Ливерпул по еден месец „пост“, конечно победи


Шампионот на Премиер лигата Ливерпул по еден месец се израдува на победа во шампионатот откако последниот триумф го имаше на 1.ноември против Астон Вила. На гостувањето кај Вест Хем „црвените“ славеа победа со 2:0 со головите на Александер Исак (60.минута) и Коди Гакпо (90+2 минута). Со овој триумф Ливерпул се искачи во горниот дел на […]

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став


Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, беа во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува, но конечната оцена за уставноста на мерката треба да ја даде Уставниот суд, вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола […]

Полска бара 43,7 милијарди евра од инструментот на ЕУ за вооружување


Полска поднесе официјално барање до Европската комисија за 43,7 милијарди евра од инструментот на ЕУ „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE) за вооружување, објави полска новинска агенција. Документот е испратен два дена откако кабинетот го овласти вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш да го достави до Брисел. Кошињак-Камиш рече дека барањето е потпишано и испратено […]

Светски берзи: Силен раст на индексите на крајот на ноември


На светските берзи, цените на акциите силно пораснаа минатата недела, благодарение на закрепнувањето на технолошкиот сектор и надежта на инвеститорите дека американската централна банка дополнително ќе ги намали каматните стапки во декември. На Волстрит, индексот Дау Џонс порасна за 3,2 проценти во неделата, на 47.716 поени, додека S&P 500 скокна за 3,7 проценти, на 6.849 […]

Сиљановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката и беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес. -Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што […]

Вучиќ: Рафинеријата во Панчево нема да работи од вторник, не ја разбирам логиката на Американците


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес објави дека рафинеријата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) во Панчево нема да работи од вторник и дека Србија ќе мора да „менаџира на различни начини“. Вучиќ рече дека граѓаните треба да бидат мирни, бидејќи државата ќе има „доволно решенија и доволно пари“. Тој најави дека вечерва ќе се обиде […]

Арсовски вели дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“


Димче Арсовски, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ги нарече лаги обвинувањата од СДСМ дека бил во некаква поврзаност со лицето Кристијан Арсовски и за вмешаност во спорен  тендер тежок милиони евра преку фирмата „Дигитал оне“, која имала само двајца вработени. „За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, […]

Украина и Норвешка потпишаа договор за заедничко производство на украински дронови


Украинскиот министер за одбрана Денис Шмигал и норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик потпишаа договор за заедничко производство на украински дронови, објави украинската новинска агенција Укринформ. „Украина и Норвешка заеднички ќе произведуваат украински дронови. Го потпишав соодветниот документ со норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик. Ова е важен чекор што ќе ни овозможи да ги […]

(Видео) Илјадници луѓе на антифашистички марш во Загреб, млади мажи во црно во Риека, демонстранти испрскани со боја во Задар


Протестниот марш организиран од иницијативата Обединети против фашизмот започна во четири хрватски градови – Загреб, Риека, Пула и Задар во 12 часот. Колоната, која има неколку илјади учесници, тргна од плоштадот Крал Томислав кон центарот на градот со гласни извици и скандирања: „Смрт на фашизмот, љубов во соседството“. Во протестната колона во Загреб е и […]

Нетанјаху официјално побара помилување од претседателот Херцог


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со судење по обвинение за корупција, официјално побара од претседателот Исак Херцог помилување, откри денеска канцеларијата на Херцог, пренесе ДПА. Писмата се примени и од Нетанјаху и од неговиот адвокат, соопшти претседателската канцеларија. Барањето сега ќе биде проследено до надлежниот оддел на Министерството за правда, кој ќе собере […]

Првиот човек на МААЕ, Рафаел Гроси, се гледа како нов генерален секретар на ОН


Рафаел Гроси, актуелниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), има планови да ја зголеми ефикасноста на Обединетите нации во случај да биде избран за следен генерален секретар на ОН од почетокот на 2027 година, јавува ДПА. Во коментар за неделното издание на италијанскиот весник „Ла Република“, 64-годишниот Аргентинец рече дека не сака да […]

За Москва, оставката на Јермак е пи-ар трик


Оставката на Андриј Јермак, досегашниот шеф на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е уште еден „ПР потег на киевскиот режим“ и мора да биде осуден, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, додавајќи дека нападот врз  Каспискиот нафтовод конзолциум претставува тероризам. „Сето ова е само уште еден ПР трик. Киевскиот […]

Спектакл под свеќи: „Профундис“ и Пејчиќ приредија безвремено музичко патување


Спектакл под свеќи исполнет со многу емоции приреди Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ преку концертот што вчеравечер го организира НУ „Охридско лето“. Бројната публика што ја исполни големата сала во Македонската филхармонија во Скопје ги награди уметниците со бурни оваации и повеќе бисеви. Безвременото музичко патување насловено „Timeless“ под диригентската палка на […]

Моќна премиера на „Црнила“ во прилепскиот театар


Синоќа на сцената „105“ ансамблот на прилепскиот театар премиерно ја одигра претставата „Црнила“ од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројкоски. Претставата остави силен впечаток кај публиката. -Актерите ја донесоа приказната јасно, моќно и искрено, а публиката ја почувствува тежината и актуелноста на темите што ги отвора Чашуле. Големи честитки за целиот тим за трудот, […]

Инфлацијата на петки е заради родителите, барале децата да имаат високи оцени, смета Јаневска


Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им […]

Бројот на жртви во големиот пожар во станбениот комплекс во Хонг Конг се зголеми на 146


Бројот на жртви од разорниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонг Конг минатата недела повторно драстично се зголеми. Локалните медиуми, повикувајќи се на податоци на полицијата, наведуваат дека досега се пронајдени телата на 146 лица, што е значително повеќе од претходно објавените 128. Спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат опожарените станбени […]

Битка за Лондон: Челзи го пречекува лидерот Арсенал


Со денешниот дерби дуел меѓу Челзи и Арсенал ќе биде комплетирано 13.коло од Премиер лигата. Но, денешниот дуел освен големото ривалство на двата тима и „битката за Лондон“ е со многу поголемо значење. Двете екипи се во одлична форма и со победи во Лигата на шампионите „влегуваат“ во овој дуел. Челзи ја надигра Барселона (3:0), […]

Откупувачите си поигруваат со тутунарите, ниски откупни цени пресметуваат и кало од 3 до 5 отсто


  БИТОЛА – Тргни – застани, вака почна откупот на тутунот од новата реколта и со многу незадоволство од ниските цени по класи на тутунот. Тутунарите се жалат дека минатата недела Прилепскиот тутунски комбинат запрел со откупот (само два дена откупувал), иако само тој и компанијата „Кавекс“ почнаа да откупуваат тутун на 18 ноември. Значи […]

Дипломатски хуманитарен базар за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта


По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје се одржа Дипломатски хуманитарен базар под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. Настанот, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост. На […]

Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени: СДСМ почна со откривањето „скандали за криминалот на Владата“


СДСМ со прес конференција која што претходно беше најавена, денеска почна да ги открива, како што се вели во партискоото соопштение, „скандалите за криминалот на Владата на Мицкоски“. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, изјави дека станува збор за првиот од серијата скандали на Владата. Притоа, посочи дека фирмата „Дигитал оне“,  формирана на крај […]