Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Сплит


Претставата „Синиот портокал“ на велешкиот  Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ вечерва ќе ја гледа публика во Градскиот реатар во  Сплит, Хрватска. Гостувањето на „Синиот портокал“ е дел од програмата на манифестацијата „15. Македонска културна есен во Сплит“ организирана од Заедницата на Македонците во Хрватска и од Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит. Претставата е по […]

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер за најмногу сезони во Топ 4 на АТП


Белград – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, 24-кратен шампион на Гренд слем и поранешен светски број 1, ја заврши сезоната во топ 4 на АТП ранг-листата по 16-ти пат во својата кариера. На крајот од 2025 година, Ѓоковиќ ја задржа својата четврта позиција на светската ранг-листа и постави нов рекорд за најмногу сезони во топ 4. […]

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк


За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да […]

„Роботика – иновации кои го менуваат светот“: Имаме многу талентирани млади луѓе, да ги задржиме во Македонија


Промоција на иновациите, роботиката и технолошкиот развој предвидува настанот „Роботика – иновации кои го менуваат светот“ што беше отворен денеска во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025. Го организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), а учествуваат претприемачи, компании, институции и млади иноватори. -Македонија, посебно младите луѓе, имаат навистина добри бизнис идеи […]

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите


 Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судските рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по […]

„Синедејс“ во МКЦ од 3 до 10 декември – повикт за дводневен хакатон за филмски маркетинг


Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во соработка со престижните европски маркетинг-агенции „Алфанда“ (Alphapanda) и „Лакитајм“ (Luckytime), го објави повикот за учесници на дводневниот хакатон за филмски маркетинг којшто ќе се одржи од 4. до 6 декември во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на […]

ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација –  поттикнува поголема соработка во заедницата 


Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот  го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.  Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите […]

17 ноември во историјата – Отворен е Суецкиот канал


  Суецкиот канал, кој ги поврзува Средоземното и Црвеното Море, е отворен на раскошна церемонија на која присуствуваше француската царица Евгенија, сопруга на Наполеон III. Во 1854 година, Фердинанд де Лесепс, поранешен француски конзул во Каиро, обезбеди договор со отоманскиот гувернер на Египет за изградба на канал долг 160 преку Суецкиот Истмус. Меѓународен тим инженери […]

Украина ќе купи 100 француски авиони „Рафал“


  На својата деветта посета на Франција откако Русија ја нападна неговата земја во 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша писмо за намери со францускиот претседател Емануел Макрон за купување на околу 100 борбени авиони „Рафал“, потврди Елисејската палата. Претпоставениот договор, за кој се очекува да биде завршен околу една деценија, ќе опфати и […]

Бескрајно посветени на виното, традицијата и луѓето – одржано 16-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“


Во годината на големиот јубилеј – 140 години традиција, визија и лидерство, винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци го одржа 16-тото издание на Фестивалот на младо вино. Традиционално, третиот викенд во ноември, 16-та година по ред, годинешниот фестивал повторно ги собра бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите, […]

Цената на руска нафта падна 36 долари за барел по американските санкции


  Цените на руската нафта продолжуваат да паѓаат поради намалената побарувачка во Индија и Кина, кои беа погодени од американските санкции против „Роснефт“ и „Лукоил“. Цената на „Урал“, главната извозна класа за руските производители на нафта, падна на 36,61 долари за барел на крајот од минатата недела кога беше натоварена од пристаништето Новоросијск, објавува Блумберг, […]

„Средношколец Милионер“: Избор на 20 бизнис идеи кои ќе се борат за милион денари


Дваесетте најдобри средношколски тимови кои продолжуваат во полуфиналето на натпреварот „Средношколец Милионер“ ќе бидат избрани вечер, а селекцијата следува по повеќенеделна работа, гласање и стотици исфилтрирани идеи. – После десетици илјади гласови од публиката, од над педесет амбициозни идеи, само дваесет ќе направат чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари. Во рамките на натпреварот, 53-те […]

Тошковски бил опериран, се јави од болница


Министерот Панче Тошковски, кој во последниот период видливо отсуствуваше од јавноста, се јави денес од болница. На својот Фејсбук профил тој објави дека бил опериран и добро се чувствува. -Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по […]

Силно невреме во Италија и во Словенија – има и исчезнати


Делови од Словенија и Италија во понеделник се борат со поплави предизвикани од обилните дождови во италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија. Тоа е автономен регион на североистокот од Италија што се граничи со Словенија и Австрија. Меѓу катастрофалните последици од обилните дождови, пишуваат словенечките медиуми, се издвојува лизгањето на земјиштето што се урна и затрупа трикатна […]

Орбан, Груевски и Радев во иста мисија – ќе ја запираат војната во Украина


  Едно дуо-трио се појави во јавноста последниве неколку дена кое на свој начин ја заплашува јавноста дека е можна нова голема војна во Европа во која ќе страда целиот континент – и малите и големите, доколку не се најде некакво решение за смирување на борбите во Украина и разбирање за руските интереси. И Во […]

Вработените во „Лукоил“ во голема неизвесност што ги чека по 21 ноември


  За вработените во „Лукоил Македонија“, кои ги има околу 500, петок, 21 ноември, кога е можно да се активираат американските санкции кон фирмата мајка, е денот Д, кон кој се движат во целосна неизвесност за својата иднина. Или, можеби ќе може да здивнат до 13 декември, до кога американската администрација го продолжи рокот за […]

Албанија го прослави со торта отворањето на последниот кластер од преговорите


Отворањето на последниот преговарачки кластер со Европската Унија Албанија го прослави во Брисел со торта. На седмата Меѓувладина конференција, официјално беше отворен Кластерот 5, кој ги опфаќа земјоделството и кохезијата.Со ова, Албанија за нешто повеќе од една година успеа да ги отвори сите шест преговарачки кластери, што беше оценето како напредок со „рекордна брзина“. Еврокомесарката […]

Направена е дератизација во домот „Пелагонија“, реконструкцијата на „Кузман“ доцни


Знаете каква беше состојбата во Скопје, глувци не се појавија само во студентските домови, туку и на други места. Со оглед на тоа што се случуваше, не можам да речам дека е добро, но и очекувано е – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во студентскиот дом […]

Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп, Александар Алексовски, на која се разговараше за почетокот на откупот на тутун од реколта 2025 година. -Се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година, согласно процедурите, мострите во текот на денешниот ден ќе […]

Поскапуваат бензините и дизелот


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена […]