лансира дигиталното евро во 2029 година, а подготвителната фаза за правната рамка треба да биде завршена овој месец. Службениците на ЕЦБ ќе одлучат за продолжување на подготвителната работа на состанок во Фиренца, Италија, објави „Блумберг“. Извори наведуваат дека службениците сакаат да ја издадат валутата во 2029 година, под […]

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство


Новинарите на „360 степени“ Александар Димитриевски и Михаил Милошевски, денеска ја добија првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство 2025 година за сторијата „По трагите на „Јулија“. Втора наградена сторија е „Украдени животи“ на новинарите Александра Денковска, Сашка Цветковска, Бојан Стојановски, Александар Јанев, Трифун Ситниковски, Давид Илиевски од ИРЛ. Третата награда замина во рацете на […]

Од 2020 година во Албанија е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари


Шефот на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, изјави дека „вредноста на средствата создадени преку перење пари, кои се конфискувани и запленети, изнесува над 300 милиони евра“. – Во врска со перењето пари, Специјалното обвинителство го зголеми бројот на кривични постапки, на обвинети, на судени, ја зголеми вредноста на конфискуваниот […]

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц


 Германската челична индустрија се наоѓа во „егзистенцијална криза“, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, по состанокот со водечките претставници на секторот во Берлин. Т.н. „челичен самит“ имаше цел да ги разгледа начините за поддршка на домашните производители кои се под притисок од новите американски царини, растечката кинеска конкуренција и слабата побарувачка од автомобилската индустрија, пренесе […]

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина


Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека е постигнат договор со фармацевтските гиганти Novo Nordisk и Eli Lilly за намалување на многу високите цени на неколку водечки лекови за дијабетес и дебелина во САД. – Драго ми е што можам да објавам дека двата најголеми светски производители на лекови, Eli Lilly и Novo Nordisk, се […]

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје. Директорката детално ја запозна со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот којшто ќе се одржи во јуни следната година под провокативното мото „Храбриот нов театар“. Импресионирана од иновативноста на програмската […]

Рекорден број на најавени отпуштања во САД


Ббројот на најавени отпуштања во американските компании нагло се зголеми во октомври, а растечкото влијание на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот се наведува како една од главните причини. Октомври 2025 година беше најлошиот месец во однос на најавените отпуштања во последните 22 години, објавува Си-Ен-Ен. Според извештајот објавен од Challenger, Gray & Christmas, минатиот […]

На градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје веќе се работи – Мицкоски утре на увид


Премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. Како што соопштија од Владата, веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода-Аеродором – Железничка станица Скопје, а вредноста на договорот e 360 милиони денари. Согласно проектот ќе се изврши целосна реконструкција и […]

Само 4 мажи биле двапати најсекси маж на светот според „Пипл“ – еве кои се


Откако списанието People го објави своето прво издание за најсекси маж на People во 1985 година, титулата им е доделена на 37 различни мажи. Но, од таа група, само четворица актери ја красиле годишната насловна страница во две одделни години. Продолжете да скролувате за да видите кој, кога и зошто. Бред Пит ја доби титулата […]

Уапсен директорот на Агенцијата за земјоделство при примање мито


Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, е уапсен денеска под сомнение за земање мито, пренесуваат повеќе медиуми попладнево. Акцијата ја спроведе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во соработка со истражителите од Истражниот центар при ОЈО ГОКК и екипи на Министерството за внатрешни работи. Според […]

ДИК одби уште три приговори за гласање во избирачки места во Шуто Оризари


Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница одлучи да одбие како неосновани уште три приговори поднесени од Коалицијата „Твоја Македонија“ преводена од ВМРО-ДПМНЕ во избирачки места во Општина Шуто Оризари. За Општина Шуто Оризари поднесени се 13 приговори, од кои 10 се од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, а три приговори се […]

Рокас: Веќе во три извештаи на ЕК немате напредок во борбата со корупцијата!


  Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, му го предаде на премиерот Христијан Мицкоски „извештајчето“ за тоа каде е нашата држава во приближувањето кон Европската Унија. И додека премиерот ги посочи главно попозитивните оценки, Рокас ги наброја сите политики околу кои Владата не покажува напредок, при што како што рече – веќе во три […]

Скопје по петти пат ќе наздравува со виски во „Мериот“


  Од 6 до 8 ноември, Боттега Евенти го организира 5-тото издание на Skopje Whiskey Fest, во хотел Мериот, од 19:00-00:00. Ќе бидат понудени преку 90 етикети на виски пијалаци од повеќе дестилерии ширум светот, претставени од виски увозниците во земјава, кои посетителите ќе можат да ги дегустираат во текот на трите фестивалски дена. вклучувајќи американски […]

Јубилеен концерт на „Ареа“ во Скопје – 25 години од „Врати на имагинација“


Со концерт во сабота во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, еден од најдобрите македонски бендови „Ареа“ ќе ја одбележи 25-годишната од издавањето на албумот „Врати на имагинација“ и 25 години од концертот што го одржа на Скопскиот саем.  Бендот ветува незаборавна вечер со исполнување на сите хитови од албумот меѓу кои безвременската „Сите мои […]

Откако ги опустоши Филипини, тајфунот Калмаеги „удри“ врз Виетнам


Тајфунот Калмаеги денеска го погоди брегот на Виетнам, откако претходно ги опустоши Филипини. Виетнамските централни провинции Дак Лак и Џа Лај се погодени од обилни дождови и ветер со брзина до 149 километри на час. Тајфунот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се шест аеродроми и откажани се стотици летови. Околу 268.000 војници […]

Во Загреб отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност


  Пред  бројна публика во македонскиот КИЦ  во Загреб беше отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност којшто македонскиот КИЦ го реализира во соработка со реномираната македонска издавачка куќа ,,Македоника литера“ .   Фестивалот го отвори директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека, целта на Фестивалот е […]

Мицотакис најави „ново поглавје“ во енергетската историја на Грција по договорот со „Ексон Мобил“


Денеска пишуваме ново поглавје во енергетската историја на Грција, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во пораката за договорот меѓу „ExxonMobil“, „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“, за учеството на американската компанија во концесијата на Блок 2 за истражување јаглеводороди во Јонското Море, јави дописничка на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека „американскиот енергетски гигант „ExxonMobil“ ја проширува […]

Во Србија хаос поради кандидатката за Мис Универзум, ja претставува Монголка


Бангкок- Претстојниот избор за Мис Универзум 2025, кој ќе се одржи на 21 ноември во Тајланд, веќе предизвикува голем интерес и бројни дискусии во регионот. Хрватска ќе ја претставува Лаура Гњатовиќ, која според меѓународните портали се смета за една од фаворитите на натпреварот, a Mакедонија – Иман Тотич. Сепак, посебно изненадување доаѓа од Србија – […]

МВР: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајки, секојдневно сами го ризикуваме животот


Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, […]