„Кадифена магија“ – предновогодишен концерт на Зарина Првасевда во Филхармонија


Зарина Првасевда, со својот величествен, небесен глас ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември 2025 година, во 19, 30 часот, во Македонската филхармонија. На концертот Зарина Првасевда ќе го претстави својот проект насловен „КАДИФЕНО“, а за дополнителната магија на вечерта ќе се погрижат врвни музичари. За прв пат во Скопје пристигнува еден од најголемите мајстори на фретлес-гитарата, турскиот […]

Европската берзанска група Еуронекст ја презеде Атинската берза


Европската берзанска група Euronext ја презеде Атинската берза, откако 74,2 отсто од акционерите ја прифатиле понудата, а министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис, нагласи дека тоа „го одразува напредокот на грчката економија“, јави дописничката на МИА од Атина. -Аквизицијата на Атинската берза од Euronext претставува една од најзначајните инвестиции во последните […]

„Заедно“ – Дани со новиот сингл праќа силна порака


Рок-иконата Дани Димитровска го претставува својот најнов сингл „Заедно“, композиција што проговорува за потребата од промена, доверба и заедништво. Песната носи моќна порака за нов почеток и потсетува дека напредокот е можен само кога веруваме – и во себе, и еден во друг. „Заедно“ ја истакнува идејата дека секој човек има значајна улога во светот што го градиме. Со […]

Трамп нарече новинарка „прасе“ и тоа предизвикува поголем бес од вообичаеното


  Тоа е еден скандал во денови полни со скандалозен материјал. „Замолчи, прасе“, ѝ рече Доналд Трамп на новинарка во група, луто вперувајќи прст кон неа. Не беше прв пат – дури ни стоти пат – американскиот претседател да ги напаѓа медиумите. И тешко е која било приказна да ја пробие стратегијата на администрацијата „поплавете […]

Драстично зголемени нивоата на реките


Нивоата на реките се драстично зголемени по врнежи од дожд што изминатите денови ја зафатија земјава. На некои мерни места водостојот е речиси осум пати над просечните вредности за месец ноември. Според денешните хидролошки мерења, најголем пораст е забележан на реката Треска кај Македонски Брод, каде водостојот е 90 сантиметри над нормалната кота. Зголемени нивоа […]

ДЗР: Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат


Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат, заклучува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Конечниот ревизорски извештај за работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија за 2024 година, што денеска го објави  на својата веб-страница. -Склучените договори за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен […]

Промоција на монографијата „75 години Танец“


Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер од 18 часот во мултимедијалната читалница на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје ќе ја промовира монографијата „75 години Танец“ која содржи материјали од архивата на ансамблот. – Ова значајно издание, кое го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, претставува ризница […]

Љутков, Муцунски и Ѓеорѓиевски во Брисел: Презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“


Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за култура и туризам, Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска престојуваат во Брисел во рамки на институционалната презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.  Според најавите, предвидено е Муцунски, Љутков и Ѓорѓиевски попладнево да се сретнат со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, […]

Белгија утрово се разбуди со снег


Поголемиот дел од Белгија утрово осамна под снежна покривка од неколку сантиметри, што предизвика застои во сообраќајот на белгиските патишта и колони возила чија вкупна должина околу 8 часот достигна над 500 километри.  Белгискиот Кралски метеоролошки институт утрово издаде „жолто“ метео аларм за можност од нови снежни врнежи, пред се во западните и во централните […]

Промоција на „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева во Даут пашин амам


 Најновата поетска книга на Виолета Танчева-Златева – „На ти со Ерос и Танатос“ ќе биде објавена вечер од 19 часот во Даут-пашин амам. Стихозбирката е  издание на Издавачкиот центар ТРИ и беше финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. – „На ти со Ерос и Танатос“ се издвојува по својата зрелост и […]

„Ничија земја“ на МНТ ја освои Будимпешта и предизвика емотивна дискусија со публиката


