Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно


Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно, вели директорот на Фондот на ПИОМ Никола Мемов. Мемов гостувајќи во магазинот „Трилинг“, одговори на повеќе прашања врзани со покачувањето и исплатата на пензиите, буџетот за наредната 2026 година и начините за подобрување на финансиската состојба и кондиција на Фондот и актуелната политичка […]

Кој е сега главен на Мет Гала: Ана Винтур или Лорен Санчез?


Њујорк – Со објавувањето на темата на Мет Гала во 2026 година, многу луѓе беа изненадени што имињата на Џеф Безос и Лорен Санчез беа поврзани со „најважната модна и добротворна вечер“,  што се одржува првиот понеделник од мај. Сепак, новите извештаи тврдат дека договорот бил темелно испланиран и дека милијардерите го презеле поголемиот дел […]

Нацртот на Стратегијата за образование е готов, ќе се стави на ЕНЕР за да може да се дадат предлози


 Нацрт-текстот од Стратегијата за образование 2026 – 2032, кој се подготвуваше во изминатите шест месеци, претпладнево се претставува во Владата на валидациска работилница на која присуствуваат и претставници на институции, домашни и меѓународни партнерски организации. Нацрт-верзијата од денеска ќе биде поставена и на националниот систем на прописи (ЕНЕР) за да може и пошироката јавност да […]

Судот во Кочани ги одби жалбите на Обвинителството – осомничените инспектори остануваат во куќен притвор


Кривичниот совет при Основниот суд во Кочани донесе конечна одлука во врска со мерките за безбедност за двајцата осомничени во најновата истрага поврзана со пропустите околу дискотеката „Пулс“. Судот ги одби жалбите на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, со што потврди дека осомничените нема да одат во ефективен затворски притвор, туку остануваат во домашен притвор. […]

По снежното невреме, регионот погоден од силни мразеви и исклучително ниски температури


По обилното снежно невреме, регионот се соочува со силни мразеви и температури кои ноќва се спуштаат до –10°C. Студениот бран од север донесе екстремно ладно време во Хрватска, Босна и пошироко. По обилното снежно невреме што во изминатите денови зафати голем дел од регионот, особено териториите на Хрватска и Босна каде снежната покривка во некои […]

Содерберг ќе снима документарец за последното интервју на Џон Ленон


Познатиот режисер Стивен Содерберг работи на документарец кој ќе се фокусира на последното интервју помеѓу Џон Ленон и Јоко Оно, дадено на денот на трагичната смрт на Ленон во 1980 година. Содерберг објави дека неговата цел не е да го револуционизира документарниот жанр, туку да ѝ овозможи на пошироката публика да чуе што Ленон и […]

Конкурс за нов дизајн на еврата! Еве што се бара


Во тек е голем меѓународен конкурс на кој дизајнери од цела ЕУ предлагаат нови визуелни решенија. За новата серија избрани се две главни теми: „Реки и птици“ – мотиви кои ја претставуваат европската природа и нејзината разновидност (извори, водопади, речни делти и птици како рибарка, водомар или сабљарка). На задната страна би биле прикажани европски институции. […]

Две проекции во Кинотека по повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Австралија и Македонија


Австралиската амбасада во Белград, Србија, која ги покрива исто така и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија ја има честа да ве покани на краткиот Фестивал на австралиски филм на 28-ми и 29-ти ноември. Настанот се организира по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија. Во петок, 28-ми ноември, […]

Мeѓаши: Наставници од 78 училишта формираа Мрежа на мировни училишта во Македонија


Наставници од 78 училишта формираа Мрежа на мировни училишта во Македонија, раководена од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Сите наставници од овие училишта учествуваа во дефинирање и на Декларацијата за пристапување и заедничко дејствување, каде се обврзаа дека во училиштата ќе се негува принципот на ненасилна и отворена комуникација, без дискриминација по ниту една […]

„Комунална хигиена“ ги едуцираше стопанствениците за одлагање на отпадот


Во текот на минатата седмица, екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше работни средби со  претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот. Во рамките на работните средби, претставниците на Еко-патролата презентираа на кој начин и каде комуналниот […]

„Александар јава на запад“: Венко Андоновски со нов роман, различен од сѐ што напишал досега


