Нивото на водата во Охридското Езеро осум сантиметри под просекот за ноември


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.21 метри надморска височина или осум сантиметри под месечниот просек. Според последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото е 11 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина. Температурата на водата денеска изнесува […]

За опозицијата Предлог-буџетот за 2026 година е неразвоен и нереформски, за власта е реален


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2026 година. И денеска пратениците од власта и опозицијата со спротиставени ставови и меѓусебни обвинувања за растот на економијата и за тоа кој повеќе придонел за животниот стандард на граѓаните. За опозицијата, предложениот буџет не се темели на реални проекции, […]

Филипче: По олку лош извештај на ЕК, може да добиеме и нови услови за преговори


  Лидерот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, порача дека извештајот на Европската Комисија е показател дека власта нема политичка волја да  продолжи со реформите. „Жалам што слушаме пораки на евроскептицизам тука во телата на Собранието, во кои што најмногу треба да се работи и на полето на реформите и на […]

Саботажа на пругата во Полска што води кон Украина


  Железничката линија што ја поврзува полската престолнина Варшава со источниот град Лублин и понатаму со Украина беше крената во воздух во неделата како „акт на саботажа“, изјави премиерот Доналд Туск во понеделник наутро. Железничкиот сообраќај по прометнатата рута беше запрен во недела наутро откако машиновозач на брзиот воз Интерсити забележал штета на линијата, предупредувајќи […]

Сиљановска за извештајот на ЕУ: Не е точно дека не сме ги ставиле на дневен ред уставните измени


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, нагласи дека по 16. пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или […]

Советот на ЕУ ги одобри новите правила за суспензија на безвизниот режим


Советот на ЕУ денеска во крајна инстанца ги одобри измените на Регулативата за механизмот за суспензија на безвизниот режим за граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза кога патуваат во Шенген зоната, со што на Унијата ќе и се овозможи побрза и поенергична реакција во ситуации на злоупотреба на ваквиот режим […]

Прогноза на ЕК: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години


Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските перспективи […]

Започна целосна реконструкција на „Фрањо Клуз“ во Аеродром


Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром. „После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во Аеродром. Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на […]

Од глоби за непазарно однесување на трговците досега собрани 2,5 милиони евра


Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече денеска  заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет. Одговорајќи […]

Ристески: Се додека не се постигне договор во рамки на ЕСС, зголемувањето на минималната плата ќе се пресметува со постојната формула


Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни, рече денеска заменик-министерот […]

Триесет и две репрезентации досега изборија пласман на Светско првенство 2026


По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026. Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година. Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, […]

Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата


По силните економски перформанси во првото полугодие поттикнати од растот на извозот во очекување на зголемување на царините, економијата на ЕУ продолжи да расте и во третото тримесечје од 2025 година, со што економскиот раст на Унијата во првите три овогодишни квартали ги надмина очекувањата, покажуваат податоците во Есенската економска прогноза на Европската комисија за […]

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер


Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да […]

Влатко Лозаноски со мега шоу: „Километри Љубов“ на 7 март во Арена Борис Трајковски


Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност. „Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ […]

Кој ќе ја наследи осомничената претседателка на Антикорупциска, Димитровска?


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе започне со спроведување на интервјуата на пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на […]

Гаши ги распиша локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на 11 јануари


Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска за 11 јануари ги распиша локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде на 19 октомври, прв круг на Локалните избори немаше доволен број излезени граѓани на гласање.  За 13 часот седница закажа и Државната изборна комисија, која треба да ги почне подготовките за […]

Почна изградба на градинка во близина на зградата на „Мерцедес“


Почна изградбата на нова детска градинка во Маџари Триангла, општина Гази Баба. Како што беше кажано на настанот, оваа нова градинка ќе има капацитет од 150 деца, што ќе овозможи поголема достапност на предучилишно образование и грижа за најмладите. Објектот ќе биде изграден на површина од 1.360 квадратни метри, сo 10 занимални, две јасли и […]

Велика Британија ќе воведе забрани за издавање визи за мигранти во стилот на Трамп


ЛОНДОН — Британската влада ќе воведе забрани за визи за земјите што одбиваат да ги примат назад мигрантите што влегуваат во Велика Британија без дозвола, како дел од широките реформи во имиграцискиот систем. Шабана Махмуд, главната министерка за внатрешни работи на Велика Британија, ќе објави во понеделник попладне големи промени во системот за азил, вклучително […]

Мицкоски се прогласи ненадлежен за барањата на родителите од Кочани


 Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците, смета премиерот Христијан Мицкоски. – Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков […]

Jапонските практики не се недостижни за унапредување на мајчиното и неонаталното здравје


Д-р Александра Христова, неонатолог од Општата болница Куманово, денеска одржа презентација за лекарите и сестрите од болницата, пренесувајќи ги своите искуства и научени практики од неодамнешната студиска посета во Јапонија, дел од меѓународната програма за подобрување на мајчиното и неонаталното здравје, спроведена во болницата Такацуки во префектурата Осака. Според, д-р Христова, јапонските пракитки не се […]