Сите бараат трет протокол, според Муртезани немаме ни дијалог со Бугарија


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска истакна дека по локалните избори заедно со европските партнери се работи на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија, со цел да се надмине спорот и да се одблокира евроинтегративниот процес на земјава. Муртезани ова го посочи на денешната прес-конференција во Скопје со министерката за […]

Австралискиот амбасадор Трасвел гледа потенцијал во Македонија


  Нашите билатерални односи се во многу добра форма. Има силна врска помеѓу нашите две земји, споделуваме заеднички вредности. Постојат силни врски помеѓу двата народа, а тоа е бројната македонска дијаспора. Австралија беше една од најголемите дестинации за Македонците кои емигрираа во последниве 50-60 години. Се надевам за посилни врски во иднина на ниво на […]

Македонските кошаркари отпатуваа за Даблин


 Македонската кошаркарска репрезентација нема време за одмор, а кус е периодот и за подготовки за следниот натпревар. Синоќа во СРЦ „Кале“ македонските кошаркари постигнаа убедлива победа над Азербејџан со 87:49. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски денеска отпатуваа за Даблин, каде во недела го играат вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029. Селекторот Илиевски веќе најави […]

Јанкуловска го спореди своето судење со Нирнбершките процеси и судењата за Информбирото


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанколовска, во чие време се случија најголемите скандали во безбедносниот сектор во историјата на Македонија, продолжува да тврди дека била жртва и бара правна сатисфакција. -Овој чекор на Европскиот суд за човекови права како дел од процесот низ кој очекувам да се констатира повреда на членот 6 од Европската […]

Сопствениците на „Мис Универзум“ во Мексико и Тајланд се обвинети за измама и трговија со луѓе


Изборот за убавина „Мис Универзум 2025 “ беше погоден од нов скандал неколку дена по завршувањето, при што мексиканскиот ко-сопственичка на изборот беше обвинет за трговија со дрога и оружје, а неговиот тајландски колега обвинет за измама. Годинешниот натпревар „Мис Универзум“ заврши минатата недела во Тајланд со победа на Мис Мексико по натпреварот исполнет со […]

Солидарниот данок ќе се враќа на две годишни рати, првата  во март идната година, а втората во 2027


Солидарниот данок во износ од речиси 50 милиони евра, што го уплатија 156 компании пред две години, ќе се враќа во две годишни рати, првата во март идната година, а втората една година потоа. Тоа значи дека државата за оваа цел треба да обезбеди значајни средства во буџетите за идната и за 2027 година. И […]

Водовод: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е чиста – не е причина за труењето на децата


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба. Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница […]

Претрес во куќата на шефот на кабинет на Зеленски


Украинските антикорупциски институции – Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) – утрово извршија претрес во куќата на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, објави пратеникот Јарослав Железњак на својот Телеграм канал. Според него, членови на НАБУ и САП упаднале во домот […]

Белгија го отфрли и новиот предлог на ЕК за „заемот за репарации“ за Украина како „фундаментално погрешен“


Белгискиот премиер Барт де Вевер во писмо упатено синоќа до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека планот за т.н. „заем за репарации“, кој предвидува користење на 140 милијарди евра од замрзнатите руски средства во ЕУ за исплата на финансиска поддршка на Украина е „фундаментално погрешен“, може да создаде сериозни економски и […]

Денес ќе се утврди новата цена на парното греење


Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.Одлуката доцнеше неколку месеци бидејќи регулаторите чекаа да го добијат извештајот за проценка на вредноста на топланите од Бирото за процена, по што може да се утврди конечната тарифа. Првичните информации од летото укажуваа дека компаниите што […]

Центар продолжи со рушење нелегални доградби


Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало. Конструкцијата, со димензии 15 x 5,7 метри, беше изградена без одобрение за градење и го узурпираше заедничкиот простор предвиден за граѓаните. „Јавните површини  во Центар им припаѓаат на сите […]

СДСМ: Пензионери веќе ја тужат државата


Владата на Христијан Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите. Освен што ги излажа пензионерите, сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако власта на ВМРО-ДПМНЕ доставила во Собранието закон кој е неуставен, не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле, реагираат денеска од СДСМ. „Прашањето е […]

Џенифер Лопез сподели како го слави Денот на благодарноста


Лос Анџелес – Џенифер Лопез сподели низа фотографии на Инстаграм, на коишто покажува како го слави американскиот празник Ден на благодарноста. На сликите, во преден план е подготовката на традиционалната мисирка, како и колачите, особено питата од јаболка, како и целата гозба на масата. „Ова се само дел од моите омилени работи. Среќен Ден на […]

Муртезани домаќин на шведската министерка Розенкранц


Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово беше домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Јесика Розенкранц, која вчера и денес престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамките на состанокот во Министерството за европски прашања се одржаа тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите, на кои се разговараше за европската […]

Страшна бура беснее во Грција: Улици под вода; Црвено предупредување (фото/видео)


Бурата Адел ја зафати Атика, носејќи силни бури и повремен град. Некои делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави Катимерини. Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, додека времето се очекува да се подобри […]

Настап на дуото „Белден“ во „Аудиокултура“ во Скопје


 Дуото „Белден“, заедно со гостинката Лена Димовска, во „Аудиокултура“ во Скопје в сабота во 19 часот ќе донесат автентичен звук, изворни мелодии и силна, чиста емоција – како што се предавале од поколение на поколение. При секој настап, дуото повикува гости – млади музичари, пејачи или кажувачи, со што се збогатува изведбата и се гради […]

Најстудено во Маврови Анови -1 , најмногу дожд во Струмица 50 литри на квадрат


Утрово најниска температура од -1 степен Целзиусов е измерена во Маврови Анови. Следат Лазарополе, каде се измерени 0 степени, 1 во Крива Паланка и Крушево, 2 во Тетово, Куманово, Штип и Виница, 3 во Велес и Прилеп, 4 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Битола и 5 степени во Гевгелија, Охрид, Берово и Претор, соопшти […]

„Џонсон Мети“ со одлични резултати за првите шест месеци од фискалната година


„Џонсон Мети“ оствари силни резултати во првата половина од финансиската година (шесте месеци што завршија на 30ти септември 2025 година), што го одразува влијанието на трансформацијата во поекономичен и пофокусиран бизнис што генерира готовина. Про-форма основната оперативна добивка (без „Catalyst Technologies“ и „Value Businesses“) е зголемена за 38% по константна валута, а остварена е маржа […]

Смртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг Конг се искачи на 128 лица


Бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица, потврдија локалните власти на денешната прес-конференција. Пожарот, кој е целосно изгаснат околу 10:18 часот по локално време (02:18 часот по Гринич), остави и најмалку 79 повредени, додека десетици луѓе сè уште се водат за […]

Германската компанија „Гересхајмер“ ја зголемува инвестицијата во ТИРЗ Скопје 2


Германската компанија „Гересхајмер“ ја зголемува својата инвестиција во ТИРЗ Скопје 2, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ. – Во насока на континуирана комуникација со сите инвеститори, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со менаџментот на германската компанија „Гересхајмер“, што ја гради својата втора фабрика во ТИРЗ Скопје 2. На средбата се разговараше за […]