Во издание на Издавачки центар ТРИ денес пристигна најновото дело на Венко Андоновски, . Андоновски е автор, меѓу другото, на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 5 романи, 1 прирачник за креативно пишување, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм. И покрај целиот овој опус, „Александар јава на запад“ не припаѓа во […]

Кинескиот премиер му понуди на германскиот канцелар поблиска соработка


Кинескиот премиер Ли Чијанг му понуди на германскиот канцелар Фридрих Мерц поблиска соработка во новите енергетски технологии, паметното производство, биомедицината и паметното возење вчера на состанок на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург. Односите меѓу втората и третата најголема економија во светот значително се подобрија во изминатиот месец откако кинеските ограничувања за извоз на […]

Во Берово утрово најстудено -4 степени


Утрово е најстудено во Берово, -4 степени, а максимални 3 степени се измерени во Скопје–Зајчев Рид и Претор. Според Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е измерен во Крива Паланка, Крушево и Маврови Анови, 0 во Струмица, Демир Капија и Штип, 1 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Тетово и Куманово, како и 2 степена во Битола, Гевгелија, […]

Одделот за владина ефикасност (DOGE) „не постои“ осум месеци пред истекот на неговиот мандат


Одделот за владина ефикасност (DOGE) на американскиот претседател Доналд Трамп е распуштен осум месеци пред истекот на неговиот мандат, со што заврши иницијативата започната со голема помпа како симбол на ветувањето на Трамп за намалување на големината на владата, но за која критичарите велат дека донела малку мерливи заштеди. „Тоа не постои“, изјави за „Ројтерс“ […]

Белата куќа: Мировниот договор треба целосно да го почитува украинскиот суверенитет


Американските и украинските власти потврдија дека идниот договор за окончување на конфликтот со Русија „треба целосно да го почитува суверенитетот на Украина“, соопшти Белата куќа по разговорите во Женева меѓу претставници на САД, Украина и Европската унија. Американското претседателство ги поздрави синоќешните разговори во Швајцарија, на кои присуствуваше државниот секретар Марко Рубио, оценувајќи ги како […]

Четири лица загинаа, 17 повредени во руски напади со беспилотни летала врз Харков


Најмалку четири лица се убиени, а најмалку 17 се ранети во напад на руски беспилотни летала врз Харков, објави денес „Киев Индепендент“. Меѓу повредените има и деца, објави гувернерот на Харковскиот регион, Олех Сињегубов. Дроновите нападнаа три станбени згради и една инфраструктурна зграда, а за време на нападот избувна и пожар.

Тридневен штрајк во Белгија – возовите откажани


Поради тридневниот штрајк што започна денес, јавниот превоз во Белгија е нарушен, а од синоќа, низ целата земја сообраќаат помалку возови со голем број откажани поаѓања, што ќе продолжи, како што е најавено, до крајот на денот во среда, 26 ноември, објави Белгиската национална железничка компанија (SNCB). SNCB ги советуваше патниците да се консултираат со […]

Без струја село Јаболци и Горно Нерези


Без електрична енергија денеска од 09.00 до 11.00 часот ќе останат корисниците од цело с. Јаболци, во општина Сопиште, информира РЦУК Скопје. Струја од 11.00 до 15.00 часот ќе немаат и дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош.

Сојузникот на Додик, Каран, победи на претседателските избори во Република Српска


Бања Лука – Синиша Каран од српската владејачка партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД), , победи на предвремените претседателски избори во Република Српска (РС), српскиот ентитет во рамките на Босна и Херцеговина, според прелиминарните официјални резултати. Каран доби 200.116 гласови, или 50,85 проценти, победувајќи го опозицискиот кандидат Бранко Блануша, професор по електроника од опозициската СДС, кој […]

Зоран Кесиќ со „Приказни и песни“ во Филхармонија


Еден од најпознатите и најавтентични регионални сатиричари, Зоран Кесиќ, доаѓа во Скопје со своето шоу „Приказни и песни“. Во Македонска Филхармонија во 20 часот публиката ќе има прилика да биде дел од вечер исполнета со интелигентен хумор, музика и храбра искреност. -„Приказни и песни“ е динамична, духовита и длабоко човечка приредба што ги спојува театарот, […]