УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби


Нов извештај на УНИЦЕФ открива дека над 417 милиони деца ширум светот се борат со сиромаштија, лишени од најмалку две основни животни потреби, како што се адекватна исхрана и санитарни услови. Објавен по повод денешниот Светски ден на детето, извештајот „Состојбата на децата во светот 2025: Искоренување на детската сиромаштија – наш заеднички императив“ алармира […]

Градоначалникот на Струмица нов претседател на Советот на Југоисточниот плански регион


 Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков вчера е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, кој го сочинуваат градоначалниците од десетте општини од овој регион, соопштија од Општина Струмица преку нивната фејсбук страница. Се наведува дека Јанков се заблагодарил на довербата на неговите колеги градоначалници и најавил дека во наредниот период заедно […]

„Мерцедес“ прави радикален потег


„Мерцедес“ направи радикален потег и го напушти концептот на „луксузна стратегија“ и подготвува модели од почетно ниво кои би можеле да бидат поевтини за четирицифрена цена. Постојат шпекулации дека цената на најевтиниот Мерцедес ќе биде намалена за 20-30 проценти во споредба со претходните почетни цени. Во време кога електричниот модел CLA од „Мерцедес“ постави нов плафон […]

Кочани не ја научи лекцијата? – прашува Венко Крстевски


Дивоградбите на угостителските објекти во Кочани останаа. В.Д. градоначалникот Венко Крстевски, кој на неодамнешните локални избори не успеа да се избори за градоначалнички мандат, вчера, по почетокот на судењето за обвинетите за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, укажа на проблемот кој остана во Кочани. […]

Над три милијарди луѓе се сиромашни, додека богатите стануваат побогати


Нееднаквоста меѓу луѓето ширум светот продолжи да расте, при што богатите стануваат побогати, додека 3,8 милијарди луѓе се сиромашни, соопшти невладината организација за развој Оксфам. Богатството на милијардерите во земјите од Г20 се зголеми за 2,2 трилиони долари во изминатата година, соопшти Оксфам во анализа објавена во четврток пред самитот на Г20 оваа недела. Според […]

Во Израел годинава регистрирани 32 случаи на фемицид


Во Израел во 2025 година имало 32 случаи на фемицид, што е нагло зголемување во однос на претходната година, кога биле регистрирани 20 случаи, според годишниот извештај објавен утринава од Израелската опсерваторија за фемицид. Фемицид се однесува на намерно злосторство против жени или девојки поради нивниот пол. Дополнителни 12 жени биле убиени во случаи кои […]

Бизнис форум за идните перспективи за соработка меѓу Северна Македонија и Тајван


Во Скопје денеска ќе се одржи бизнис форум „Идни перспективи за соработка меѓу Тајван и Северна Македонија – Заедно за успех, кон светот“ што го организираат Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија (БКСМ) и Претставништвото на Тајпеј во Италија. Целта на форумот е да се поттикне и продлабочи економската, технолошката и институционалната соработка меѓу Северна Македонија […]

„Лукоил“ бара Бугарија да не се меша во продажбата на имотот


Руската нафтена групација „Лукоил“, цел на американските санкции, денес ја повика Бугарија да не се меша во продажбата на своите средства во таа земја, чија влада ја презеде контролата врз работењето на групата. Рафинеријата Бургас, во сопственост на „Лукоил“, е најголемата компанија во Бугарија, со приходи од 4,68 милијарди евра во 2024 година. Софија се […]

Крај на една ера, Ана Винтур го затвора своето поглавје за Вог со Тимоти Шаламе на насловницата


Ана Винтур ја врти страницата на еден од најмоќните потези во историјата на медиумите. По речиси четири децении дефинирајќи го изгледот, тонот и културниот дострел на американскиот Вог, нејзината последна насловна страница како главен уредник треба да се појави на штандовите овој декември. Моментот затвора поглавје кое го преобликуваше модата, ги воздигна дизајнерите до суперѕвезда […]

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе го дознае противникот за плејофот за СП 2026


Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес ќе бидат извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓа и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска. Овие селекции во полуфиналето ќе добијат ривал од Шешир 1 во кој се сместени: Италија, Данска, Турција, Украина. […]

Украински тинејџери регрутирани од Руси преку Телеграм за да ја нападнат сопствената земја


Седумнаесетгодишно момче пешачело 800 км од својот дом во источна Украина во јули за да земе бомба и телефон од парк во западниот град Ривно. Му биле ветени 2.000 долари за да ја постави бомбата во комбе што го користи украинската воена служба за регрутирање. Влад е едно од стотиците деца и тинејџери за кои […]

Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл


Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл, на трет последователен натпревар во НБА-лигата. Во натпреварот одигран ноќеска на гостински терен против Њу Орлеанс пеликанс (125:118), Србинот постигна 28 поени, 11 скока и додаде 12 асистенции. Во претходниот натпревар против Чикаго булс (127:130), Јокиќ постигна 36 поени, 18 скока и додаде 13 асистенции. Во натпреварот […]

Трамп ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Мамдани


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави и дека планира да се сретне во Белата куќа со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани. – Комунистичкиот градоначалник на Њујорк, Зохран „Кваме“ Мамдани, побара средба. Се согласив средбата да се одржи во Овалната соба в петок, 21 ноември. Ќе следат понатамошни детали, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут […]

Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го потпишал законот со кој се одобрува објавувања на сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Претходно законот беше усвоен од Конгресот со 427 гласа „за“ и еден „против“ од републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана и од едногласно во Сенатот. Сега федералните обвинители во рок од […]

Зеленски: Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД и нивниот претседател Доналд Трамп имаат одлучувачка улога во напорите за ставање крај на војната на Русија во Украина. По разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, Зеленски нагласи дека Украина од почетокот на годинава го поддржа секој одлучен чекор и лидерство на Трамп, „секој силен […]

Промоција на монографијата „75 години Танец“


Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер од 18 часот во мултимедијалната читалница на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје ќе ја промовира монографијата „75 години Танец“ која содржи материјали од архивата на ансамблот. – Ова значајно издание, кое го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, претставува ризница […]

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година.  За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, […]

Повеќе од 900 лица евакуирани по ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија


Индонезиските власти денеска евакуираа повеќе од 900 луѓе и олеснија безбедно враќање на 170 планинари кои останаа заглавени по ерупцијата на вулканот Семеру на островот Јава, при што е задржано највисокото ниво на тревога. Откако Семеру вчера еруптираше десет пати, испуштајќи огромни облаци од пепел и исфрлајќи лава и камења 13 километри низ падините, локалните […]

Украина, Блискиот Исток, Сахел и Судан главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ


Руска агресија врз Украина, ситуација на Блискиот Исток и случувањата во регионот на Сахел и во Судан ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел, со кое ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.    Во вторникот Грција најави […]

Муцунски и Љутков и Ѓорѓиевски на презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ во Брисел


Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за култура и туризам, Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска престојуваат во Брисел во рамки на институционалната презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според најавите, предвидено е Муцунски, Љутков и Ѓорѓиевски попладнево да се сретнат со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, […]