 Македонскиот народен театар синоќа на големата сцена на Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта ја изведе наградуваната претстава „Ничија земја“, која, како што соопштија од МНТ, беше пречекана со неколкуминутен громогласен аплауз од унгарската публика. Гостувањето е прв резултат од новопотпишаниот Договор за соработка меѓу директорот на МНТ, Никола Кимовски, и Атила Видњански, директор на […]

Премиерата на „Утре наутро“ на Јани Бојаџи наполни четири сали во Синеплекс


Филмот „Утре наутро“ во режија и по сценарио на Јани Бојаџи, синоќа ја доживеа својата премиера пред голем број публика која исполни четири сали во Синеплекс. Приказната за две жени кои бараат доволно причини, едната да замине, а другата да остане во земјата, полни со надеж дека утре наутро ќе биде подобро од денеска, ја […]

Буџетот на Албанија за идната година 8,8 милијарди евра, со планиран дефицит од 637 милиони евра


Албанскиот парламент по 16-часовна дебата, со 83 гласови „за“ оние на владејачкото мнозинство, околу 3 часот утрово го усвои Предлог-буџетот за идната година. Буџетот е проектиран на 8,8 милијарди евра, со планиран дефицит од 637 милиони евра. Во заедничките фондови, околу 100 милиони евра се планирани за зголемување на пензиите, 135 милиони евра ќе се […]

Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во ЕУ


 Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во Европската унија. – Мислам дека на луѓето кои знаат како функционира ЕУ и по кои критериуми земјите стануваат членки, апсолутно им е јасно дека Украина не исполнува ниту еден од поставените критериуми. Таму нема ништо: […]

ТАВ Македонија донираше најсовремена медицинска опрема на клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП ја предаде својата донација – најсовремена медицинска опрема на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, на Светскиот ден на детето, 20 ноември. Целта на оваа донација е да се поддржи персоналот на оваа државна медицинска установа во обезбедувањето на модерна дијагностика за […]

Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти


„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста и за постигнувањето одржлив раст. Последните години се одбележани со висока променливост, видлива и преку високите индекси на светската неизвесност, што значително влијае и врз процесите на носење економски одлуки“, истакнува гувернерот на Народната банка, д-р […]

Калас: Нема долготраен и праведен мир во Украина без учество на Украинците и Европејците


Ние поддржуваме долготраен и праведен мир во Украина и ги поздравуваме сите напори за остварување на таа цел, но многу е јасно дека за да се постигне тоа потребно е учество и на Украинците и на Европејци, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Советот […]

Малолетник се јавил во полиција: Сакавме на врвот на „Вјесник“, но некој почна да пали картони


  Загребската полиција потврди дека едно лице е уапсено поради пожарот во облакодерот на „Вјесник“. Како што неофицијално дознава „Јутарњи“, малолетник се јавил во полицијата и рекол дека критичната вечер бил со група помлади луѓе во зградата „Вјесник“. Тој рекол дека сакале да се искачат на врвот од облакодерот, но на горните катови наишле на […]

Есенска акција за почиста Гази Баба


Денеска од Автокоманда започна големата есенска акција на ЈКП „Гази Баба“ за чистење и уредување на јавните површини. Во рамки на акцијата се чистат улиците, се кастрат дрвјата, се собираат лисјата, се уредуваат зелените површини и се подига комуналниот отпад. Со акцијата, вработените во комуналното претпријатие ќе придонесат за чистите улици, уредени паркови и одржувани […]

Дури 50.000 медицински сестри би можеле да ја напуштат Велика Британија поради плановите за имиграција


  До 50.000 медицински сестри би можеле да ја напуштат Велика Британија поради предлозите на владата за имиграција, туркајќи го јавниот здравствен сервис НХС во најголемата криза со работна сила досега, сугерира истражување. Кир Стармер вети дека ќе ја ограничи нето миграцијата, со планови да ги принуди мигрантите да чекаат и до 10 години за […]