Променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен […]

Европа на воз: Од Берлин до Копенхаген за 4 часа, од Минхен до Рим за 6, од Скопје до Атина за 5 часа


На почетокот на ноември, Европската комисија објави нов сеопфатен транспортен пакет, заедно со акциски план за забрзано развивање на брзата железничка мрежа низ цела Европа. Целта е да се преполови времетраењето на патувањето меѓу големите градови до 2040 г. така што ќе се изградат нови пруги и ќе се обноват постојните за возовите да можат […]

„За вкусови на музичката сцена не се разговара“, но за стандарди мора да се разговара


Независната сцена не е конфликтна по природа и не се „бори“ против „мејнстрим“ културата, имаме креативен потенцијал што често ги надминува ресурсите со кои располагаме. За жал, сe уште, немаме изградено структура која може да ги однесе авторите подалеку од ентузијазам. Музичарите мора да си дозволат да еволуираат и храбро да навлегуваат во непознат терен […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 24 ноември 2025 година, 328-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 37 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 34 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 31 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Словенците гласаа против на референдумот за законот за асистирано самоубиство


  Словенечките гласачи на референдум одржан денес со огромно мнозинство го отфрлија законот за асистирано доброволно прекинување на животот, со што ќе се поништи законот усвоен од парламентот во јули оваа година. Според неофицијалните резултати од Државната изборна комисија, по преброени 99,8 проценти од гласовите, повеќе од 368.000 гласачи гласаа против законот, или 53,4 проценти […]

Европските земји предложија радикално поинаков план за Украина од оној на Трамп


  Европските земји во неделата предложија радикален алтернативен мировен план за Украина, кој ги изоставува некои од проруските точки изнесени во оригиналниот документ поддржан од САД и повикува на почитување на суверенитетот на Киев. Контра-предлогот се појави откако американските, украинските и меѓународните преговарачи се состанаа во Швајцарија. Документот од 28 точки на САД, кој протече […]

Почина проф. д-р Илија Џонов, невропсихијатар и поранешен декан на Медицинскиот факултет


Почина проф. д-р Илија Џонов, еден од најистакнатите македонски невропсихијатри, долгогодишен универзитетски професор и поранешен директор на Клиничкиот центар во Скопје. Џонов, кој е роден на 24 ноември 1943 година во Штип, остави длабока трага во македонското здравство и едукација. Тој во два мандата ја извршуваше функцијата декан на Медицинскиот факултет во Скопје, а е […]

Еве кога ќе се исплаќаат парите од „Мој ДДВ“


Министерството за финансии информира дека гаѓаните кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ повратот на данокот за третиот квартал годинава ќе го добијат на своите трансакциски сметки до крајот на месец ноември, иако дел од корисниците парите ги добија уште во петокот. Станува збор за парите акумулирани од скенираните сметки во периодот јули–септември, […]

Сашко Кедев одликуван со Орденот „8 Септември“ за придонесот во кардиологијата и алпинизмот


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8.000 метри. На доделувањето на орденот вечерва […]

Кој е Кирил Дмитриев, „безмилосно амбициозниот“ човек на Кремљ, кој стои зад планот за Украина


  Кога односите меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин се влошија оваа есен, а американскиот претседател јавно ја обвини Москва за блокирање на патот кон мир во Украина и најави значителни санкции против рускиот нафтен сектор, еден човек виде можност. Кирил Дмитриев, шефот на рускиот суверен фонд за богатство, кој е образован на Харвард и […]

Трамп вели дека Украина има „нула благодарност“ за мировниот план


  Доналд Трамп во неделата тврдеше дека Украина не покажала благодарност за напорите на САД за завршување на војната, додека американските, украинските и меѓународните преговарачи се состанаа во Швајцарија за да разговараат за „мировниот план“ што би вклучувал значајни отстапки од Киев кон Москва. Полскиот претседател, Доналд Туск, праша од каде доаѓа „мировниот план“ на […]

„Мекларен“ им се извини на Норис, Пјастри и навивачите за дисквалификацијата во Лас Вегас


  Одговорните во „Мекларен“ ги кренаа рацете и им се извинија на своите возачи откако нивното кршење на прописите на Формула 1 доведе до дисквалификација на Ландо Норис и Оскар Пјастри, двајцата водечки кандидати за титулата, од Големата награда на Лас Вегас, и го стави шампионатот на возачите во Ф1 во дофат на актуелниот шампион, […]

Убиениот водач на навивачите на Партизан претходно преживеал два атентати


  Тадија Пантиќ (25), кој беше убиен вчера во Нов Белград, наводно бегал од своите убијци непосредно пред егзекуцијата. Според медиумските извештаи, Пантиќ забележал дека некој го следи и почнал да трча, но напаѓачот го стигнал и го убил, пишува Telegraf.rs. „Се сомнева дека Тадија П. одел по патеката што води низ зградите и наводно […]

Полскиот премиер Туск: Би било „добро да се знае“ кој го напишал планот за Украина


  Има многу спротивставени извештаи за тоа кој го напишал планот од 28 точки за завршување на војната во Украина, кој е широко во корист на Русија, бидејќи поддржува некои од клучните максималистички позиции на Москва. Група американски сенатори велат дека Марко Рубио им кажал дека планот всушност не е американски предлог и не го […]

Аца Лукас пеел во Кавадарци во локал за 200 луѓе, а имало 700


  СДСМ соопшти дека приведувањето на српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас во Кавадарци и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало над 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200. „Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека […]

Доделени 33.000 ваучери за студенти


  Заклучно со саботата доделени се вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред. „Имплементацијата е стабилна, а мерката создава вистински резултати“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција. Митева нагласи дека мерката е внимателно планирана […]

„Системот го киднапираше театарот“: Реакција на Битолскиот театар откако МВР ја спречи претставата „Жиголо“


  Министерството за внатрешни работи го спречи одигрувањето на синоќешната претстава во Битолскиот народен театар, поради тоа што во Центарот за култура во Битола се одржуваше свеченост со висок безбедносен ризик, објави Театарот. Од Битолскиот театар настапија со силна критика велејќи дека „системот го киднапираше театарот“.  Вчера во Битола имаше низа свечености по повод одбележувањето […]

Министерот Трипуновски крие информации за скандалот со ИПАРД, обвинува СДСМ


  Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот цветан Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Презентирајќи документ Кузеска соопшти што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со […]

23 ноември во историјата – Германската Шеста армија е опколена кај Сталинград


  На 23 ноември 1942 година во 16 часот, советските тенковски и коњанички единици на 4. механизиран корпус и 4. тенковски корпус се поврзаа кај државната фарма „Советски“ во близина на Калач на источниот брег на Дон. Ова ја затвори целата германска 6. армија под команда на генерал-полковник Фридрих Паулус (околу 290.000 војници, 70-80 оперативни […]

Ливерпул во целосна криза, а Слот е под тежок притисок


  Арне Слот повеќе не се обидува да го спаси шампионот на Премиер лигата, Ливерпул, од потклекнување. Хорор мечот во саботата на Енфилд тешкиот пораз од Нотингем Форест беше пад во бездната со главата надолу. Она што највеликодушно се веруваше дека е само мал пропуст, врз основа на убедливите докази од првата кампања на Слот […]