ИДФ убија четворица оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави армијата. Оперативците биле забележани како излегуваат од тунел во источниот дел на Рафа, област контролирана од ИДФ, каде што се верува дека десетици борци на Хамас се заробени под земја, објави „Тајмс оф Израел“. Според […]

Анкара загрижена поради нападот врз двата танкера во Црно Море


Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата комерцијални брода во Црното Море, што ги загрози човечките животи, безбедноста на пловидбата и животната средина, изјави доцна синоќа портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели. „Длабоко сме загрижени за нападот во петокот, 28 ноември, врз двата танкера што пловеа под гамбиско знаме: „Каирос“ […]

На фестивалот „Музика од светот“ во Битола гостува групата „Коза Мостра“ од Грција


Фестивалот на „Музика од светот“ во Битола продолжува со целовечерен концерт на една од најпопуларните грчки групи „Коза Мостра“ која на публиката во битолскиот Центар за култура ќе и понуди репертоар комбиниран со балканска музичка традиција. Групата „Коза Мостра“ од Солун постои 13 години, како претставник на Грција учествувале на Евровизија, а во 2013 година […]

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови случаи на ХИВ/СИДА, речиси сите се мажи


Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА.  ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите […]

Мерц: Германија се противи на забраната за мотори со внатрешно согорување во ЕУ


Германскиот канцелар Фридрих Мерц го засили притисокот врз Европската комисија да го преиспита својот пат кон целосна забрана за мотори со внатрешно согорување во коментарите во саботата. „Нема да продолжиме да се придржуваме до оваа тврдоглава и погрешна забрана за мотори со внатрешно согорување во Европската Унија“, рече Мерц на регионалната партиска конференција на неговите […]

САД и Русија во „Бункерот за милијардери“ ковале таен план зад грбот на Европа


Тројца моќни бизнисмени – двајца Американци и еден Русин – беа згрбавени над лаптоп во Мајами Бич минатиот месец, наводно за да смислат план за ставање крај на долгата и смртоносна војна на Русија со Украина. Сепак, вистинскиот обем на нивниот проект беше многу поголем, откриваат извори запознаени со разговорите. Имено, во тајност, се подготвуваше […]

Левица: ВМРО-ДПМНЕ го одби нашиот амандман за ин-витро ваучери


Во низата амандмани кон Предлог-Буџетот за 2026 година, Левица бараше да се зголеми буџетската ставка за биомедицински потпомогнато оплодување за дополнителни пет милиони евра. Причината е едноставна – Македонија се соочува со пад на наталитетот, а една од причините е и здравствената дисфункција која спречува многу семејства да добијат свое дете. Во такви услови, програмата […]

Нов руски напад со дронови во близина на Киев, едно лице загина, а 11 се повредени


Најмалку едно лице е убиено, а 11 се повредени, вклучувајќи и дете, во близина на Киев, во напад со руски беспилотни летала синоќа, објавија локалните власти. Шефот на воената администрација за регионот Киев, Микола Калашник, преку Телеграм го осуди „непријателскиот напад врз Вишгород во кој едно лице е убиено, а 11 се повредени, од кои […]

Илир Демири од Алијансата на Албанците ќе делува како независен пратеник, информира Собранието


Промените што се случуваат во коалициите и политичките партии, особено во блокот на партиите на Албанците, по резултатите од локалните избори почнаа да се одразуваат и во парламентарното мнозинство. Синоќа од Собранието информираа дека пратеникот Илир Демири го известил претседателот на законодавниот дом дека ќе дејствува како независен пратеник. Демири во Собранието беше дел од […]

Најстудено утрово во Скопје – 2, во текот на денот од 7 до 13 степени


Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови – 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени.  Во Виница, Берово се измерени еден степен, во Прилеп и Кавадарци два степени, во Тетово, Охрид, Претпор и Битола три степени и во […]

Швајцарците гласаат за данок на наследство за супербогатите


Швајцарските гласачи денеска треба да одлучат дали да се воведе задолжителна граѓанска служба за сите млади луѓе и дали да се воведе нов данок на наследство за ултрабогатите – два предлози што предизвикаа дебата во пресрет на гласањето, јави ДПА. Анкетите пред изјаснувањето покажуваат дека двата предлога ќе бидат отфрлени. Со првата иницијатива се предлага […]

Македонските „баскетџии“ освоија сребро


Екипата на EUROEDIL HOLDING, победникот на Red Bull Half Court Македонија го освои второто место на светското Red Bull Half Court финале, кое во изминативе два дена се одржуваше во Дубаи. Македонските „баскетџии“ по двете победи во групата над екипите од САД и Малдиви и поразот од Јужна Африка обезбедија пласман во нок аут фазата. […]

Пол позицијата за Пјастри на ГН Катар


Возачот на Мекларен Оскар Пјастри ќе стартува од пол позицијата на денешната трка за Големата награда на Катар, претпоследна трка во сезоната. Тој имаше најдобро време во квалификациите пред клупскиот колега Ландо Норис, кој е водечки во генералниот пласман. Ова навестува интересна завршница на сезоната. За да биде уште поинтересно трето време во квалификациите оствари […]

Четворица мртви, десетмина ранети на семеен собир во Калифорнија


Четири лица беа убиени, а 10 ранети во пукотница на семејно собирање во Стоктон, Калифорнија, соопштија шерифските службеници во саботата, објави АП. Меѓу жртвите има деца и возрасни, изјави Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече Брент за време на прес-конференцијата […]

Венецуела му одговори на Трамп: Тоа е колонијалистичка закана


Владата на Венецуела остро ја осуди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој повика воздушниот простор над и околу оваа земја да се смета за „целосно затворен“. Коментарите предизвикаа конфузија во Каракас и беа оценети како „колонијалистичка закана“ за суверенитетот на земјата. Трамп не понуди никакви дополнителни детали во своето соопштение, што донесе немири и […]

Една година Еврокомисија „Фон дер Лајен 2“: Амбиција за изградба на понезависна, поконкурентна и побезбедна Европа


Актуелната Европска комисија на Урсула фон дер Лајен утре ја одбележува првата годишнина од нејзиниот избор под слоганот „Работејќи за независност на Европа“. По повод годишнината, оваа втора Европска комисија на Фон дер Лајен порача дека во изминативе 12 месеци во услови на итност во носењето одлуки, работела да испорача за европските граѓани и бизниси. […]

„Магијата е во знаењето“ денеска во Струмица: Петта панел-дискусија за создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“


Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука денеска продолжува со својот караван во Струмица. Досега се одржаа панели во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, а следната станица е Струмица. Во панел-дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, Ана Витанова – Рингачева, вонреден професор на катедрата […]

Дипломатски хуманитарен базар по повод Светскиот ден на детето


 По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот Мериот во Скопје ќе се одржи Дипломатски хуманитарен базар под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. Средствата собрани на настанот ќе бидат наменети за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост. На базарот ќе учествуваат […]

Променливо облачно со сончеви периоди, во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со […]

Овие 3 хороскопски знаци секогаш бегаат од проблеми и обврски: Дали познавате некого?


Сите се среќаваме со моменти кога би сакале да го отфрлиме сè што нè оптоварува. Според астрологијата, постојат луѓе кои го чувствуваат овој нагон посилно и често се повлекуваат штом се појават предизвици. Таквото однесување обично произлегува од нивната потреба да избегнуваат стрес и непријатни ситуации. Според астрологијата, ваквите луѓе се родени во овие хороскопски […]