Современ систем за управување со отпад: Што се менува во Источниот и Североисточниот регион


Проектот СЕНЕ3 – „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ на Република Северна Македонија има за цел да помогне во воспоставување интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, проектот обезбедува поддршка за општините, јавните комунални претпријатија и […]

Гувернерот Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите


Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот […]

Канада гради нафтовод за да го зголеми бродскиот извоз на нафта во Азија


Премиерот на Канада, Марк Карни и премиерката на канадската покраина Алберта, Даниела Смит потпишаа договор за изградба на цевковод, за зголемување на извозот на нафта со бродови во Азија. Нафтоводот ќе оди од Алберта, богата со нафтени наоѓалишта, до новото пристаниште за големи бродови на брегот на Тихи Океан во покраината Британска Колумбија. Цевководот треба […]

Романија сериозно се вооружува: Купува француски системи за противвоздушна одбрана „Мистрал“


Романија, членка на ЕУ и НАТО, има долга граница со Украина, што ја зголемува нејзината воена важност. Нејзината моментална воздушна одбрана вклучува разни модерни системи како што се Патриот, авиони Ф-16 и ракетни лансери Химарс. Романското Министерство за одбрана објави дека потпишало договор со Франција за купување на 231 преносни системи за противвоздушна одбрана „Мистрал“ […]

Снежен хаос во Србија: Затрупан автопатот „Милош Велики“, сообраќајот во прекин


Силни снежни врнежи во Србија предизвикаа хаос: затрупан автопат „Милош Велики“, опасни патишта, поledица и предупредувања од РХМЗ. Силните снежни врнежи што погодија делови од Србија предизвикаа големи проблеми на патиштата и значително го отежнаа сообраќајот. Социјалните мрежи се преполни со снимки од целосно блокираниот пат кон Дивчибаре, каде возилата се заглавени во снежни наноси […]

Европол заплени осум милиони штетни играчки


Агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија (Европол) соопшти дека во предбожиќната акција запленети се осум милиони лажни и штетни играчки од продавници и пазари во 26 држави. Европол посочи дека повеќето од конфискуваните играчки „целосно ги избегнале строгите правила на ЕУ за производи наменети за деца“. Запленети се фалсификувани кукли, коцки, автомобили, комплети […]

Швајцарка му дала 100.000 евра на лажен Бред Пит. Го чекала во хотел три недели


Се започна во мај 2024 година кога Патриша ја следеше Инстаграм страницата на Бред Пит. Набрзо доби порака од некој што се претстави како негов менаџер, прашувајќи ја дали сака директно да разговара со актерот, со што се согласи. „Почнавме нормално да комуницираме, како двајца луѓе што се запознаваат, многу нежно“, се присети таа. Со […]

Без вода дел од село Љубанци


Без вода за пиење во моментов е дел од село Љубанци, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснуваат, причината е уличен дефект. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

САД ќе почнат копнени акции против шверцерите со дрога од Венецуела


Вашингтон – Претседателот на САД Доналд Трамп најави денеска дека „многу скоро“ ќе започнат операции „по копно“ за спречување на наводните венецуелски шверцери со дрога, пренесе ДПА. Во телефонски разговор со припадници на американските вооружени сили, Трамп истакна дека „веќе нема многу (венецуелски шверцери на дрога) што доаѓаат по морски пат“, додавајќи дека неговата администрација […]

Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра


На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, предупреди дека фискалните показатели објавени на 25 ноември 2025 година откриваат сериозен јаз во приходната реализација на Буџетот.  Наместо планираната динамика, државата досега наплатила близу 299 милијарди денари, што е само 82,32% од годишниот план, оставајќи дупка од над 64 милијарди […]

Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен


Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и во споредба со истиот период од 2024, е зголемен за 3.7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 […]

Помалку склучени, а повеќе разведени бракови


Помалку склучени, а повеќе разведени бракови, евидентирал Државниот завод за статистика во третото тримесечие од годинава. Во овој квартал склучени се 3 514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува  зголемување од 27.7 % во однос на лани.

Национален штрајк во Италија: Засегнати железницата, транспортот, образованието и здравството


Рим – Во Италија денеска се одржува 24-часовен национален штрајк организиран од водечките синдикални организации во земјата, јавуваат италијанските медиуми. Штрајкот е придружен со демонстрации на многу места, а главна причина се мерките предвидени во предлог-буџетот за следната година. Штрајкувачите бараат повеќе инвестиции во образованието, здравството и транспортот, драстично намалување на трошоците за одбрана, достоинствено […]

Папата Лав Четиринаесетти денеска во Истанбул и Изник: средби, посета на свети места и чествување на Никеја


Анкара – По вчерашното пристигнување во турската престолнина Анкара, во рамките на своето прво задгранично и прво апостолско патување по изборот за поглавар на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ја продолжува посетата со патување во Истанбул и Изник. Според програмата, во Истанбул папата ќе се сретне со христијанското свештенство во катедралата „Св. Дух“, а […]

Почина припадничката на Националната гарда застрелана во близина на Белата куќа


Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека почина Сара Бекстром, припадничка на Националаната гарда, која беше застрелана во близина на Белата куќа. Сара Бекстром од Западна Вирџинија, еден од припадниците на Националната гарда за кои зборуваме, многу почитувана, млада, прекрасна личност … Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас, истакна Трамп. Додека […]

Трамп по нападот пред Белата куќа: „Трајно ја забранувам миграцијата од Третиот свет“


Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе работи на трајно запирање на имиграцијата од „земјите од третиот свет“. – Трајно ќе ја запрам имиграцијата од сите земји од третиот свет за да му дозволам на американскиот систем целосно да заздрави, објави Трамп на социјалните мрежи. Тој најави дека неговата администрација ќе […]

„Хеликон пред микрофон“: Читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката


Во аулата на Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи поетскиот настан „Хеликон пред микрофон: читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет. Настанот е дел од серијата настани што Филозофскиот факултет оваа година ги организира по повод […]

Гала концерт во НОБ со светски познатата оперска дива Инва Мула


На сцената на Македонската опера и балет, вечер во 20 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е […]

Фестивал на австралиски филм во Кинотека


Краткиот Фестивал на австралиски филм ќе се одржува денеска и утре во Кинотека на Македонија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија. Организатори се Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија. Публиката вечер, во 20:00 часот, ќе може да го погледне […]

Почна божикниот пост


 За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен […]